Облачно со повремени врнежи од дожд


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во источните и јужните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од осум до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 25 […]

Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 ќе се урне и на нејзино место ќе се изгради целосно нов објект


Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 ќе се урне и на нејзино место ќе се изгради целосно нов и модерно уреден објект со поголем капацитет, најави денеска градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски. – Општина Карпош изработи комплетен проект со сите фази, за уривање на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1, а изградба на нова […]

Со поддршка од ЕУ, зајакнување на македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра


 Поддршката од ЕУ, но и нашите сојузници се должи на нашата искрена посветеност, подготвеност и професионалност да одговориме на зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на регионот и пошироко. ЕУ ја препозна нашата искрена заложба за зајакнување на безбедноста, вклучувајќи го и придонесот во мировните операции и одговори позитивно на барањето за зајакнување на македонската […]

Град Скопје алармира за бесправна експлоатација на коритото на реката Вардар


Во општина Аеродром, затекната е фирма при нелегални активности на бесправна експлоатација на коритото на реката Вардар, соопштија од Град Скопје.  Станува збор за фирма која нема никакви лиценци, елаборати, дозволи и одобренија ниту за работа, ниту за механизацијата со која ги извршуваат овие злодела против природата, а што потенцијално претставува и опасност по здравјето на […]

Македонска делегација на молебен на гробот на Свети Кирил во Рим


Државно – црковна делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска – Давкова денеска во базиликата „Сан Клементе“ во Рим присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил по повод чествувањето на 24 мај – Денот на сесловенските просветители. Со молебенот, како што јави известувачот на МИА, чиноначалствуваа митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф и епископот Стобиски Јаков, во придружба […]

Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи


Кривичниот совет при Основниот кривичен суд им определи мерка „куќен притвор“ на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и на организациски директор Нехат Нухи. Остануваат и претходно изречените мерки за претпазливост.  – Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерки за обезбедување присуство […]

Самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници


Препорака за самоизолација и здравствен надзор за двете заболени лица од мајмунски сипаници препорача Комисијата за заразни болести. Оттаму информираа дека дополнително се следи состојбата на лицата кои биле во близок контакт со заболените и доколку тие пројават симптоми ќе бидат тестирани во Институтот за јавно здравје. – Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат хигиенските […]

Агелер: „Брз одговор 2025“ е јасен доказ за блиското и растечко партнерство меѓу двете држави


Од понеделник до 9 јуни земјава е домаќин на „Брз одговор 2025“, дел од големата мултинационална вежба DEFENDER 2025 со околу 12.000 војници кои учествуваат во различни земји низ Европа. Во земјава ќе учествуваат повеќе од 2.000 војници од земјата-домаќин, САД, Црна Гора, Косово, Австрија, Грција, Албанија, Италија и Обединетото Кралство. Вежбата, како што се […]

Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани


Досега се собрани 156.542.967 денари во рамки на апелот на Црвениот крст на Северна Македонија за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16 март 2025 годинава.  Како што информира Црвениот крст, заклучно до денеска во неколку наврати оваа организација изврши исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани. – Со овие средства досега […]

Цана: Пациентот со мајмунска сипаница е во добра здравствена состојба, вториот не се јавил на Инфективна за преглед


Директорот на Универзитетската Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, Фадил Цана денеска во изјава за медиумите информира дека синоќешниот пациент примен на нивната клиника со потврден позитивен резултат на мајмунска сипаница е во добра општа здравстена состојба и му се прават дополнителни иследувања. -Синоќа некаде пред полноќ се јавил пациент со резултат од Институтот […]

Софија очекува Љупчо Георгиевски од Битола да биде ослободен во процесот за „Ванчо Михајлов“


  БИТОЛА – Во исчекување на пресудата на Основниот суд во Битола за случајот на Љупчо Георгиевски, претседател на згаснатиот клуб „Ванчо Михајлов“, Mинистерството за надворешни работи на Бугарија објави соопштение до јавноста во кое порачува дека овој случај за Бугарија е пресвртница за рамноправноста на Бугарите во Македонија. Бугарското МНР нагласува дека овој судски […]

Онкологија: Имајте доверба во персоналот – воведени драстични промени за стандардизирање на третманот


 Универзитетска клиника за радиологија и онкологија апелира до сите засегнати, посебно до пациентите и нивните блиски, да останат смирени, сталожени и доверливи во однос на целокупниот работен процес на клиниката, уверувајќи дека се по отворањето на случајот „Онкологија“ воведени се драстични промени во работата се со цел стандардизирање на третманот на пациентите. -Апелираме до сите […]

Зголемен број на пациенти на инфективно одделение во Куманово


Зголемен е бројот на пациенти кои бараат помош за гастроинтестинални тегоби во кумановската општа болница, информираа денеска од инфективното одделение. Последните денови е регистриран пораст на лица кои се јавуваат со симптоми како повраќање, дијареја, болки во стомакот и зголемена температура, симптоми карактеристични за овие инфекции. -Со повисоките надворешните температури се јавуваат и зголемен број […]

Јаневска: Ова е земја на просветители, со реформи и заедничка посветеност да работиме УКИМ да се вброи на листата на најдобрите


Овој ден не е само одбележување на една бројка или на патронат. Тој е потсетник на една долга и вредна историја, на генерации професори, студенти и научници кои го трасираа патот на знаењето, напредокот и општествениот развој во нашата држава и пошироко. Од само неколку факултети во 1949 година, денес УКИМ брои 23 факултети, пет […]

Утре, автобусите по неделен возен ред


Утре, сабота (24.05.2025 год), поради државниот празник „Св.Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. За време на викендот, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот. Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, […]

Директорот на комунално претпријатие во Струмица незаконски купил вреќи за отпад за 50 илјади евра


СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 2 и 5, а во врска став 1 од Кривичниот законик. З.Г., поранешен директор на Јавно претпријатие за комунална дејност од Струмица, […]

Двајцата потврдени пациенти со мајмунски сипаници се од Скопје, не патувале надвор од државата


Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски на денешната прес-конференција информира дека по лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје потврдени се два случаи на мајмунски сипаници. Андоновски соопшти дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести. Апелира граѓаните да не паничат оти како што рече, системот функционира и се преземаат сите активности. И директорката на ИЈЗ, […]

Телевизијата А2 ќе се реинкарнира, но на Фејсбук и Инстаграм


  Телевизијата А2, која беше некаков вид сестра или брат на А1, ќе се врати меѓу македонската јавност преку Фејсбук и Инстаграм. Тоа се наведува во најавата испратена до македонските медиуми. А2 беше затворена пред речиси 15 години. Во нејзината реинкарнација учествува Велија рамковски, кој беше сопственик и на А1 и на А2, додека телевизиите […]

Се бара притвор за Нино Васев и другиот директор на Онкологија


Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицинскиот директор Нино Васев и организациски директор Нехат Нухи на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје. „На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични […]

Јавноста беше држена во мрак за договорот со Британија, реагира Платформата на невладините организации


  Платформата на граѓански организации за борба против корупција реагира на нетранспарентноста на процесот на преговарање на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, односно како што го нарекува Владата „Договор Влада со Влада“. Ова е веќе втор договор од ваков […]