Обвинителство: Доказите против Палевски се цврсти – денеска продолжи судењето


Обвинителката во судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски пред да почне судењето во 10 часот даде изјава за медиумите во која рече дека нема да влијае изјавата на Влатко Кешишов која минатата недела ја промени на посмено во истражниот затвор Шутка. Обвинителството уверува дека против првообвинетиот Палевски има цврсти непобитни …

Обвинителство: Доказите против Палевски се цврсти – денеска продолжи судењето Read More »

Дел од Општина Бутел без вода


 Без вода денеска се дел од корисниците лоцирани на улиците „Душко Поповиќ“, „Томе Пуре“, „Боца Иванова“ и „Бутелска“ во Општина Бутел.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради уличен дефект на „Душко Поповиќ“ 27. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

Над 50 учесници од креативните сектори на Саемот на креативни индустрии


Во индустрискиот амбиент на едукативниот културен центар „Лабораториум“ денеска се одржува Саемот на креативни индустрии, настан кој ги обединува креативците. Организиран од здружението „Балкан синема ситис“ и Унијата на македонски организации во креативните индустрии (УМПАКИ), со поддршка од Министерството за култура и туризам и Британскиот совет, саемот обединува над 50 учесници од различни креативни сектори. …

Над 50 учесници од креативните сектори на Саемот на креативни индустрии Read More »

Приватните автобуси повторно на скопските улици


Во јавниот градски превоз од денеска се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет. Во сообраќај, како што најавија во саботата, ќе се вклучат оние превозници кои имаат финансиски можности. Автобусите на ЈСП – Скопје од петокот сообраќаат во редовните термини, но Владата во четвртокот им позајми нафта само за седум дена, за колку …

Приватните автобуси повторно на скопските улици Read More »

Панел-дискусија „Политиките за доделување дозволи за емитување и иднината на дистрибуцијата на телевизиски содржини“


Во Скопје денеска ќе се одржи панел-дискусија за политиките за доделување дозволи за емитување и иднината на дистрибуцијата на телевизиски содржини во организција на Центарот за развој на медиуми. – Сметаме дека досега измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за негово усогласување со новата Директива за аудиовизуелни медиумски услуги на ЕУ, не …

Панел-дискусија „Политиките за доделување дозволи за емитување и иднината на дистрибуцијата на телевизиски содржини“ Read More »

Јавна расправа за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство


Собраниската комисија за еднакви можности на жените и мажите, во соработка со Клубот на пратенички и Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе одржи јавна расправа на тема „Спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“. Како што информираат од собраниската прес-служба, предвидени се обраќања на претседателката на Комисијата за еднакви можности на …

Јавна расправа за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство Read More »

Студено утро со температури и до минус 11 степени


Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку ден, времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 11 до минус 3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени, информираат од Управата за …

Студено утро со температури и до минус 11 степени Read More »

На 53-годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка


На 53-годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, кој беше градоначалник на општина Крива Паланка од 2017 до 2021 година. За неговата смрт објавија неговите сопартијци од СДСМ. „Борјанчо беше човек кој искрено и посветено работеше за доброто на својата општина и за сите граѓани, секогаш воден од вредностите на солидарноста, правдата и напредокот. Неговата визија за …

На 53-годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка Read More »

Мицкоски предвидува нови 100 до 120 електрични автобуси по локалните избори


 Премиерот Христијан Мицкоски очекува до следната летна или есенска сезона во земјава да има нови 100 до 120 електрични автобуси кои ќе сообраќаат во јавниот градски превоз во градовите кои имаат организирано таков превоз. -Во моментов го скенираме пазарот и анализираме за колкав најбрз период можат да дојдат помеѓу 100 и 120 автобуси, но истовремено …

Мицкоски предвидува нови 100 до 120 електрични автобуси по локалните избори Read More »

Битола доби кукла робот за да поттикне дебата за родова еднаквост


Кукла – робот опремена со мегафон, дизајнирана да ги анимира и едуцира граѓаните, но и да ги поттикне да говорат за родовата еднаквост преку интеракција, насловена како „Конзулката од Битола”, беше поставена на Градското шеталиште во Битола.  Јавна поддршка за родова еднаквост на жените и девојчињата во Битола и пелагонискиот регион, искажа Калиопа Кривашија Стилиновќ, …

Битола доби кукла робот за да поттикне дебата за родова еднаквост Read More »

Кристоф Ле Риголер: Може да сметате на француската поддршка за модернизација на Армијата


Иако соработката меѓу Париз и Скопје постоеше и пред пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, членството во Алијансата обезбедува дополнителна рамка за соработка и солидарност во областа на одбраната, посочува  новиот француски амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер во интервју за МИА. – Северна Македонија, која сега треба да ги исполни капацитетните цели што произлегуваат …

Кристоф Ле Риголер: Може да сметате на француската поддршка за модернизација на Армијата Read More »

„Бербер шоу“ во Скопје по повод месецот на машкото здравје


Секцијата на фризери при Занаетчиска комора – Скопје денеска во Скопје традиционално ќе одржи „Бербер шоу“ на фризери по повод месецот на машкото здравје „Movember“, каде ќе учествуваат мајстори – бербери од од целата држава, кои ќе се погрижат за изгледот на оние, кои ќе дојдат за да им се средат брадата и мустаќите. – …

„Бербер шоу“ во Скопје по повод месецот на машкото здравје Read More »

Кавадарци бара обиколница за да го намали загадувањето, но и за поголема безбедност во сообраќајот


  Околу 14 километри треба да биде заобиколницата од кај село Марена до висорамнината Витачево, најавена како капитален проект и стратешка инвестиција. Обиколницата би требало да придонесе кон намалувањето на загадувањето во градот Кавадарци, но и за поголема безбедност во сообраќајот, во кој сега учествуваат голем број возила, од кои многу тешки товарни возила, како …

Кавадарци бара обиколница за да го намали загадувањето, но и за поголема безбедност во сообраќајот Read More »

Утрово најниска температура измерена во Берово, а највисока во Гевгелија


Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше ведро и многу студено време. Дуваше слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Најниска температура од -10 степени Целзиусови е измерена во Берово, а најтопло беше во Гевгелија каде е измерен 1 степен Целзиусов. На Попова Шапка е измерена температура од -8 степени Целзиусови, -7 во …

Утрово најниска температура измерена во Берово, а највисока во Гевгелија Read More »

Ведро и многу студено


Времето денеска изутрина ќе биде ведро и многу студено, а преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови. И во Скопје наутро ќе биде студено, а преку …

Ведро и многу студено Read More »

Астрономски календар


Денеска е недела, 24 ноември 2024 година, 329-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 37 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 35 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 минути. Денов трае 9 часа и 31 минута. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее …

Астрономски календар Read More »

На граничните премини „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до еден час


На граничните премини „Блаце“ и „Табановце“ за влез и излез од државата се забележува чекање од околу 30 минути до еден час, информираат од АМСМ.  На другите премини нема подолги задржувања. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози во источниот дел, додека во западниот дел коловозите се претежно влажни. АМСМ препорачува прилагодена …

На граничните премини „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до еден час Read More »

Во Битола санирани комуналните проблеми по вчерашното невреме во градот


Стручни екипи од Општина Битола, заедно со претставници на приватните фирми со кои општината има склучено договори за градежно занаетчиски работи ги санираа комуналните проблеми по вчерашното невреме во градот. Од Општина Битола информираа дека извршен е увид во неколку основни и средни училишта каде беа пријавени штети после вчерашното невреме, предизвикано од силниот ветер. …

Во Битола санирани комуналните проблеми по вчерашното невреме во градот Read More »

Во Тетово прекинато водоснабдување од новиот систем од Лешница, воведени рестрикции


 Јавното комунално претпријатие „Шар“ од Тетово информира дека дотокот на вода од новиот водоснабдителен систем е прекинат и ќе следуваат рестрикции во водоснабдувањето. Причина е заматеноста на водата што се презема од Лешничка река. – Поради неможноста да се пречисти водата во филтрите на филтрационата станица – Лисец, поради високата заматеност како резултат на последните …

Во Тетово прекинато водоснабдување од новиот систем од Лешница, воведени рестрикции Read More »

НУБ „Свети Климент Охридски“ одбележува 80-годишен јубилеј


Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје попладнево свечено го одбележа јубилејот – 80 години од именувањето на првиот директор и започнувањето со работа на библиотеката во слободна Македонија со заповед на Поверенството за народна просвета на Президиумот на АСНОМ на 23 ноември 1944 година. Претседателката на државава Гордана Сиљановска – Давкова пред …

НУБ „Свети Климент Охридски“ одбележува 80-годишен јубилеј Read More »