Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ возел пијан и без возачка пред 10 години, повредил жена, а сега води протести, вели Апасиев


  Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, денеска преку објава на Фејсбук вели дека лицемерието во државата е огромно по прегазувањето на Фросина Кулакова од Неготино. И споделува судска пресуда за актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, кој е претседател на УМС на партијата. Тој е син на сегашниот претседател на МАНУ, Живко Попов. […]

Да не се подлегнува на провокации, лажни вести и шпекулации – реакција на Кривичен за случајот со Фросина Кулакова


Судиите и Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен кривичен суд Скопје денеска во соопштение до медиумите изразуваат длабоко жалење за загубениот млад живот на Фросина Кулакова во сообраќајната несреќа која ја потресе јавноста и, како што наведуваат, поттикнати од бурните реакции во јавноста по повод донесената неправосилна пресуда за Васил Јованов за […]

Полицијата спроведува акција во самата зграда на МВР


  Од претпладнево во тек е полициска акција во зградата на Министерството за внатрешни работи. Цел на акцијата е Одделот за општи и заеднички работи во Министерството, изјавија од ВМР за „360 степени“. „Од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим-полиција и Одделот за внатрешна контрола, […]

Битолската гимназија изроди врвни ликовни уметници


  БИТОЛА – Битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ изроди врвни ликовни уметници значајни за македонската ликовна и културна сцена. Синоќа во битолската „Магаза“ по повод големиот јубилеј, 80 години настава на современ македонски јазик беше поставена изложба од врвни, признати и познати ликовни уметници во државата, поранешни ученици и поранешни професори во гимназијата. Изложбата е […]

Математиката може да биде забавна – погледнете како учат дечињата од градинката „Орце Николов“


Малите истражувачи од ЈУОДГ „Орце Николов“ – Скопје успешно реализираа eTwinning проекти Децата од групата „Јаболчиња“ при ЈУОДГ „Орце Николов“ – Скопје, под водство на воспитувачот Лилјана Илиевска. Изминатата година активно учествуваа во два едукативни проекти преку онлајн платформата eTwinning – JOYFUL MATH и LET’S LEARN THROUGH ART. Со голема посветеност и радост, малите истражувачи […]

Академијата за судии и јавни обвинители додели уверенија на 97 кандидати за судии и јавни обвинители


 Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска ги додели уверенијата на кандидатите за судии и јавни обвинители од осмата генерација во почетната обука на Академијата. Како што информираше директорката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски, уверенија ќе добијат вкупно 97 кандидати, од кои 50 се судии, а 47 јавни обвинители.  – Оваа генерација е […]

Екоинспекторите на терен – казни во Гази Баба и во Струмица


Согласно обврските од Акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух за грејната сезона 2024-2025г., општините Охрид, Битола, Штип, Тетово, Прилеп, Гази Баба, Кисела Вода, Струмица и Крушево доставија извештаи за реализирани активности за периодот од 27 до 31 јануари 2025 година. Во Охрид, акцентот е ставен на контрола на исправноста на возилата и намалување […]

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита


Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Јануари 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско […]

Судскиот совет веќе ги разгледува списите од претходните случаи на обвинетиот Васил Јованов, вели Камбовски


По изнесените забелешки во јавноста во врска со претходните судски случаи на обвинетиот за сообраќајката на „Партизанска“ Васил Јованов, каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова, денеска, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, посочи дека комисија на Судскиот совет веќе ги разгледува списите и ќе постапи по сите забелешки на јавноста. Камбовски посочи дека утре […]

Царински службеник вмешан во криминал со употребувани возила и глисери


Поднесени се уште шест кривични пријави за девет лица до Основното јавно обвинителство заради вршење криминални дела со употребувани возила, при што е нанесена директна штета врз Буџетот од 635.827 денари. „Во еден случај вмешан е и царински службеник за кој е изготвено отказно решение. Случаите се дел од предкривичните постапки на Секторот за контрола […]

Шест основни училишта во Битола добија фотоволтаици


Општина Битола ја заврши реализацијата на проектот „Сончеви училишта“, преку кој беа поставени фотоволтаици на шест основни училишта во градот и населени места. Проектот „Сончеви училишта“ ги поддржува училиштата, а со тоа и локалната заедница во справување со климатските промени, обезбедувајќи енергетска безбедност и промовирајќи фер зелена транзиција, соопштија од Општина Битола. Во наредниот период […]

МЗ: На Клиниката за ортопедија кај 12-годишно дете извршена трансплантација со коска од донор


На Клиниката за ортопедија извршена е уште една трансплантација со коска од донор. Интервенцијата е извршена кај 12-годишен пациент, кој е претходно опериран поради деформитет на левото стапало со користење шраф. По повторна појава на деформитетот, се одлучи да се извади ставениот штраф и да се замени со трансплант од донор кој дава подобра и […]

Калајџиев: Тезата дека сообраќајката немала да се случи ако Васил добил затворска казна е неточна


Со пресудата за претходното кривично дело на 20-годишниот Васил Јованов се создава историски преседан во Македонија – полнолетно лице добило воспитна мерка  поправен дом и било ослободено од притвор. Законот ова го дозволува, но ова е првиот ваков случај во Македонија, изјави Гордан Калајџиев, но додаде дека ништо немало да се смени – и да […]

Објавен јавeн повик за доделување на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“


Сојузот за младинска работа (СМР) го објави јавниот повик за доделување на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“, наменета за последимпломски академски студии по младинска работа. Оваа стипендија е востановена во чест и спомен на Билјана Василевска Трајкоска, истакната активистка и лидерка во областа на младинската работа, која со својата визија, посветеност и енергија даде значаен придонес […]

Во Битола изложба на фотографии „Идни спомени“ на Дамијана Ристевска


Во Центарот за култура во Битола вечерва ќе биде отворена изложбата на фотографии „Идни спомени“ чиј автор е Дамијана Ристевска, ученичка во четврта година во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Фотографиите на Ристевска се со уметнички израз и ги претставуваат ликовите низ социјалната средина во гимназијата. Преку нејзините фотографии може да се почувствува атмосферата и енергијата […]

Без струја дел од корисниците во општините Ѓорче Перов, Чаир и Чучер Сандево, без вода дел од корисниците во Карпош и Кисела Вода


Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците во општините Ѓорче Перов, Чаир и Чучер Сандево, а без вода дел од корисниците во Карпош и Кисела Вода. Од 09:00 до 11:00 часот, без струја ќе останат објектите во кругот на поранешниот стопански објект на „Велурфлок“ во населбата Хром, општина Ѓорче Перов. Од 09:00 до […]

Ведро и студено, преку ден сончево


Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени Целзиусови. Во Скопје, утрото ќе биде ведро и […]

Утре жешка седница на Уставниот суд


Уставниот суд од утрово ќе расправа за неколку жешки теми кои во последниот период ја окупираат јавноста. Најавата е дека денес ќе се донесе конечна одлука за оспорувањето на  Законот за данок за солидарност, за што поднесоа иницијатива  компанијата Финмак, Стопанска комора на Република Северна Македонија, ДТУ ЕТМТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ,Стопанска комора на Северо-Западна Македонија и Друштво […]

И родителите на Васил Јованов на удар на истрагата за Фросина


Говорејќи за сообраќајната несреќа во која загина 22-годишната Фросина Кулакова, шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски вечерва во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма рече дека постапката што се води против возачот Васил Јованов за ова кривично дело е проширена и со постапка за неговите родители. Додаде дека тоа е со цел […]

Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот


Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска остварила работна средба со генералниот директор на Одборот за акредитација на високото образование на Унгарија, Петер Левенте Лакатос, кој изразил отвореност за соработка и поддршка на заложбите на македонската Влада за унапредување на квалитетот на националниот високообразовен систем. – Унгарското искуство со реорганизирање на Одборот за акредитација […]