Шекеринска: Ниту сум имала контакт со семејството на возачот кој ја прегази Фросина, ниту сум ургирала за некого


Поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска преку објава на Фејсбук ги демантира наводите што изминатите денови беа пласирани во јавноста за нејзина поврзаност во случајот со возачот кој ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“.  Шеќеринска вели дека со ниту едно од споменатите лица немала никаков контакт ниту познанство – ниту со возачот, ниту …

Шекеринска: Ниту сум имала контакт со семејството на возачот кој ја прегази Фросина, ниту сум ургирала за некого Read More »

СДСМ повикува на натпартиски договор во Собранието за реформа на правосудството


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа ја повика Владата да работи на темелна реформа на Кривичниот законик во согласност со европските стандарди. „Апелирам до Владата сериозно да поработи на новиот Кривичен законик, кој се работи со претставници од ЕУ и кој треба да биде усогласен со германското законодавство. Овој закон …

СДСМ повикува на натпартиски договор во Собранието за реформа на правосудството Read More »

Левица ќе бара законски измени за ограничен мандат и кривична одговорност за судиите


Лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев најавува дека наскоро од страна на пратеничката група ќе бидат предложени законски измени со кои ќе се бара воведување на ограничен судиски мандат по примерот на уставните судии и воведување на кривична одговорност за судиите кои нема да ги применат или ќе ги злоупотребат законите. – Она што ни треба …

Левица ќе бара законски измени за ограничен мандат и кривична одговорност за судиите Read More »

Четиригодишно дете починало во Струшката болница, ова се деталите


Четиригодишното дете што утрово почина на Детското одделение во Струшката болница имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри, потврди за МИА директорот на Струшката болница Владимир Бунчески. Во изјава за МИА посочи дека детето било донесено во многу тешка состојба со подраширени зеници и оти борбата на лекарите да го вртат во …

Четиригодишно дете починало во Струшката болница, ова се деталите Read More »

Инспекторите на АХВ под лупа ги ставија и болничките кујни


 Сто и десет килограми небезбедна храна, минатата недела уништија инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во кујни во болничките установи во земјава, во рамки на спроведените 43 вонредни инспекциски надзори.  – Со контролите утврдено е дека пет кујни ја немале исполнето законската обврска за регистрација како оператори со храна во АХВ, …

Инспекторите на АХВ под лупа ги ставија и болничките кујни Read More »

Без вода дел од Центар


Од 09:45 часот без вода се корисниците на дел од улицата „Владимир Полежановски“ и улицата „Христо Смирненски“ во општина Центар, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“.  Прекинот е поради уличен дефект на улицата „Владимир Полежановски 30“ во населбата Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

Исчистен сметот кај Градскиот стадион и ул. Козара


Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека големата акција за чистење на сметот во Центар продолжи и во текот на вчерашниот ден, кадешто општинските служби целосно го имаат исчистено сметот околу Градскиот стадион во Парк и дел од улицата Козара во населбата Капиштец. „Викендов, интензивно работиме на чистење на нашата општина. Го чистиме сметот, ги миеме улиците …

Исчистен сметот кај Градскиот стадион и ул. Козара Read More »

Филипче: Листите на чекање растат, лекови нема


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа остро ја критикуваше актуелната состојба во здравствениот сектор, обвинувајќи ја Владата за крајно неодговорно водење на здравствените политики. „Сметам дека крајно неодговорно се водат политиките во секторот здравство. Има бројни проблеми. Колегите навистина укажуваат на тоа дека системот не функционира како што треба“, изјави …

Филипче: Листите на чекање растат, лекови нема Read More »

Раритетни книги и печатарски машини во Музејот на Битолската библиотека


Најстарите раритени книги во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола датираат од пред повеќе од два века, а во Музејот на библиотеката сведочат и печатарските машини на кои се испечатени прогласот за Првото заседание на АСНОМ и вториот број на весникот „Нова Македонија“. Музејот на Универзитетската библиотека со раритетна библиотечна поставка е во стариот објект на …

Раритетни книги и печатарски машини во Музејот на Битолската библиотека Read More »

Без струја делови од Зелениково, Кисела Вода и Сарај


Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека утре без струја времено ќе бидат дел од корисниците во општините Зелениково, Кисела Вода и Сарај.  Од 08 до 14 часот струја ќе немаат дел од корисниците од селото Орешани, како и корисниците од викенд населбата Орешани во општина Зелениково, а од 09 до 15 часот …

Без струја делови од Зелениково, Кисела Вода и Сарај Read More »

Променливо облачно, претпладне со магла по котлините


Времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од …

Променливо облачно, претпладне со магла по котлините Read More »

Тошковски: СДСМ да не ја користи трагедијата за собирање на политички поени


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој беше повикан од СДСМ да одговори како возачот кој ја прегази Фросина Кулакова добил мобилен телефон во затворот Шутка, во објава на Фејсбук побара од СДСМ да не ја користи трагедијата за да собира политички поени. – Во однос на прашањата на СДСМ упатени до мене за тоа …

Тошковски: СДСМ да не ја користи трагедијата за собирање на политички поени Read More »

Пандов потврди дека е најден телефон кај Јованов, најави дисциплинска постапка


Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов потврди дека кај 20-годишниот возач кој ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова, а кој е во притвор во „Шутка“, е пронајден мобилен телефон. Најавува дисциплинска постапка откако ќе биде утврдено кој го обезбедил телефонот, иако, како што вели, се сомнева дека се повеќе вработени лица.  – Направен …

Пандов потврди дека е најден телефон кај Јованов, најави дисциплинска постапка Read More »

Возачот кој ја прегази Фросина во Шутка добил мобилен телефон, тврди СДСМ


Возачот кој ја прегази 22-годишната студентка од Неготино Фросина Кулакова, во  истражниот затвор во Шутка добил мобилен телефон, тврди во соопштение опозициската партија СДСМ. Идентични информации претходно се појавија на социјалните мрежи, а исто така за ова обвинија и од семејствот на трагично загинатата Кулакова. На фотографиите се гледа лице облечено во дуксер со качулка …

Возачот кој ја прегази Фросина во Шутка добил мобилен телефон, тврди СДСМ Read More »

Граѓаните во Скопје и денеска запалија свеќи за Фросина Кулакова


Со палење свеќи и положување цвеќе, граѓаните и денеска и оддадоа почит нa Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена додека поминуваше пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзалната сала во Скопје.  Дваесет и двегодишната девојка пред три дена беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка …

Граѓаните во Скопје и денеска запалија свеќи за Фросина Кулакова Read More »

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување


Енормното загадување на воздухот во Струмица со ПМ 10 честички и заради надминатиот праг на алармирање, како и по четврти пат оваа зима стапување во сила на препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, денеска ги крена струмичките екологисти и граѓаните на протестен марш под мотото „Забрането дишење“во организација на Еколошкото здружение „Здрава …

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување Read More »

Поскапувањето на парното ќе доведе до нова еколошка катастрофа, предупредува Шукова


Потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, предупреди дека поскапувањето на парното ќе доведе до нова еколошка катастрофа, бидејќи граѓаните ќе бидат принудени да користат алтернативни и многу поштетни извори на греење, што ќе го зголеми загадувањето. Според неа, ова е директен удар врз семејните буџети, во време кога трошоците за живот експлодираат, а платите остануваат исти. …

Поскапувањето на парното ќе доведе до нова еколошка катастрофа, предупредува Шукова Read More »

Прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците од улицата „Борис Трајковски“


Прекин во водоснабдувањето денеска од 12:30 часот до завршување на работните активности имаат корисниците од улицата „Борис Трајковски“ од Стаклара до Цементара и уличките број 11:13 и 15, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. -Ве известуваме дека на ден 01.02.2025 г. поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 300мм. на улица „Борис Трајковски“ 73 …

Прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците од улицата „Борис Трајковски“ Read More »

Ограничен сообраќаен режим на автопатот Петровец – Скопје, клучка Кадино поради симулациска вежба на МВР


На автопатот Петровец – Скопје, клучка Кадино денеска во 10 часот во организација на Министерството за внатрешни работи се изведува симулациска вежба, поради што на овој дел од од автопатот има ограничен режим на сообраќај. МВР апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници со цел безбедно одвивање на сообраќајот. 

Тетовските пожарникари лани имале рекордни 984 интервенции, во просек по три дневно


Во текот на 2024 година Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово бележи вкупно 984 интервенции или речиси три интервенциии секојдневно. Според командирот на ТППЕ Тетово, Авни Амети, кој 15 години работи како пожарникар, ова е рекордна бројка на интервенции на оваа служба. -Ако споредуваме со другите години, оваа година што помина, беше со рекордни 984 интервенции, …

Тетовските пожарникари лани имале рекордни 984 интервенции, во просек по три дневно Read More »