Сто педесет и три години од раѓањето на Гоце Делчев


Во земјава денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност ќе биде во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде […]

И тоа се случи: Директорката на „Козле“ им „забрани“ на новинарите да ѝ го споменуваат името


  Македонија во сите независни години поминала разни чуда, но една директорка преку соопштение  да им забрани на медиумите да се споменува нејзиното име досега не се има случено. А веројатно ни помислено. Но, ете тоа го направи директорката на специјалната болница „Козле“, Каролина Симоновска, по сите скандали што ја тресат оваа установа и во […]

Албин Курти потврди дека Косово планира да инвестира милијарда евра во одбраната, се купуваат ракети Џавелин


На предизборниот митинг, косовскиот премиер Албин Курти вети дополнителни одбранбени и безбедносни распределби од една милијарда евра, заедно со купување на хеликоптери Black Hawk и противтенковски ракети Javelin. За време на своето обраќање на предизборниот митинг во Феризај, косовскиот премиер ги потврди претходните шпекулации за набавка на оружје и воена опрема за Косовските безбедносни сили. […]

Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија


 Проект за популаризација на воената професија денеска почнал во средните училишта во Скопје, Велес, Охрид, Валандово, Тетово и Прилеп. Претставници од Министерството за одбрана и Воената академија, заедно со професионални војници, подофицери и офицери од Армијата, ги информирале средношколците за можностите кои ги нуди воената професија. Како што соопшти Министерството за одбрана, на информативните предавања […]

Метеоролозите најавуваат врнежи од снег: До среда ќе се задржи северниот ветер


Времето утре ќе биде променливо облачно, во утринските и претпладневните часови во југоисточните делови ќе има повремена појава на слаб дожд кој ќе преминува во слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени, […]

Пасошот и личната карта – дома, четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино


 Пасошот и личната карта му се дома, четврти ден се трага по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, информираа попладнево од навивачката група „Винари“ од овој град, на „Фејсбук“.    – Нашиот другар и сограѓанин Миле Тодорoв (Скечо) е исчезнат. Последен пат е виден на 30 јануари кај село Марена, Кавадарци, околу 10 часот, во црно […]

Речиси 1.700 Македонци во 2024 година добиле бугарски пасош


Речиси 1.700 Македонци во 2024 година добиле бугарски пасоши, продолжувајќи ја тенденцијата на барање подобри можности за живот во европските земји. Ова го покажува годишниот извештај за активностите на Комисијата за бугарско државјанство, кој го објави бугарското радио БНР, повикувајќи се на податоците од кабинетот на потпретседателката Илијана Јотова. Според извештајот, вкупно 16.500 лица лани […]

По два месеци чекање пуштени во употреба шесте нови еко-автобуси, донација од ЕУ


Шесте нови еко автобуси кои град Скопје ги доби како донација од ЕУ, а кои помпезно и пред многу политичари и медиуми беа промовирани на 26 ноември 2024 г., од денеска конечно се пуштени во употреба. Цели два месеци и една недела откако беа предадени на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје), тие почнаа да сообраќаат на […]

Велес шест дена со високи концентрации на опасните ПМ10 честички во воздухот


 Во изминатите шест дена концентрациите на ПМ 10 честички во воздухот во Велес покажуваат дека се над максимално дозволените. Ова се податоци од Државниот автоматски мониторинг за квалитет на воздух на Министерството за живитна средина и просторно планирање, кои се регистрираат на единствената мерна станица во Велес поставена  во новиот дел од градот во населбата […]

Во акцијата „Вардар“ запленети над милион евра фалсификувани и вистински пари


 Исклучително значајна е меѓународната акција „Вардар“ која разоткри мрежа на фалсификување пари во државата, бидејќи ја спроведува меѓународен тим на истражители, соопштија на денешната прес-конференција обвинителите од Јавното обвинителство. Времето на постпката е скратено, преземени се заеднички акции со истражен тим од Србија, постапката е водена паралелно. Јавниот обвинител Љупчо Коцевски рече дека вчерашната операција […]

Абази: Чекаме да го идентификуваме лицето кое му го дало мобилниот телефон на Васил Јованов


Во специјализираното Одделение за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и затворската полиција вклучени се јавните обвинители, и во секој момент чекаме да го идентификуваме или откриеме лицето кое му го дало мобилниот телефон на Васил Јованов, кој се наоѓа во притвроското одделение во затворот во Шутка, посочи денеска на прес-конференција јавниот обвинител […]

Владеењето на правото се уште е кревко во земјата, вели францускиот амбасадор


 Судската власт во земјава е доста критикувана и е постојано под закани, со феномени на постојано оспорување на нејзините одлуки. Оваа клима за жал покажува дека темелите на владеење на правото се сеуште кревки. Граѓанското општество може да одигра огромна улога како чувар на зачувувањето на етиката и независноста на судството, но исто така може […]

Протест на медицински персонал пред прилепската болница


Здравствените работници, досега ангажирани со договор на дело во прилепската болница, излегоа на протест пред Болницата барајќи ги своите права и решавање на статусот. На околу 120 члена ангажиран персонал, од една до 7 години, не им се продолжени договорите, но цело време се ангажирани со работни задачи. Денеска биле непријатно изненадени со отказ без […]

Битолчани бараат психолошка помош по финансиските измами


  БИТОЛА – Финансиските измами станаа вообичаена вест за битолчани откако последните години, дали преку социјалните мрежи, дали на телефон, нема месец да нема измамени сограѓани. Градот познат по големиот октопод и стотиците измамени штедачи од пирамидалната штедилница ТАТ, постојано е на мета на измамници од државата и странство, а „приказните“ се различни. Измамени граѓани […]

Од Бразда, автомобилот „рено кангу“ се упатува директно кон партијата Десна


Со изведување на видео материјали од безбедносни камери за движењето на возилото  Цитроен на денот на грабнувањето на Вања Ѓорчевска во Дебар Маало, а потоа и заедно со возилото Рено Кангу како се движат низ Визбегово кон селото Бразда каде е запален и потоа како се враќа само реното Кангу назад, низ Чаир кон седиштето […]

ЦУК: Мечка гонела 15-годишно момче во Македонски Брод, детето не е повредено


Мечка вчера следела и гонела 15-годишно момче во атарот на село Крапа во Општина Македонски Брод. Детето успеало да побегне, не било директно нападнато и не било повредено, иако паднало при бегањето кога заедно со стадото овци се враќало кон трлото, односно дома во селото. Како што соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК), […]

Филков ја разреши од работна група судијката што го прати во поправен дом Васил Јованов


  Министерот за правда Игор Филков денеска информира дека донел одлука да ја разреши од членство во работната група за измени на Кривичниот законик судиката која која му судела на возачот што ја прегази Фросина Кулакова, со цел како што рече, да не се дискредитира процесот што е започнат за суштинските реформи во правосудството, со […]

(Во живо) Прес-конференција на Јавното обвинителство за акцијата „Вардар“


Во Јавното одбивинителство се одржува прес-конференција за акцијата „Вардар“ во која е сузбиена организирана криминална група инволвирана во извршување на кривично дело фалсификување пари, а која делувала на териториите на повеќе држави.  На прес-конференцијата присуствуваат  јавниот обвинител Љупчо Коцевски, шефот на ОЈОГОКК Исмал Абази, обвинителот Дејан Петрески и јавниот обвинител за врски со Европравда Ленче […]

Општина Илинден доделува по 6.000 денари на млади претприемачи


Со цел поддршка на младите претприемачи Општина Илинден објавува Јавен повик за доделување на еднократна финансиска парична помош. Јавниот повик е согласно Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани, млади претприемачи чиј бизнис е со седиште на територија на Општина Илинден. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето […]

Во Основниот суд во Куманово продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски


Во Основниот суд Куманово денеска продолжи рочиштето во кое обвинет за „злоупотреба на служена положба и овластување“ е кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, по пријава поднесена од кумановски градежни фирми за случајот за недобивање дозволи за градење згради во Куманово. На денешното рочиште на предлог на одбраната на Димитриевски беше сослушано вешто лице која подготвила градежно […]