И ДУИ му оддаде почит на Гоце Делчев


Коалиција „Европски фронт“ не е направена само за еден изборен циклус и претставува поголема визија за градење на една заедничка држава, која ја рефлектира хетерогеноста на нашето општество, вели портпаролот од ДУИ Арбер Адеми, посочувајќи дека веќе се прават консултации за заеднички настап со партиите од Европскиот фронт на претстојните локални избори. Изјавата ја даде […]

Затворските полицајци до Пандов: Дали знаете дека немаме лисици, палки, боди-камери, ни униформи?


  Синдикатот на затворската полиција и администрација при Независниот синдикат на  администрацијата денеска упати отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, како реакција на, како што наведуваат, јавните линчувања кон припадници на затворската полиција со укажување на проблемите со кои се соочуваат и на потребата од подобрување на правата на вработените […]

Се зголемува опфатот на скрининг за дојка и за рак на грло на матка


Загрижувачкиот раст на малигните заболувања особено кај помладите го поставува раното откривање како врвен приоритет. Последниве години се забележува зголемен опфат на скринингот за дојка и скринингот за рак на грло на матка, во споредба со претходните години. Државата вложува во набавка на опрема и постепена замена на аналогната технологија со дигиталната, а планирано е […]

Следната недела втор јавен повик за општините за унгарските пари


Вториот дел од кредитот од Унгарија, наменет за развој на општините ќе почне да се доделува од следната недела, најавија денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински. – Станува збор за втор јавен повик за искористување на средства до 15 милијарди денари, но тие пари нема да бидат потрошени во една […]

Директорката на „Козле“ конечно е разрешена


  Контроверзната директорка на детската болница „Козле“ е разрешена од страна на министерот за здравство Арбен Таравари. Прв оваа информација ја објави „Слободен печат“ од извори во болницата. Потоа веста ја потврди преку соопштение Министерството за здравство. За време на директорувањето на Каролина Симоновска меѓучовечките несогласувања во болницата се закануваа да ја нарушат работата на […]

(Во живо) Прес на Мицкоски и Перински


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата.  

СДСМ ќе предложи одземање на возилата за тешки прекршоци


  Одземање на возилото и заострување на казните за најтешките прекртшоци во сообраќајот ќе предложи СДСМ во петок на јавната расправа закажана во Собранието, по последниот случај каде младата Фросина Кулакова беше прегазена на „Партизанска“ од возач без возачка дозвола, под дејаство на алкохол кој поминал на црвено. „Сметам дека е добро што ќе има […]

Со закон сe забрануваат нелегалните онлајн игри на среќа


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека во измените на Законот за електронски комуникации кои се влезени во собраниска процедура, предвидено е да се забранат нелегалните онлајн игри на среќа. -Во Законот за електронски комуникации предвидуваме една измена каде што со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа, или онлајн коцкарници. Во Македонија […]

Медицински лица со договор на дело останаа без работа – ЗМСТАС реагира


Повеќе медицински лица и други вработени во здравствените установи во Прилеп, Куманово, Кавадарци и Битола останаа без работа, откако им истекле договорите на дело, а во овие установи работеле 6, 7 па и повеќе години.  Од Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „За нас“, остро реагираат  по големиот број поплаки и барања на медицинските сестри, кои […]

Јакимовски ги нарече владини „миленичиња“ маркетите за храна


Лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски повторно се осврна на бојкотот на маркетите и поддршката од страна на Владата. -Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња. Трн во око им се маркетите. Седум големи маркети прават вкупен промет од 900 милиони евра, и сите заедно имаат добивка од 32 милиони […]

Јануари 2025 просечно до топол месец и просечен до многу сув


Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, јануари е просечно до топол месец во однос на температурите и просечен до многу сув во однос на врнежите доколку се спореди со многугодишните просечни вредности (1991-2000), информира УХМР. Месечната температура се движеше од 0,9 во Битола до 5,9 степени во Гевгелија. Споредено со просечните јануарски […]

Швајцарија ќе ја поддржи Северна Македонија во управување, користење и заштита на подземните води


Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Игор Лазаровски со швајцарската амбасадорка Вероник Улман потпишаа Меморандум за разбирање преку кој се договори взаемна соработка на проектот „Програмата за управување, користење и заштита […]

Општина Делчево е со блокирана сметка од 2008 година, само на „Гранит“ му должи 2.000.000 евра


Поради ненавремено подмирување на обврските, општината од 2008 година е во постојана блокада, со намалена ликвидност и солвентност и вкупен долг од 162.218 илјади денари, а во 2012 и 2013 година, извршена е продажба на општинскиот имот од јавен интерес, поради не доставени приговори до основниот суд на налозите за извршување. Државниот завод за ревизија […]

Почувствуван земјотрес и во Штип


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 9 часот и 18 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Штип – Радовиш на 70 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда M L 2.7. […]

Магла на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и Маврово


Намалена видливост од 70 до 100 метри поради појава на магла има на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и Маврово, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна […]

Почувствуван земјотрес во Дебар и околината


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран рано утринава во 1 часот и 50 минути. Епицентарот на земјотресот е од подрачјето Дебар, на 80 километри југозападно од Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил почувствуван во Дебар и околината.

ЕСЕ: Итно да се зголеми поддршката за превентивни програми за рана детекција и спречување на малигни заболувања


 По повод Светскиот ден за борба против ракот, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) ја повикува Владата и Министерството за здравство, итно да ја зголемат поддршката за превентивни програми за рана детекција и спречување на малигни заболувања. – Анализите покажуваат дека превентивната здравствена заштита во земјата не е приоритет. Буџетските средства за […]

Променливо облачно и ветровито, опаѓање на утринските температури до крајот на неделава


Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските и претпладневните часови во југоисточните делови од земјата ќе има повремена појава на слаб дожд кој ќе преминува во слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 3 до […]

Панел-дискусија во Скопје по повод Светскиот ден за борба против рак


 Панел-дискусија ќе се реализира денеска во Скопје по повод Светскиот ден за борба против ракот. Со наслов „Обединети по единственост“ – „Преобликување на иднината за грижата за ракот во нашата држава – предизвици и можности“, а во организација на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негуватели „Хема-онко“, панел-дискусијата ќе се одржи во амфитеатарот […]