Запре пулсот за Кочани, кој се грижи за пациентите


  Два месеци по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, клучниот ресор здравство остана без министер, а премиерот веќе неколку дена калкулира со поставување нов. Денеска најави дека процесот ќе потрае уште неколку дена, но здравствените власти потврдуваат дека овој сектор продолжува да функционира. Пожарот во Кочани однесе 62 животи, а остави повеќе од 200 […]

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан


  Уставниот суд нема ја коментира пресудата на Управниот суд за поништување на изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, но истакнува дека постапувањето на Судскиот совет, Собранието и управните судови довело до создавање правен преседан со кој досега ниту еден состав на Судот не се соочил. Оттаму велат дека нема да ги преиспитуваат по службена […]

Клековски би прифатил да биде министер за здравство, но со соодветна замена во ФЗО


Директорот на ФЗО Сашо Клековски би прифатил да биде министер за здравство, но, како што рече денеска, со соодветна замена во Фондот. Тој ќе биде отворен за разговор зависно од потребите, а какви било рокади, напомена, мора да предвидуваат комплетно решевање на кадровската екипираност во секторот здравство. – Владата има премиер кој го составува владиниот […]

Пожарот бил во ресторан во Лисиче – повреден сопственикот


МВР со детали за пожарот кој се случи доцна синоќа во скопско Лисиче. – На 18.05.2025 во 21.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во населба Лисиче, скопско. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат. Притоа, поради изгореница на раката и вдишување на чад, сопственикот […]

На аџилак и годинава ќе заминат 2020 муслимански верници од нашата земја, највозрасниот 80, најмладиот 10-годишен


Годинава на аџилак и во посета на светите муслимански места, од нашата земјава, ќе заминат над две илјади верници, што е идентична бројка со минатата година, изјави за МИА, Ирсaл Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница. – Бројката е пополнета согласно квотата што ја одреди Министерството за хаџ на Саудиска Арабија и годинава ќе […]

Отстранети над 130 кубни метри кабаст отпад и повеќе од 700 стари гуми од територијата на општина Ѓорче Петров


Во рамки на тековната акција за отстранување на кабаст отпад и еколошки ризични материјали, од територијата на општина Ѓорче Петров веќе се собрани и безбедно транспортирани над 130 м³ кабаст отпад и повеќе од 700 стари гуми. „Отпадот е депониран на соодветна локација – депонијата Дрисла, во согласност со еколошките стандарди. Акцијата опфати повеќе локации, […]

Асфалтирање на ул. „119“ во Јака, Општина Илинден


  Во рамки на активностите за изградба на нови улици и патишта, деновиве беше извршено комплетно асфалтирање на улица „119“ во населба Јака, во вкупна должина од 550 метри, тротоар од 1,5 метри и широчина на коловоз од 6 метри, како и систем за зафаќање на атмосферските води од коловозот. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар […]

Уште 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство (видео)


 Вкупно 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство. Од нив во Грција се тројца и тие се во добра, стабилна состојба, во Србија се четворица пациенти исто така во добра состојба, во Австрија е еден, стабилен и сместен на одделение, во Словенија е еден кој веќе посетува рехабилитација, а во […]

Управниот суд ги измеша картите во Уставниот суд со одлуката за Дуковска


  Две години му требаше на Управниот суд да одлучи по тужбата на Антоанета Димовска, сега членка на Судскиот совет, за изборот на Елизабета Дуковска за судија на Уставниот суд. Најпосле Управниот суд пресуди дека постапката за избор на Дуковска во 2023 година била незаконска. Според Управниот суд, со изборот на Димовска две институции постапиле […]

Осудениците ќе добијат електронски алки, Пандов прв ја носи на нога


Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов најави дека во функција се ставаат електронските алки односно можноста во Македонија да има затвореници во куќен затвор кои ќе бидат под електронски надзор. Според него, ова е голема работа со оглед дека во затворите низ земјава има 2.300 затвореници и 400 притвореници. Во дел од затворите […]

Повик за изработка на мини мурали и графити поврзани за македонското писмо и јазик


Општина Центар ги поканува сите креативци, уметници и културни здруженија од територија на Центар да учествуваат во новиот јавен повик за изработка на мини мурали и графити на јавни простори. Овој повик е дел од Програмата за култура за 2025 година и има за цел да го разубави визуелниот изглед на општината и да го […]

„Охрид SOS“: Проектот за пренасочување на Сатеска е толку лош што ќе доведе до спротивен ефект


Проектот за пренасочување на реката Сатеска по нејзиното провобитно корито  е толку лошо изготвен така што спроведувањето на самиот проект би можело да доведе до спротивен ефект од предвидениот, односно „има потенцијал за зголемување на изложеноста и ранливоста на влијанијата од климатските промени“. Така тврдат активистите на Граѓанската еколошка иницијатива „Охрид SOS“, според кои негрижата […]

МВР со апел за безбедни матурски прослави


 „На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“, е апелот од МВР за безбедни матурски прослави. Како што информираат од МВР, сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните […]

Универзитетската клиника за урологија стана лиценциран центар за поставување на вештачки уринарен сфинктер


Универзитетската клиника за урологија во Скопје стана првиот јавен здравствен центар во Македонија кој изведува операции за поставување на вештачки уринарен сфинктер, процедура која досега беше достапна само во странство или во приватни клиники. Како што соопштуваат од Клиниката, интервенциите ги изведува виш научен соработник д-р Огнен Ивановски, кој првите операции ги реализирал под менторство […]

Се чистат шумите и се прават обрачи за нивна заштита од пожари


Вработени во ЈП „Национални шуми“ ги чистат шумите, а потоа со механизација прават обрачи. Ова се дел од мерките што се преземаат за да не повторат шумските пожари од минатата година, кога изгореа илјадници дрвја, а угинаа дивеч и птици. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека правењето на заштитни обрачи низ […]

Еден од најголемите експерти во фетална медицина Николаидес Кипрос ќе едуцира доктори на ГАК


Проф. Д-р Николаидес Кипрос за првпат во Македонија ќе едуцира доктори на Клиниката за гинекологија и акушерство. Како што информираа од Клиниката ова е можност за сите доктори од Македонија да земат учество и да бидат дел од можностите што ќе ги понуди професорот Кипрос. „Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство ја прави најголемата инвестиција […]

Без струја делови од Центар, Аеродром и Сарај


Без електрична енергија денеска од 06:00 до 08:00 часот се корисниците од ул.Максим Горки бр.20 и објектот Луна Бизнис на ул. Новопроектирана 2, како и објектите околу бизнис центарот во општина Центар, соопшти ЦУК. Во периодот од 08:30 до 13:00 часот струја ќе немаат корисниците од село Крушопек во општина Сарај, од 08:30 до 15:30 […]

Промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“


Музејот на Република Северна Македонија го одбележува Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај со промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“. Промоцијата ќе се одржи денеска во 12 часот, во изложбените простории на Музејот. Публикацијата е дел од истражувачкиот проект посветен на животниот пат на револуционерот Кузман Јосифоски – Питу и […]

Црвениот крст одбележува 80 години од основањето


Црвениот крст на Македонија денеска одбележува 80 години од основањето со свечена академија под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Настанот ќе се одржи во Македонскиот народен театар во Скопје со почеток во 19 часот. Црвениот крст на Република Северна Македонија е хуманитарна и независна организација која обезбедува помош при катастрофи, здравствени и социјални услуги, прва […]