Тетово воведе бесплатен градски превоз, што и не е баш бесплатен


Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами денеска го промовираше бесплатниот градски превоз, но тој ќе важи само за оние кои ги имаат подмирено сите обврски кон државата. Бесплатниот превоз ќе се регулира преку електронска наплата и преку користење припејд картички. „Јавното претпрјатие за јавен превоз денеска го стави во функција системот за електронска наплата и …

Тетово воведе бесплатен градски превоз, што и не е баш бесплатен Read More »

Трендафилов објави видео како Стојаноска го поддржува. Но во 2022, кога беше во опозиција


  Пратеничката Дафина Стојаносака го нападна лидерот на ССМ, Слободан Трендафилов, а тој ѝ возврати и со еден видео прилог цо кој таа им дава поддршка на нивните протести. Трендафилов на социјалните мрежи сподели видеоснимка од ТВ-прилог на која може да се види и слушне како пратеничката на ВМРО-ДПМНЕдава поддршка на штрајкот што ССМ го …

Трендафилов објави видео како Стојаноска го поддржува. Но во 2022, кога беше во опозиција Read More »

Левица: ДПМНЕ го одби нашиот предлог за заштита на бремените работнички од отказ


Пратениците од власта не гласаа за предлог-измените на Левица со кои се предвидува заштита од отказ на работничките за време на бременост, наведува Левица во соопштение. „Со негласањето за предлог-законот на Левица ќе продолжи неизвесноста на бремените работнички што се вработени на определено време, во услови кога државата се соочува со драстично намален наталитет. И …

Левица: ДПМНЕ го одби нашиот предлог за заштита на бремените работнички од отказ Read More »

Алиу: Паркингот на Клинички ќе има паметен систем, комплетен мониторинг, сензори и хортикултурно уредување


Со одлуката на Владата донесена во вторникот се овозможи конечно решавање на деценискиот проблем со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ – рече денеска министерот за здравство Азир Алиу. Се создаде правна основа за потпишување договор со Град Скопје. Договорот ќе биде склучен на 15 години, со закупнина во висина од 10 отсто од вкупно …

Алиу: Паркингот на Клинички ќе има паметен систем, комплетен мониторинг, сензори и хортикултурно уредување Read More »

Давидовиќ очекува масовни ослободителни пресуди за „Пулс“


Во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5  адвокатот Звонко Давидовиќ изнесе сериозни правни забелешки во врска со судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, оценувајќи дека правната квалификација за најголемиот дел од 34-цата обвинети е правно неодржлива. Како бранител на двајца од обвинетите, Давидовиќ посочи дека е апсурдно градоначалници и директори …

Давидовиќ очекува масовни ослободителни пресуди за „Пулс“ Read More »

СДСМ: Доста за правилникот; кажете како пет тони канабис ја поминаа границата


  Опозициската СДСМ денеска повторно го постави прашањето – како петте тони медицински канабис ја преминале границата и завршиле во Србија и побара од властите да одговорат на тоа а не постојано да се поставуваа загатката за „правилникот“. СДСМ вели дека сето тоа што го пласира ВМРО-ДПМНЕ се лаги и ги наведува сите измени на …

СДСМ: Доста за правилникот; кажете како пет тони канабис ја поминаа границата Read More »

Хоџа:  Регионалниот систем за отпад е реалност, затоа 2026 е година на промени


Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа се обрати на настанот „Патеки за вештини и инклузија во секторот за цврст отпад“, организиран од канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Северна Македонија, кој се одржа во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје. Во своето обраќање, министерот Хоџа се осврна на системските …

Хоџа:  Регионалниот систем за отпад е реалност, затоа 2026 е година на промени Read More »

Полицијата на терен: „Ги чешлаат“ фирмите што произведуваат медицински канабис


Министерот за здравство Азир Алиу денеска соопшти дека почнаа контролите на сите фирми за производство на медицински канабис. Како што рече на прес-конференција, ќе мора да се проверуваат 43 лиценци.  Донесена е, потсети Алиу, и владина одлука за именување членови на меѓуресорската комисија. – Од денеска почнуваат вонредните контроли заедно со МВР. Најверојатно, додека трае …

Полицијата на терен: „Ги чешлаат“ фирмите што произведуваат медицински канабис Read More »

„Гнаси вмроидни“ и „Гадури левичарски“: навреди меѓу Апасиев и Стојаноска за децата на Трендафилов


  Во електризираната ситуација со објавување на децата на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во видеото споделено од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, се вклучи и лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Тој преку социјалните мрежи упати навредлива порака до Стојаноска, која му возврати на ист начин. „Добро утро Дафино. Чиви ДЕЦА ќе објавуете денеска по …

„Гнаси вмроидни“ и „Гадури левичарски“: навреди меѓу Апасиев и Стојаноска за децата на Трендафилов Read More »

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природа со отпад од член 230 од Кривичниот законик. Во периодот од 28.02.2025 до 09.07.2025 година, обвинетите незаконски оставале, собирале и управувале со опасен отпад што …

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице Read More »

Училишна сала со трибини за гледачи се гради во Влае


Денеска се постави камен-темелник за нова спортска сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Општина Карпош, која ќе има и трибини, односно, наптревари во неа ќе мое да следат околу 400 гледачи. Како што рече градоначалникот на Карпош, Сотир Луковски, таа ќе биде градена по највисоки стандарди, ги следи стандардите на сите меѓународни спортски федерации. …

Училишна сала со трибини за гледачи се гради во Влае Read More »

ДЗР: Депоата на Државниот архив немаат услови за заштита на архивскиот материјал


Слабости во пописот на побарувањата и обврските, неправилности во остварувањето на приходите, давање попусти и подароци, исплаќани надоместоци без законска основа, плаќање данок на додадена вредност за услуги поврзани со основната дејност и слабости во спроведувањето и реализацијата на јавните набавки, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во ревизорскиот извештај за Државниот архив на Република …

ДЗР: Депоата на Државниот архив немаат услови за заштита на архивскиот материјал Read More »

Лиски, галеби и корморани се најзастапените дојрански водни птици, кои ја задржале бројноста во последните пет години


 За приближно 2.000 единки, во споредба со минатата година, нараснал бројот на водни птици, чие редовно живеалиште преку зимата им е Дојранското Езеро, покажаа резултатите од годинешниот зимски попис на птици изработен под водство на Македонското еколошко друштво (МЕД). Од таму додаваат дека вкупно 6.209 водни птици се избројани во Дојран, а како и во …

Лиски, галеби и корморани се најзастапените дојрански водни птици, кои ја задржале бројноста во последните пет години Read More »

Сообраќајот без застои, по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со …

Сообраќајот без застои, по влажни коловози Read More »

Новиот член на Судскиот совет, Садула Изаири, ќе даде свечена изјава


Новиот член на Судскиот совет, Садула Изаири, денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Судијата од Судот во Тетово Садула Изаири на 30 јануари годинава освои најмногу гласови на непосредни избори за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на етничките заедници кои се над 20 отсто во државата. …

Новиот член на Судскиот совет, Садула Изаири, ќе даде свечена изјава Read More »

ССМ напладне ќе ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите


Сојузот на синдикати денеска напладне ќе ја реализира втората од најавените три блокади барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. По блокирањето на влезовите на македонското Собрание во понеделникот, денеска ќе биде блокирана Стопанската комора во центарот на Скопје.  Блокадата на Комората е поради, како што …

ССМ напладне ќе ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите Read More »

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно во повремен локален дожд во утринските часови и со кратки сончеви периоди во текот на денот. Кон крај на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура …

Променливо облачно со повремен дожд Read More »

Во ГОБ „8-ми Септември“ повторно работи неврохируршката служба, оперирани двајца пациенти


По повеќе години пауза, во Градската општа болница „8-ми Септември“ повторно се обновува неврохируршката служба. Во рамки на обновената работа, денеска се успешно оперирани двајца пациенти со тежок деформитет на ’рбетниот столб и стеноза на спиналниот канал –  соопшти ГОБ „8-ми Септември“.  Интервенциите, како што информираат, се изведени согласно најсовремените медицински протоколи, а пациентите се …

Во ГОБ „8-ми Септември“ повторно работи неврохируршката служба, оперирани двајца пациенти Read More »

Прилеп добива Центар за е-услуги – сместен спроти Општината


 Со одбележување на Денот на безбеден интернет преку интерактивни активности во прилепското Основно училиште „Кире Гаврилоски -Јане“ го завршуваме големиот проект за воспоставување Центар за побезбеден интернет во Македонија, поддржан од дигитална Европа и од Европската Унија, рече денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во Прилеп на одбележувањето на Денот на безбеден Интернет. Тој информира дека …

Прилеп добива Центар за е-услуги – сместен спроти Општината Read More »

Државата не би се мешала во семејните работи за забрана за социјални мрежи на лица под 15 години


Родителите трба да ја задржат контролата над децата во однос на употребата на социјалните мрежи, а државата не сака да се меша, затоа што опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе, смета министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. На новинарско прашање што планира државата во однос …

Државата не би се мешала во семејните работи за забрана за социјални мрежи на лица под 15 години Read More »