Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните североисточни делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи,  минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 19 до […]

Без вода дел од корисниците од улица „Црвена Вода“ во Центар


Поради изведување водоводен приклучок од Ф-80мм на ул. „Црвена Вода“ 24 во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од таа улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до санирање на дефектот. 

Кедев го искачи врвот Канченџунга, третиот највисок на светот


Доктор Сашко Кедев го искачи врвот Kanchenjunga (8,586m), третиот највисок врв на светот. Познатиот македонски кардиолог и алпинист беше дел од 10-члената група на Imagine Nepal, која на 23 мај го искачи овој врв, објави на Х поранешната министерка за култура Ганка Цветанова. На Кедев му остана уште врвот Gasherbrum-I, за да ги комплетира сите […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 28 мај 2025 година, 147-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 218 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 3 минути, а ќе зајде во 20 часот. Денов трае 14 часа и 56 минути.  Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во 5 часот и […]

Реакција на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија на изјава на професорот Иван Динев Иванов


Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, денеска реагираа на изјави на професорот Иван Динев Иванов, со кои се прави обид да се искривува историската вистина на улогата на тогашните фашистички бугарски власти во холокаустот врз Евреите во Македонија за време на Втората Светска војна. Реакцијата ја пренесуваме во […]

Обвинителството ќе се вклучи во „ловот“ на Данела по дивоградби во Чаир


  „Ловот“ на дивоградби во општината Чаир од страна на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, го забележаа и во јавното обвинителство. Основното јавно обвинителство информира дека утринава до скопското обвинителство е доставено известување од страна на Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје за конкретниот случај, за кој веќе се постапува. „Во однос на сомненијата за […]

Општина Карпош доделува пластични канти за селекција на отпад за домаќинства


Општина Карпош распиша јавен оглас за доделување на пластични канти од 120 литри за селекција на отпад на домаќинства кои живеат на територија на Карпош Ова е линкот: https://shorturl.at/kr4J3 каде може граѓаните да го видат јавниот повик „Барање за доделување на пластични канти од 120 литри за селекција на отпад на домаќинства кои живеат на територија на […]

Митева: За првпат во историјата научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатни


После сериозните инвестиции во образованието, преку реформски закони, до инфраструктурни подобрувања и покачувања на платите, следува нова мерка во образованието која сега фокус става на науката. Конечно, со денешната одлука на Владата за усвојување на измената на Програмата за научно – истражувачка дејност за 2025 година за прв пат во историјата научните бази Web of […]

ОЈО тврди дека целосно е разбиена криминалната група „Беланоца-Барон“


По спроведена континуирана и темелна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд поднесе Обвинителен акт против девет лица – припадници на организирана криминална група „Беланоца- Барон“. Во координација со органите на прогонот, обезбедени се обемни и релевантни докази врз основа на кои на обвинетите им се […]

Пуштена и последната пациентка од болницата во Солун, на лекување во Грција остануваат уште двајца повредени од трагедијата во Кочани


Од општата болница „Папаниколау“ во Солун, вчера беше отпуштена и последната пациентка, која заедно со уште две лица беа хоспитализирани на 16 март, само неколку часа по трагичниот пожар во Кочани, додека пак во Грција, на лекување остануваат уште двајца повредени, згрижени во атинската воена болница, јави дописничката на МИА од Атина. Од солунската болница, […]

Разрешен судијата Енвер Беџети кој од лани е на „црната листа“ на САД


Судскиот совет вчера го разрешил апелациониот судија Енвер Беџети, кој од декември 2024 година е ставен на црната листа на американскиот Стејт Департмент на корумпирани функционери, непожелни за влез во САД. ОЈО води постапка против Беџети, испитуваат коруптивни дела од негова страна и за трговија на влијанија. Во јануари 2023 година комисијата на Судскиот совет […]

Во моментов немаме ниту еден функционален ер-трактор: Ангелов почнува од нула


Стојанче Ангелов, новиот директор на Дирекцијата за заштита и спасување рече дека Дирекцијата се подготвува за престојните пожари, но во моментот нема ниту еден ер-трактор, сите авиони се на сервис. „Дозволете барем неколку недели, оваа влада има јасен став и курс дека треба да бидеме подготвени летово. Подготвуваме неколку изненадувања кои ќе ни помогнат полесно […]

Реконструирани дел од објектите на тетовскиот Регионален Центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“


Во Регионалниот Центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ денеска се изврши промоција на реконструкцијата на дел од објектите, реализирана со поддршка од Европската Унија во вредност од над 3.8 милиони евра. Досега завршен е објектот број 2 или познат како Стара зграда, додека во тек е обновата на објектот број 1, познато како […]

Данела „лови“ дивоградби низ Чаир и го нарече градоначалникот Ганиу „криминалец“


  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска објави нова незаконски легализирана изградена зграда во Чаир. Таа нагласи дека во 10 скопски општини не се градат незаконски згради, а тоа единствено се случува во Чаир. Притоа Арсовска на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу му порача „Висар, дечко, те чекаме да дојдеш, имаш направено фалсификат при […]

Во Кочани, Штип и во Скопје почнаа сослушувањата на семејствата на жртвите од пожарот во „Пулс“


Денеска започнаа сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека „Пулс”, информираа од Јавното обвинителство.  Оттаму додаваат дека се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје согласно распоредот кој беше утврден директно со семејствата на жртвите во соработка со организацијата “Support Kocani”. Како што соопштуваат од Обвинителството, […]

МДТ: Владата ги усвои Законот за електронски комуникации и првиот Закон за сајбер безбедност


 Владата денеска усвои два стратешки и суштински закони за иднината на дигиталното општество: новиот Закон за електронски комуникации и првиот Закон за безбедност на мрежи и информациски системи (сајбер безбедност), соопштија од Министерството за дигитална трансформација. Со ова, како што стои во соопштението, се отвора ново поглавје во дигиталната трансформација на земјата и се поставуваат […]

Се гради нов пат во Ѓорче Петров, врска со клучната сообраќајна артерија кон обиколницата


Во општина Ѓорче Петров се врши пробивањето на нов пат – улица што ќе ја поврзе ул. „Социјалистичка Зора“ со ул. „Сремски Фронт“. Вкупната вредност на проектот изнесува 8.879.500 денари, од кои најголемиот дел се обезбедени преку капитални дотации од државата, додека остатокот е конфинансиран од општината. – Создаваме нова врска до ул. „Ѓорче Петров“, […]

Граѓаните нема повеќе да чекаат потврда за ослободување од партиципација


Околу 12 илјади граѓани нема повеќе да чекаат потврда за ослободување од партиципација преку поврзување на системите на социјална и здравствена заштита. Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека граѓаните – корисници на права од системот на социјална заштита кои се ослободени од партиципација за користење на здравствена заштита, можат непречено […]

Францускиот јазик ќе се изучува како изборен предмет во петто одделение


Дваесет и пет основни училишта од следната учебна година ќе имаат можност да го воведат францускиот јазик како изборен предмет во петто одделение, доколку кај учениците постои интерес за негово изучување. Ова е предвидено во анексот на меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Француската амбасада, што денеска го потпишаа министерката Весна […]

Петар Богојески не запира со недоличните коментари, сега и за новинари


  Новиот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, уште недоседнат во функционерската фотелја продолжува со недоличните навредливи коментари кон одредени луѓе. Сега Богојески се нафрли на новинарите од порталот „Рацин“. Богојески, како што објавува „Рацин“, пишува коментари на социјалните мрежи на порталот со навредливи содржини за медиумот и за уредниците и […]