Со дополнение на доказната постапка продолжува судењето за убиството на Вања и Панче


Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје. На изминатото рочиште заврши доказната постапка и се започна со дополнение на докази. Дополнителни докази изведуваше Обвинителството помеѓу кои имаше снимки од безбедносните камери кај Велибор Манев кои, според Обвинителството, покажуваат дека обвинетите однапред се подготвувале за убиство, а не само […]

Национален ден на Власите, 23 мај – јубилеј, 120 години од признавањето на Власите како посебен народ


На 23 овој месец Власите ќе го одбелеѓат Националниот ден, соопшти денеска  Претседателот на организациониот комитет, Стерјо Папули. Во дописот до медиумите, Папули вели дека 23 мај е Национален ден на Власите кој што се слави затоа што тој ден, во 1905г. турскиот Султан Абдул Хамид Втори со посебен документ, Декрет, ги признал Власите како посебен […]

Седница на Антикорупциската комисија


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе одржи седница. На дневен ред на седницата  е постапување по конкретни предмети, како и по предмети оформени по пријави од укажувачи.

Дело од украинскиот скулптор Дроздовски во паркот во Чаир


Во паркот „Украина“ во Општина Чаир денеска ќе биде поставена скулптурата „Горчливо сеќавање од детството“, дело на украинскиот скулптор Петро Дроздовски, која е посветена на сеќавањето на децата убиени од глад за време на геноцидот врз украинскиот народ во 1932–1933 година. На церемонијата на поставување на скулптурата ќе присуствуваат украинската амбасадорка Лариса Дир и градоначалникот […]

Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип одбележува 18 години од основањето


Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска одбележува 18 години од основањето со настан за промоција на партнерствата и соработките со локалната заедница, бизнис секторот и меѓународните институции. На настанот  „18 години УГД – Партнерства и соработки” во мултимедијалната сала на УГД ќе се одржат три панел дискусии:  УГД и локалната заедница,  УГД и бизнис секторот […]

Промоција на книгата „Зборовезница на едно новинарско перо“ на Милева Лазова


Во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечер во 18.30 часот ќе биде промовирана книгата  „Зборовезница на едно новинарско перо“ на авторката Милева Лазова. Промотори на книгата на Лазова, новинарка во „Македонско сонце“, се Валентина Георгиевска Парго и Лилјана Стоилковска, а модератор е Оливера Јовановски.  Настанот ќе биде збогатен со музички гости, Васил Атанасов на обоа, […]

Претпладне сонце, попладне локален пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер од над 60 километри на час и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до […]

Kостадиновска – Стојчевска до Минчев: Зошто нема вработување на лектори по македонски јазик?


Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска – Стојчевска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за јавна администрација, Горан Минчев, а се однесуваше на систематизација за вработување лектори по македонски јазик. „Членот 6 став (1) од Законот за употребата на македонскиот јазик пропишува задолжителна употреба на македонскиот стандарден јазик и неговото […]

ФАО: Нов проект од Зелениот климатски фонд, ќе го зајакне управувањето со шумски пожари


Зелениот климатски фонд (ЗКФ), најголемиот глобален фонд посветен на справување со климатските промени, одобри нов проект за Северна Македонија во рамки на својата Програма за подготвеност и подготвителна поддршка. Почетокот на новиот двегодишен проект беше означен денес на настан во просториите на Владата, на кој присуствуваа претставници од клучните национални институции, министерства, академската заедница и […]

Мицкоски најави нов договор со друга европска држава


Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево изјави дека фокусот на Владата е да се реализираат странски инвестиции на цела територија на државата посочувајќи дека во мооментот се преговара со седум инвеститори и дека се нудат сите технолошко-развојни зони во државата. Најави наскоро договор со друга европска држава.  – Во моментот имаме преговори со седум инвеститори […]

Во јуни ќе се промовира новата генерација пожарникари


На Свечена академија на почетокот на јуни ќе се промовира новата генерација пожарникари и премиерно ќе се изврши презентација на иновативните средства со кои членовите на бригадата ќе отпочнат да делуваат на терен, беше кажано денеска на одбележувањето на Денот на македонските пожарникари во Скопје.    Во Територијална противпожарна бригада на Град Скопје, беше одбележан […]

Мицкоски не може да се изначуди зошто опозицијата е загрижена за новите задолжувања


Ова се капитални инвестиции и не можам да се изначудам на некои коментари што доаѓаат од опозицијата, а најмногу се зачудив вчера кога коментарот оттаму беше дека се задолжуваме за капитални инвестиции, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја вчерашната оценка на опозициската СДСМ за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.  – Не знам […]

Зошто двајцата советници на Левица во Битола се осудени за клевета?


  БИТОЛА – Советниците на Левица од битолскиот Совет, Горан Велевски и Гаврил Трајковски, се осудени за изречена клевета против Бојан Бојкоски советник на ВМРО-ДПМНЕ и заменик-градоначалник на Битола. Апелацискиот суд во Битола ја потврди пресудата на Основниот суд од Битола со која двајцата советници на Левица имаат граѓанска одговорност за клевета спрема Бојковски за […]

Со монтажна катна гаража Крива Паланка го решава проблемот со паркирањето


Денеска во Општина Крива Паланка беше означен старт на проектот за изградба на прва модуларна катна гаража во општината што со обезбедување 166 паркинг места ќе направи голем исчекор кон решавање на еден од најголемите урбани предизвици во градот – проблемот со паркирање. „Денес е убав и значаен ден за Крива Паланка. Денес, заедно, го […]

Оставка поднесе и националниот координатор за имплементација на нови технологии, поддржувач на Таравари


  Блерант Рамадани, националниот координатор за имплементација на нови технологии, поднесе неотповиклива оставка од својата функција, соопштува Алијансата за Албанците. Тој е третиот функционер кој поднесува оставка по лидерот на партијата, Арбен Таравари. „Денес донесов одлука да се повлечам од функцијата национален координатор за имплементација на нови технологии – одговорност која ја извршував со посветеност, […]

ОКТА активности за превенција од пожари: едукативна кампања и донација на дрон за рано откривање на пожари на ЈП Национални шуми


Во пресрет на летната сезона, кога ризикот од пожари значително се зголемува, компанијата ОКТА започнува активна соработка со Јавното претпријатие Национални шуми за превенција од пожари на отворено. Во рамки на оваа соработка, ОКТА донира дрон со специјализирана технологија за рана детекција на пожари, кој ќе им биде ставен на располагање на теренските екипи на […]

Се подобрува водоснабдувањето со главниот цевковод на бул. „Александар Македонски“


Градот Скопјe продолжува со третата фаза на градежните работи на главниот цевковод на булеварот „Александар Македонски“, што во оваа фаза претставува изградба на подземната инфраструктура дел од големиот проект булевар „Хрватска“. Увид во работата на терен изврши тимот од Секторот за технички работи и развој, заедно со директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопјe, […]

Сиљановска: Не треба да се проблематизираат одлуките на Дуковска


Не би смеело да се проблематизираат одлуките кои ги има донесено уставната судијка Елизабета Дуковска изминативе две години, меѓутоа не може да остане во Уставниот суд личност која што е избрана на неуставен, дури ако сакате и незаконски начин, оцени денеска претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова на промоцијата на „Родова самопроценка и Родовиот […]

СДСМ Битола го осуди опожарувањето на возилото на Христо Кондовски


БИТОЛА – Општинската организација на СДСМ Битола јавно објави дека опожареното возило е на поранешниот кандидат за градоначалник на партијата Христо Кондовски и го осуди чинот, напоменувајќи дека влева став кај граѓаните пред локалните избори. „СДСМ Битола најостро го осудува опожарувањето на возилото на поранешниот кандидат за градоначалник на Битола од нашата партија, Христо Кондовски. Овој […]

„Алкалоид“ со јубилејна плакета од Црвен крст


По повод 80-годишниот јубилеј на Црвен крст, во Македонскиот народен театар се одржа свечена академија под покровителство на претседателката на државата, н. е. Гордана Сиљановска-Давкова.   Под мотото „Осум децении ние гледаме луѓе“ беше одбележан јубилејот на Црвен крст, хуманитарна организација која осум децении им дава помош и поддршка на најзагрозените категории граѓани, промовирајќи хуманост […]