До петок променливо време, за викендот стабилно и топло


Во среда претпладне и во петок ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Во четврток и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и релативно топло, соопшти УХМР. Минималната утринска темпеартура ќе се спушти до четири, а максималната дневна ќе достигне 30 степени.

Истражување: Општините за ниски цени продаваат државно градежно земјиште


Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Недоволна транспарентност и ниски цени при продажбата на државно градежно земјиште“ кое открива дека oпштините не ги информираат граѓаните за реализираните продажби на државно градежно земјиште. -Општините ги објавуваат одлуките за отуѓување на државно градежно земјиште само во Службен весник на РСМ. Но, ниту една од мониторираните општини …

Истражување: Општините за ниски цени продаваат државно градежно земјиште Read More »

Нула степени утрово во Берово, осум во Скопје


Најстудено утрово е во Берово со нула степени и во Лазарополе со еден, а најтопло во Гевгелија девет степени. Во Скопје се измерени осум степени Целиусови. УХМР за денеска најави сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. …

Нула степени утрово во Берово, осум во Скопје Read More »

Водата и во Општина Василево не е за пиење и употреба


Комуналното претпријатие „Турија“- Василево доцна синоќа ги информираше жителите од населените места во општина Василево-Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и Чанаклија, кои со вода за пиење се снабдуваат од браната „Турија“, односно преку филтер станиците „Ташли Баир“ и „Добрашинци“, но и жителите на селата Дукатино, Сушево и Владевци дека по направените најнови физички, …

Водата и во Општина Василево не е за пиење и употреба Read More »

Меѓународна конференција „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и скопско“


Во Скопје денеска од 10 часот почнува меѓународната конференција „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и скопско“, во организација на Институтот за македонска литература при УКИМ. Станува збор за дел од програмата „Европската културна рута на Светите Кирил и Методиј“ под покровителство на Советот на Европа. Како што се …

Меѓународна конференција „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и скопско“ Read More »

Студено утро, сончево преку ден


Утрото постудено, а преку денот, времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура се очекува да биде 2 степена, а максималната, 27 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, времето се очекува да биде сончево со умерена облачност и со слаб југоисточен …

Студено утро, сончево преку ден Read More »

Астрономски календар


Денеска е вторник, 8 октомври 2024 година, 282-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 84 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 39 минути, а ќе зајде во 18 часот и 3 минути. Денов трае 11 часа и 24 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Герасимовски бара да се воведе комунална полиција, законот стои во фиока


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во гостувањето во Топ Тема ја истакна потребата од воведување комунална полиција која ќе се грижи за комуналниот ред, чистотата и зачувувањето на животната средина. Со воведување на комуналните полицајци ќе се решат многу проблеми со кои се соочуваме како општини, вклучувајќи го и Градот, смета Герасимовски. „Од претходниот …

Герасимовски бара да се воведе комунална полиција, законот стои во фиока Read More »

Потпишан договор за европски грант, 50-тина училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи


Педесетина училишта во државава ќе ја подобрат енергетската ефикасност преку инсталирање соларни фотоволтаични системи, за што, денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска и вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томас Бошек потпишаа договор за неповратен грант вреден 1,1 милион евра.  – Училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива …

Потпишан договор за европски грант, 50-тина училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи Read More »

Извршен вонреден надзор на Детската клиника во врска со починатото 14-месечно бебе


Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска во просториите на Универзитетската клиника за детски болести извршиле вонреден надзор на целокупната документација и земале изјави од сите лекари инволвирани во случајот со починатото 14-месечно бебе. – Стручната истрага продолжува сѐ до расветлување на случајот, се наведува во соопштението, објавено на веб-страницата на Детската клиника. …

Извршен вонреден надзор на Детската клиника во врска со починатото 14-месечно бебе Read More »

Демолиран големиот лифт на Клиниката за трауматологија


Големиот лифт во старата зграда на хируршките клиники е надвор од функција, а службените лица на Клиниката за ТОАРИЛУЦ пријавиле дека тој бил демолиран, објави „Република“. Од Клиниката за порталот потврдиле дека овој лифт е надвор од функција. Оттаму додаваат дека работи малиот лифт кон истите клиники и дека ги известиле надлежните институции за натамошно постапување и …

Демолиран големиот лифт на Клиниката за трауматологија Read More »

Филков во Приштина, разговарал за екстрадициите околу „Монструм“ и за Диво насеље“


Министерот за правда Игор Филков во Приштина остварил работна средба со косовската министерка за правда Албулена Хаџиу, на која биле разменети искуствата и добрите практики во реформските процеси. – На средбата беше дискутирано и за две отворени прашања од интерес на двете земји. Разговарано беше за случајот „Монструм“, за којшто од косовска страна беше презентирано …

Филков во Приштина, разговарал за екстрадициите околу „Монструм“ и за Диво насеље“ Read More »

Две третини од учениците во средните училишта во Скопје биле жртви на булинг


Според Институтот за човекови прва, речиси две третини од учениците во средните училишта сметаат дека има врсничко насилство помеѓу учениците во нивното училиште, а околу една третина биле жртва на некоја форма на врсничко насилство во изминатата година. Најголем дел од искуствата со булинг се состоеле од навреди и исмевање, но не е мала и …

Две третини од учениците во средните училишта во Скопје биле жртви на булинг Read More »

За телефони и компјутери за студентите ќе бидат издвоени 13 милиони евра


  Рециклирањето на стари мерки може да помогне во заживување на политичкиот наратив кога тој забавува. Премиерот Христијан Мицкоски во неделата на собирот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека „владата ќе поддржи со новиот буџет, кој е во изработка, ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди за сите, повторувам за сите студенти …

За телефони и компјутери за студентите ќе бидат издвоени 13 милиони евра Read More »

Пет мостови ќе бидат обновени во Крива Паланка до крајот на годинава


  Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска беше во посета на Крива Паланка, каде присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираниот „Виолетов мост“. Мостот е дел од проектот за обновување на градските мостови, кој вклучува и реконструкција на „Осички мост“ и „Шанин мост“, со вкупна инвестиција од 26.000.000 денари. „Парите за целиот …

Пет мостови ќе бидат обновени во Крива Паланка до крајот на годинава Read More »

Царинската управа ќе работи на воспоставување нов граничен премин Клепало со Бугарија


Со инвестиција од вкупно 3,7 милиони евра, Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Струмјани-Берово (Клепало) со Бугарија. За овој проект се обезбедени 3,1 милиони евра грант од ИПА 3 Програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Бугарија, а 551.548 евра се национално ко-финансирање. Денеска во Берово, се одржа настан за одбележување …

Царинската управа ќе работи на воспоставување нов граничен премин Клепало со Бугарија Read More »

Филков: Владата си донесе одлука да набавува електрични возила, а набави само за среќен добитник од „Лотарија“


Јавните набавки кај нас, околу 1,5 милијарди евра годишно, не се користат како инструмент за справување со климатските промени, смета Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации. Во врска со Извештајот на Светска банка што беше презентиран денеска, Филков напомена дека во земјава мора да се воведат наредбодавни и порадикални мерки – колку проценти „зелени“ …

Филков: Владата си донесе одлука да набавува електрични возила, а набави само за среќен добитник од „Лотарија“ Read More »

Наскоро договор меѓу СОНК и МОН за повисоки плати за наставниците


Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека ќе има поголем буџет за образование и наука во 2025-та, а најави и наскоро дека ќе биде постигнат договор со СОНК и покачување на платите на наставниците годинава. На прес-конференција за сто дена од работењето на Владата, Јаневска рече дека МОН дискутира со Министерството за финансии …

Наскоро договор меѓу СОНК и МОН за повисоки плати за наставниците Read More »

На местото на струмичката касарна никнува парк на 40.000 метри квадратни


Наместо згради и трговски центар, во струмичката касарна на површина од 40.000 метри квадратни наскоро ќе никне преубавиот парк „11 Октомври“, објави денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој на својот профил го објави и идејното решение за овој парк. Новиот парк се гради кај новата Детска градинка „Виножито“, поделен на два дела, хортикултурно уреден, …

На местото на струмичката касарна никнува парк на 40.000 метри квадратни Read More »

Водата во гостиварскиот водовод повторно се анализира заради два различни резултати


 Резултатите од водата за пиење во гостиварскиот водовод направени во две лаборатории се различни и според едните водата не е за употреба, а според другите е безбедна. Се очекува нова анализа која ја прави државниот Центар за јавно здравје – Скопје. Ова го кажаа вд градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани и најави поведување на …

Водата во гостиварскиот водовод повторно се анализира заради два различни резултати Read More »