Божиновска и Меџити стигнаа пред владата со едно возило! Поевтино од такси


За промоција на најновиот концепт за споделување возила – Car Sharing, како дел од заложбите за одржлив урбан транспорт и намалување на загадувањето, министерката за  енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се довезе заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, на прес-конференција пред зградата на […]

Филипче: Се најавува затварање на истрагата за Кочани без обвинение за актуелен функционер


Во емисијата 360 степени, претседателот на СДСМ Венко Филипче го осуди начинот на кој се води истрагата за трагедијата во Кочани и предупреди на институционалниот молк околу одговорноста.   „Ситуацијата во Кочани е многу сериозна. Револтот на родителите е огромен. Тие имаат сериозна забелешка за тоа како се води истрагата. Еве се најавува затворање на […]

Ангелов ја предаде функцијата на новиот директор на ЦУК Мухамед Аљи


Денеска, во просториите на ЦУК, довчерашниот директор Стојанче Ангелов, му ја предаде функцијата на новиот директор Мухамед Аљи кој на оваа позиција доаѓа од редовите на Дирекцијата за заштита и спасување. „Верувам дека за него ќе биде тешко да го следи моето работно темпо но исто така верувам дека е подготвен да даде се од […]

Милошоски: Реформи во судството со оваа постава не може да направи ни Дејвид Коперфилд!


Потпретседателот на Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, го коментираше вчерашениот избор на судии во Апелацискиот суд нарекувајќи го незаконски, а за претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, на својот профил на Фејсбук напиша дека извршил и кривично дело. Трагично или не, вели тој, но реформи на судството со оваа постава во Судскиот совет […]

Четири училишта добиваат паметен систем за енергетско управување


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес потпиша Меморандум за соработка со четири основни училишта од Скопје и со Македонски Телеком, со што започнува реализацијата на иницијатива за поефикасно користење на електричната енергија и за унапредување на енергетската свесност во образовниот систем. „Енергетската ефикасност мора да почне од основата – од нашите училишта, каде […]

Ангелов како директор на ДЗС, ќе работи на спојување со ЦУК


Стојанче Ангелов е нов в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Како што информираше Ангелов, по претходен договор со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, тој е разрешен од позицијата директор на Центарот за управување со кризи и од денес стапува на новата функција. Ангелов, како што информира ќе работи на обединување на ЦУК […]

За дигитализација на матичните книги 8,5 милиони евра, а дел од граѓаните добиваат изводи издадени на машина за пишување


 Државниот завод за ревизија укажува дека се уште не е завршена дигитализацијата на матичните книги  и покрај тоа што започнала пред повеќе од една деценија и во неа се вложени над 520 милиони денари. Скенирани се 52 проценти од записите во матичните книги, а внесени во електронскиот матичен регистар се 49 проценти од записите. Ваквиот […]

Африкански бран и летни температури од средината на следната седмица


Следната седмица ни пристигнува првиот Африкански топол бран и истиот конечно ќе ни донесе многу повеќе сонце, како и летни температури на воздухот, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски. Во текот на следната седмица, температурите ќе бидат летно високи и тие на повеќе места ќе се искачат близу 30 степени, а во Повардарието тие ќе бидат  над […]

Делови од Скопје без струја и вода


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска од 6 до 9 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Борка Талевски“ во Општина Центар, од 9 до 15 часот,  од селата  Горно Оризари и Голиево, вклучувајќи го и каменоломот на АД Гранит во село Бразда, во Општина Чучер Сандево, а од 10 до 13 […]

Сончево и потопло со умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени, информира Управата […]

Сагата со распуканиот асфалт во Битола се претвора во трагикомедија


  БИТОЛА – Распуканиот асфалт на битолската улица „Бурса“, или попозната како обиколницата во индустрискиот дел на Битола, добива трагикомична димензија. Градежната фирма „БВ Инженеринг“ Битола објави дека вчера таман го санирале распуканиот асфалт на обиколницата која минува низ индустрискиот дел на градот и ставиле заштитна ограда никој да не поминува по новиот асфалт, оти […]

Расте бројот на загрозените белоглави мршојадци во Македонија


Бројот на загрозените белоглави мршојадци во Македонија бележи значителен пораст, покажуваат најновите податоци од пребројувањето спроведено од Македонското еколошко друштво (МЕД) и Здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци. Оваа гнездечка сезона се потврдени 19 до 20 активни двојки, што претставува највисока бројка од 2010 година наваму. Од вкупниот број, 9 двојки се гнездат […]

Стојанче Ангелов нов директор на Дирекцијатa за заштита и спасување


Досегашниот директор на Центарот за упрaвување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов е нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Владата го назначи Ангелов на оваа функција на местото на Џеват Селами од Коалицијата „Вреди“, кој е во домашен притвор во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март со 62 […]

Тошковски: Добро е што градоначалничката на Град Скопје конечно реши да се разбуди од зимски сон


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите на градоначалничката на Град Скопје дека ќе поднесе кривични пријави, потенцираше дека е добро што „конечно после четири години решила да се разбуди од зимски сон“. -Можеби доставила кривични пријави, можеби не. Добро е што градоначалничката на Скопје после четири […]

Тошковски: Обвинителството да го истражи и тендерот за набавка на униформи, и сите тендери за кои постојат сомнежи за незаконитост


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска ги повика Јавното обвинителство и останатите институции да го истражат не само тендерот за набавка на униформи, туку сите останати тендери за кои постојат индиции за какви било сомнежи во делот на незаконитост. Тој демантираше дека сопственичката на модното студио, за кое опозициската СДСМ обвини дека е основано […]

Судскиот совет избра шест нови судии во Апелационен суд Скопје


Елизабета Настов, Софија Миленкова, Цветанка Силјановска Костадиновска, Кети Германова, Благица Ѓошевска и Артан Лимани се новите судии кои Судскиот совет ги избра денеска во граѓанска област на Апелационен суд Скопје. Претходно во кривичниот оддел на Апелациониот суд беа избрани четири нови судии, Марија Клетничка Марковска, Оља Ристова, Иван Џолев (претседател на Основниот кривичен суд Скопје) […]

ССНМ бара даночно ослободување на придонесите на новинарите


Даночно ослободување на придонесите на новинарите и медиумските работници, усогласување на договорите за работа со законската рамка и јасна дистинкција меѓу вистинскиот синдикат и жолтите синдикати, односно лоцирање на непријателите на синдикалната борба, бара Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Како што беше речено на денешната завршна конференција од проектот „Работнички права за […]

ОЈО ќе ги повика оштетените пациенти од Онкологија: кај 47 е потврдено несоодветно лекување


Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот „Онкологија“ Ана Гоговска – Јакимовска денеска остварија средба со Ана Марјановиќ и Ангелика Колева, претставнички на неформалната организација која ги застапува онколошките пациенти, со цел да ги информираат за деталите од поднесените обвиненија против лекари од Клиниката за радиотерапија […]

Екологисти од Кавадарци против изградба на две мали хидроцентрали на планината Кожуф


Екологистите од Кавадарци се против изградба на две мали хидроцентрали на планината Кожуф. Недозволиво е за нечиј бенефит да се уништуваат националните богатства. Вака денеска реагираа кавадаречките еко активисти од регионалното здружение ,,Еко – живот”.  – Се надеваме дека овој апел ќе допре до највисоките институции и дека ќе покажат еколошка зрелост, истакна претседателот Роберто […]

Студенти од Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола ќе бидат практиканти во МОН


Министерството за образование и наука ја проширува соработката со високообразовните институции овозможувајќи учество на студентите во унапредување на дигиталното работење и забрзување на дигитализацијата на образованието. Студенти на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола ќе бидат практиканти во министерството, за што е потпишан меморандум. Студентите ќе учествуваат во извршување на оперативните потреби наминистерството, […]