Алиу најавува краткорочно решение за паркингот на Клинички


Се прават напори да се реши хаосот на паркингот во Клиничкиот центар во Скопје, а а ко се реализира идејата тоа може да го реши проблемот со паркирање на кус рок. За долгорошно решение се чека ,прво да се прецизира каде и кога ќе се гради новиот Клинички центар, објасни министерот за здравство Азар АЛиу […]

Се мие Гази Баба


Општина Гази Баба, во соработка со ЈКП Гази Баба, започнува акција за миење на улиците, тротоарите и плоштадите на територијата на целата општина информираше градоначалникот Бобан Стефковски. „Со оваа акција се овозможува поефикасно отстранување на прашината, нечистотиите и останатите отпадоци од јавните површини. Чистите улици значат поздрава средина за сите – особено во летниот период, […]

„Центарска симфонија“ е музичко патување низ емоции, во срцето на Скопје


Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски ги поканува сите љубители на културата и музиката на настанот „Центарска симфонија“, што ќе се одржи на 28 јуни 2025 година (сабота), со почеток во 20:00 часот на Плочник – Градски Ѕид кај Клуб на новинари. „Центарска симфонија е музичко патување низ емоции, спомени и современи интерпретации – во […]

„Цивил“: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек


  Повеќе од две години траеше политички мотивираниот судски процес, против претседателот на „Цивил“ – Центар за слобода, новинар и бранител на човековите права, Џабир Дерала, покренат од Христијан Мицкоски – тогашен лидер на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, сега премиер на Република Северна Македонија, а кој го водеше неговиот близок соработник и денешен министер за внатрешни […]

Колку и какви лекари има секоја болница, па и хигиеничари ќе можe да се види на новата веб-страница на МЗ


Нов портал на министерството за здравство ќе нуди информации со многу податоци, за што деновиве биле одржани состаноци со директори на болници, информира денеска новиот министер за здравство, Азир Алиу. Порталот ќе биде визуелно разбирлив и прилагоден за јавноста, особено за новинарите, и ќе содржи податоци како: број и вид на лекари по болници и […]

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември


Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на престојот во Емиратите денеска најави дека во средината на септември ќе има голема воена парада во Белград. – Во септември ќе имаме голема воена парада во Србија. Ќе покажеме многу работи што сме ги стекнале, произвеле и успеале да ги воведеме во вооружувањето на српските вооружени сили, рече […]

Двајца војници повредени при гаснење пожар во тетовската касарна


  Двајца припадници на Армијата се повредни по пожар кој денеска околу 14 часот се случил во тетовската касарна, според првичнните информации од Територијалната противпожарна единица Тетово. -Интервенирано е со седум пожарникари, со два камиони и едно теренско возило за специјални интервенции, по што пожарот е локализиран за половина час. Двајцата повредени се обиделе да […]

Спомен-обележје во центарот на Кочани за починатите во пожарот со буџетски пари


 Собранието денеска одобри прераспределба на средства меѓу буџетските корисници со кои се обезбедуваат два милиони денари за изработка на идејно решение и почнување активности за изградба на спомен обележје за починатите во пожарот во Кочани, 600 милиони денари за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините и 242,3 милиони денари за исплата кон заштитни […]

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски


Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако денеска во Основен кривичен суд Скопје одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда. Основното јавно обвинителство претходно побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, […]

Музејот Јени џамија во Битола повторно е под клуч, шест месеци по отворањето


  БИТОЛА – Повторно е под клуч Музејот на христијанско–исламското културно наследство  Јени џамија во Битола. Среде лето во услови на зголемена туристичка посетеност на Битола, музејот Јени џамија во строгиот центар на градот, е затворен за посетителите и со катенец на врата. Од Завод и Музеј Битола велат дека ќе се изведуваат нови градежни […]

Еминентната, скромна д-р Светлана Мојсов избрана за почесен професор на УКИМ


Професорката д-р Светлана Мојсов, една од најеминентните хемичарки во светот, е избрана за почесен професор (Professor honoris causa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Одлуката ја донесе Сенатот на УКИМ, по номинацијата од Природно-математичкиот факултет во Скопје, чиј интегриран дел е Институтот за хемија. Д-р Мосјов, заедно со д-р Џоел Хабенер и д-р […]

Туфегчиќ: Обвинението против Александар Ѓорчевски е неосновано и опасен правосуден преседан, бараме ослободување


Обвинението против Александар Ѓорчевски е во целост неосновано, неаргументирано, паушално и засновано на претпоставки кои не наоѓаат своја поткрепа во доказите на обвинителството. Одбраната докажа дека токму неосновано обвинетиот Александар како татко на детето Вања е жртва и оштетен во оваа постапка заедно со мајката Зорица и неговото семејство и докажа дека тој во критичниот […]

Проф. д-р Венера Крлиу избрана за нова ректорка на Универзитетот Американ Колеџ Скопје


Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) доби нова ректорка. По изборите спроведени на сите академски единици на универзитетот, за ректорка е избрана проф. д-р Венера Крлиу, која ја презема оваа клучна позиција со мандат од 1 октомври 2025 година.  Со овој избор, УАКС најавува почеток на нова фаза на развој, фокусирана на квалитетно образование, зајакнување на […]

Арсовска ја обвинува претседателката на УО на КХС за хаосот со собирањето на комуналниот отпад во Скопје


Градоначалнилчката на Град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи директно ја обвини претседателката на УО на Комунална хигиена Скопје за хаосот со собирањето на комуналниот отпад во Скопје. „На госпоѓата која е со правосилна судска пресуда ОСУДЕН КРИМИНАЛЕЦ, работите никако да и тргнат од рака да ги тера по пропис, па за денес во 13 […]

Бошњачкиот сојуз поднесе иницијатива за додавање на геноцидот во Сребреница во Кривичниот законик


Бошњачкиот демократски сојуз денеска на прес-конференција соопшти дека во својство на политички и национален претставник на македонските граѓани кои се припадници на бошњачкиот народ, покренал иницијатива за дополна на Кривичниот законик со која се бара во ставот 3 од член 407-а од КЗ, по зборот „холокауст“ да се додадат зборовите „геноцидот во Сребреница“.  Конкретниот предлог […]

Се бараат ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски


Бранителот на обвинетиот Влатко Кешишев, адвокат Игор Ефремов, денеска во Основен кривичен суд Скопје побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, со образложение дека тој не само што не учествувал, туку ниту знаел, ниту имал намера тоа да се случи. Евентуална вина, како што посочи, може […]

Во Скопје 740 дивоградби за пет години, најногу во Центар, Ѓорче и Бутел


Во периодот од 2019 до 2023 година, на територијата на Скопскиот регион се пријавени вкупно 740 бесправно изградени објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу дивоградби има во општина Центар – 122, по што следуваат Ѓорче Петров со 104, Бутел со 108 и Карпош со 98 пријавени случаи. Во останатите скопски општини бројките […]

Кривична пријава за узурпација на јавен простор против угостители во Кочани поднесе в.д. градоначалникот Крстевски


Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“ сѐ уште има угостителски објекти во Кочани кои работат спротивно на законските прописи и стандарди загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, а нивните сопственици не преземаат мерки тоа да се промени и спречи, поради што в.д. градоначалникот Венко Крстевски денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за узурпација […]

Од денеска до петок нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


 Од денеска до петок во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град. Во Скопје денеска во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР упатија препорака во случај […]

МЗ ќе ги обедини сите акции за помош на настраданите во Кочани


Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со процесите за тоа какви донации се потребни за семејствата на настраданите и за повредените во дискотеката во Кочани, а ќе ги обедини и сите поединечни акции за помош на жртвите, без разлика дали се работи за финансиска помош или простор за рекреација, рехабилитација и социјализација, соопшти денеска министерот […]