Скопје денес во сообраќајна блокада поради три настана


Во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај на неколку локации поради одржување ракометен напревар, хуманитарна и атлетска трка. Поради атлетска улична трка денеска 07:30 часот до 10:30 часот во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим во општина Аеродром. Атлетската улична трка е со стартно-целна позиција на бул. Јане Сандански при што натпреварувачите ќе […]

Концерт на воените оркестри од армиите на Македонија и Вермонт, САД


Во пресрет на вежбата „Immediate Response 25” воените оркестри од армиите на Република Северна Македонија и Вермонт, САД, денеска напладне ќе одржат едночасовен концерт во Паркот на Франкофонија во Скопје. Од канцеларијата за односи со јавност на Генералштабот на Армијата соопштија дека како дел од армиската соработка на двете сојузнички армии, пред почетокот на поголемите […]

Одбележување на „Денот на Европа“ со хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“


Со организирање на денешната хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус, оваа година ќе го одбележат „Денот на Европа“. -На 25 мај, истовремено во седум града – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе трчаме заедно со една единствена цел: да му […]

Гласен молк на денешниот Марш на ангелите во Кочани


Маршот на ангелите, протесна поворка на семејствата на настраданите во големата трагедија што се случи на 16 март годинава, денеска помина во молк, но таквиот молк одекнуваше силно по кочанските улици. „Молк што зборува повеќе од илјада зборови. Но, нема да трае долго како вашето судење“, беше една од пораките на родителите  на жртвите во […]

Поради одржување на атлетска трка утре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим


  На 25.05.2025 (недела) во периодот во 07:30 часот до 10:30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„Јане Сандански“ (десна коловозна лента гледано во насока на движење исток-запад) на потегот од крстосница со бул.„Србија“ и бул.„Видео Смилевски Бато“ до […]

Заеднички концерт на воениот македонски и американски оркестар од Вермонт


Воениот оркестар од Армијата на Република Северна Македонија и воениот оркестар од Вермонт, САД, на плоштадот „Магнолија“ во Битола одржаа концерт на кој беа отсвирени популарни американски џез нумери и македонски шлагери. Воените оркестри на двете сојузнички армии, во рамки на армиската соработка, настапија во Битола во пресрет на големата воена вежба што од понеделник […]

Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници, отворени две телефонски линии за информации


Отворени се две нови телефонски линии за информирање на граѓаните и здравствените лица со мајмунските сипаници. Граѓаните можат да добијат информирации на телефонскиот број 076/233-791, а здравствените работници на 076/233-792. Од Институтот за јавно здравје информираат дека епидемиолози исконтактирале со лицата кои биле во контакт со позитивните лица со Mpox и оти тие немаат никакви […]

Посебен режим на сообраќај утре од Средно Водно до Св.Пантелејмон


На 25.05.2025 (недела) со почеток во 10:00 часот ќе се одржи хуманитарна трка по повод одбележување на Денот на Европа насловена како „Сите за Кочани – трчаме заедно“, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св.Пантелејмон и обратно. Од  тие причини Единицата за безбедност […]

Со свечена академија одбележани 120 години од Националниот Ден на Власите


Во Македонскиот народен театар во Скопје, синоќа се одржа централната свеченост по повод големиот јубилеј – 120 години од Националниот Ден на Власите, под слоганот „120 години – Столб на балканската историја, сегашност и иднина“. Настанот беше организиран од Министерството за односи меѓу заедниците и беше отворен за јавноста, со цел да се сподели значењето […]

Силјановска – Давкова положи венец пред спомен плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и државно-црковната делегацијата кои се во посета на Рим и Ватикан по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, денеска положија венец цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“. […]

Младите бараат ефективни решенија, а не само јавни кампањи за проблемот со менталното здравје


Во организација на Либерално Демократската Младина (ЛиДеМ) и со поддршка од Фондацијата Фридрих Науман, вчеравечер во Кичево се одржа панел-дискусија на тема: „Менталното здравје и ЕУ: Вредност што почнува од тебе“, каде младите, експертите и активистите отворено дебатираа за предизвиците, но и конкретните чекори што мора да се преземат за подобрување на менталната благосостојба кај […]

Обвинителството поднесе жалба, бара ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија


Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка „куќен притвор“ за двајцата поранешни директори обвинети во предметот „Онкологија”. Од Обвинителството бараат ефективен притвор. – Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка […]

На Инфективна уште го чекаат второто лице со мајмунски сипаници, нема нови случаи


Второто лице со мајмунски сипаници во државава се уште не се пријавило на преглед на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, потврди денеска за МИА, директорот Фадил Цана. Тој рече дека нема регистрирано нов случај на мајмунски сипаници во државава. Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, во врска со […]

Утре посебен режим на сообраќај околу СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје поради натпреварот „Алкалоид“ – АЕК


Во Скопје утре ќе има посебен режим на сообраќај поради меѓународниот спортски натпревар во ракомет меѓу „Алкалоид“ и АЕК од Грција. – Утре со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар “Борис Трајковски” ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид од Р.С.Македонија и РК АЕК од Р.Грција. Од тие причини Единицата за безбедност […]

Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот


Родителите и блиските на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ утре попладне ќе го одржат седмиот „Марш за ангелите“. Маршот ќе почне во 16:05 часот од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар по што учесниците ќе се упатат кон општинската зграда, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд […]

Семејствата на жртвите во дискотеката „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон


Јавното обвинителство денеска соопшти дека јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” почнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите. Преку исказите дадени пред јавен обвинител, тие ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон и […]

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Маврови Анови


Најмногу дожд изминатото деноноќие наврнало во Маврови Анови, а најмалку во Скопје, Куманово и Велес. Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи, во Маврови Анови наврнале осум литри на метар квадратен, во Крива Паланка шест литри, во Петровец и Тетово четири, на Попова Шапка три, а на Зајчев Рид, во Куманово и во Велес два […]

Хуманитарна изложба во скопската Зоолошка


Под мотото „Биди суперхерој за животните“ денеска во скопската Зоолошка ќе се одржи изложба со хуманитарен катарктер.  На изложбата, што ќе биде отворена во 12 часот, ќе може да се видат уметничките дела што студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија од АУЕ- Фон ги сликаа на лице место во скопската Зоолошка, инспирирани од животните […]

Концерт на Воениот оркестар на Армијата и Воениот оркестар од Вермонт


Едночасовен концерт денеска на плоштадот „Магнолија“ во Битола ќе одржат Воениот оркестар на Армијата и воениот оркестар од Вермонт, САД. Концертот е дел од предвидените активности во пресрет на воената вежба „Immediate Response 25“ што од понеделник почнува во земјава. На концертот ќе бидат изведени повеќе популарни џез нумери, македонски шлагери и фолк мелодии, со […]

Македонија го чествува Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј


 Со повеќе настани денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите. Државно-црковната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова […]