Избрани победниците за најдобар есеј по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик


Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за избор на најдобар есеј, кој беше наменет за ученици по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик. На конкурсот право на учество имаа сите ученици од четврто до деветто одделение од основните училишта и од прва до четврта година од […]

Добро се заразените со мајмунски сипаници, нема ризик од ширење на заразата


Епидемиолозите се во редовна комуникација со двете позитивни лица на MPOX, како и со посочените контакти. Двете позитивни лица на MPOX се во добра здравствена состојба, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје. Како што потенцираат, нема нови суспектни случаи на MPOX испратени на тестирање и нема нови позитивни случаи на MPOX. Никој од посочените […]

Македонија со поддршка на ЕУ ќе го подобрува квалитетот на социјалните услуги


Системот за осигурување квалитет на социјалните услуги не е само административен инструмент, туку е и механизам за градење доверба меѓу државата и граѓанинот, доверба дека секој поединец – дете, возрасен, лице со попреченост, семејство во криза, ќе добие навремена, стручна, достпана и достоинствена поддршка, рече денеска министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани […]

Летово во шума само со дозвола, заради превенција од пожари: ќе се спојуваат ДЗС и ЦУК


Премиерот Христијан Мицкоски денеска на надзорната расправа во Собранието посветена на аерозагадувањето откри дека минатата година воздухопловите за гаснење пожари биле приземјени и нефункционални, а целокупниот систем за интервенција бил без протокол и со недоволна координација. – Минатата година трите воздухоплови кои ги имаме на располагање за гаснење на пожари беа приземјени, не беа сервисирани, […]

Иван Џолев, претседателот на Кривичен суд, избран за судија во Апелациониот суд Скопје


удскиот Совет денеска го избра Иван Џолев, претседател на Основен Кривичен суд Скопје, за судија на Апелациониот суд Скопје. Покрај Џолев, нови судии кои ќе постапуваат во кривичната област на скопската апелација се судијките Марија Клетничка Марковска и Оља Ристова од Кривичен суд и Бетим Јахја од Основниот суд Тетово. На денешната 523-та седница, Судскиот […]

Означен почетокот на проектот „Поддршка на системот за обезбедување квалитет на социјалните услуги во Република Северна Македонија“


Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска со  воведни обраќања го означија почетокот на проектот „Поддршка на системот за обезбедување квалитет на социјалните услуги во Република Северна Македонија“. Проектот, финансиран од Европската Унија, има за цел да поддржи изградба на функционален, транспарентен […]

Мицкоски не гледа проблем во прекумерната градба, туку само во прекумерната прашина


Премиерот Христијан Мицкоски денес учествуваше на Надзорната расправа на Koмисијата за здравство околу аерозагадувањето  при што изрази жалење што со децении не е направено ништо за овој проблем и само  се користела гола реторика која, според него, мора да престане и да почнат да се прават работите како што треба. „И ќе повторам, не е […]

ДУИ прогледа, реагира за хаосот со дивоградбите во Чаир


Демократската унија за интеграција преку соопштение изрази загриженост за алармантната ситуација што се одвива во Општина Чаир, каде според Градот Скопје, само во последните две години се изградени над 150 бесправни објекти, претворајќи една од најгусто населените урбани зони во Европа во неподносливо и опасно место за живеење на над 62 илјади граѓани. „Објавените снимки […]

СДСМ: Знае ли општината за масовното уништување на животната средина во Аеродром?


„Застрашувачки се информациите за масовното уништување на животната средина на територија на Општина Аеродром, откриен од инспекцијата на Град Скопје. Додека општинските инспектори за заштита на животната средина спијат, градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовка како во некое нискобуиџетно реално шоу објавува снимки од нелегална сепарација за ископ на песок кај мостот на Вардар во Долно […]

Африм Фидани избран за претседател на Врховен суд


Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Република Северна Македонија. Фидани беше избран за претседател со 8 гласа за и пет против. Кандидат беше и претходната претседателка на Врховен суд, Беса Адеми, кој доби само два гласа. Дискусијата помеѓу членовите на Судскиот совет при изборот беше во […]

Без струја викенд населбата Кучково


Без напојување со електрична енергија денеска два часа ќе остане викнед населбата Кучково во општина Ѓорче Петров, информира ЦУК. Според добиеното известување од ЕВН Македонија, прекинот во снабдувањето со струја ќе трае од 11 до 13 часот.

Почнува најголемата воена вежба во земјава „Брз одговор 2025“


Од денеска државава ќе биде домаќин на воената вежба „Брз одговор 2025“ ккао дел од големата мултинационална вежба DEFENDER 2025 со околу 12.000 војници кои учествуваат во различни земји низ Европа. Во вежбата што ќе се одржува во земјава ќе учествуваат повеќе од 2.000 војници од државава, САД, Црна Гора, Косово, Австрија, Грција, Албанија, Италија […]

Сончево време со северен ветер и температура до 24 степени


Во поголем дел од земјава, утрото ќе биде ведро и посвежо, а во источните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Преку ден, времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови, засилен ветер од северен правец – над 70 километри на […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 26 мај 2025 година, 145-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 220 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 4 минути, а ќе зајде во 19 часот и 58 минути. Денов трае 14 часа и 53 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Тим лекари ја испитуваше состојбата на повредените од пожарот во Кочани


Специјалистичкиот тим лекари од скопските клиники ја заврши евалуацијата на состојбата на повредените од трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани. Во изминатите неколку денови, во Општата болница со проширена дејност во Кочани биле прегледани повеќе од 110 пациенти кои претходно се лекувале во странство, а сега продолжуваат со физикална терапија и секојдневни преврски. Дополнително, […]

Три илјади граѓани трчаа за Кочани низ Македонија


Над 3.000 граѓани во седум градови денеска истовремено трчаа за Кочани во рамките на одбележувањето на Денот на Европа. Хуманитарната трка „Сите за Кочани-трчаме заедно“ се одржа во Скопје, Битола, Тетово, Струмица, Велес, Струга и Крива Паланка во знак на сеќавање на 62-те жртви на пожарот од Кочани и за помош на повредените. „Процесот на […]

Во сообраќајката кај касарната „Илинден“ загинале полковник и вработена во одбраната


Полковникот Стефан Ивановски, кој е поранешен припадник и командант на ЕСН Волци и Ана Нешковска која била негова сопатничка, а работела во Министерството за одбрана – се загинатите во сообраќајната несреќа кај касарна „Илинден“. Припадниците на безбедносните сили во неверување, се простија од двајцата.Меѓу другите, емотивен статус објави и ексминистерката за одбрана, Славјанка Петровска. „Не […]

Бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции


Во рамки на Европската пролетна недела на ХИВ – тестирање, „Хера“ – Асоцијацијата за здравствена едукација, ги повикува сите граѓани на бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции (СПИ) од 27 до 30 мај, секој ден од 15 до 18 часот во Младинскиот центар „Сакам да знам“ на Водно. – Денес ХИВ […]

„Комунална хигиена“: Општина Чаир намерно расфрла отпад покрај контејнерите


Од сите скопски општини само Чаир ни должи седум милиони денари за собирање на ѓубрето, вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми. Тој испрати соопштение до медиумите во кое го обвинува градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, дека не им плаќа за собирањето на ѓубрето низ општината. „Овој долг сериозно ја отежнува нашата секојдневна […]

Граѓанските организации бараат објавување на договорот со Британија пред потпушувањето


Платформата на граѓански организации алармира дека договорот за заем меѓу Македонија и Обединетото Кралство е потпишан без јавноста навремено да ги добие сите информации и услови. Ова, велат, е повторување на случајот со унгарскиот заем и бараат јавноста да ги знае деталите пред, а не откако ќе се потпише договорот. „Еднакво како што се јавува […]