МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови


И оваа сабота во центарот на Кочани се одржа „Маршот за ангелите“, организиран од членовите на семејствата на младите кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март годинава. Министерството за внатрешни работи денеска не им дозволува на граѓаните од други градови да влезат во Кочани со цел учество на најавениот собир „Маршот за […]

Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје


Регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје е затворен за секаков вид возила поради пожарот во националниот Парк Јасен, соопшти АМСМ. Како што информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, во гаснење на пожарот се вклучени екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град […]

Кедев: Болници оперираат пациенти без потреба, само заради профит


Во денешното издание на емисијата „Стадион“ гостин беше интервентниот кардиолог Сашко Кедев. Тој во емисијата обвини за докажани непотребни хируршки интервенции врз пациенти, чија цел е профитот, а притоа се ризикува животот и здравјето на оперираниот пациент: Најголем дел од мојата консултативна активност е во одвраќање на луѓе од непотребни интервенции, непотребни стентирања, непотребни операции. […]

Од утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи


Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во понеделник се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со услови за невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана […]

И натаму горат „Јасен“ и Јажинце


 Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека  до утринава во 9 часот на територијата на  Македонија регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор.Од нив, два пожари сè уште се активни, додека 12 се локализирани и изгаснати.   Активни пожари има во општина Македонски Брод, во повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде што гори мешана шума.Во […]

На „Табановце“ за излез од државава се чека околу 30 минути, а на „Богородица“ 40 минути


 Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини. На ГП „Табановце“ утрово времето на чекање за излез од државава е околу 30 минути, додека на ГП „Богородица“ се чека околу 40 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.  На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез или […]

Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром – нормализиран сообраќајот


Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција. Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром. -Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности […]

Штетниот договор на Јанушев и натаму ја празни касата на ЈСП


Државната лотарија на Република Македонија склучи нов договор со компанијата „Маратон Гроуп“ ДООЕЛ Скопје за закуп на рекламен простор на автобуси и автобуски постојки, во вредност од 23.587.004,66 денари (околу 386 илјади евра), објави Антрополог. Иако ваквите средства можеле да завршат во буџетот на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП), тие повторно ќе одат во […]

ЗНМ: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост за начинот на кој продолжува да се спроведува платеното политичко рекламирање (ППР) во онлајн медиумите. Во пресрет на локалните избори, ЗНМ повторно укажува на недостатокот на критериуми и регулација во овој сегмент, што овозможува „сомнителни“ портали без транспарентност да добиваат значителни буџетски средства, се вели во […]

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови


Министерството за внатрешни работи воспоставува ново веб-решение за автоматска размена на податоци со „Службен весник“ за изгубени или украдени лични документи што треба да бидат објавени како неважечки. Наместо досегашната комуникација преку електронска пошта, информациите ќе се пренесуваат преку националната платформа за интероперабилност, врз основа на договор меѓу двете институции. Со новиот систем, „Службен весник“ […]

Сообраќајот на патот Тетово – Јажинце е нормализиран


Сообраќајот на патот Тетово – Јажинце попладнево е нормализиран, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Претходно поради пожар во близина на Јажинце патот Тетово – Јажинце кај село Рогачево беше затворен за сообраќај. 

Голем пожар во Јажинце – патот кон граничниот премин и граничниот премин затворени


Поради пожар во близина на Јажинце затворен за сообраќај е патот Тетово – Јажинце кај село Рогачево, а затворен е и граничниот премин. -Во 15:15 часот патниот правец Тетово – Јажинце кај село Рогачево сообраќајот е запрен од страна на ПС од БПС Тетово, заради безбедност на возачите поради проширениот пожар во атарот на селата […]

УХМР: Од понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи


Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува во наредните денови. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. -Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен […]

Откако го амнестираше Бојан Христовски, ДКСК „улови“ управители со непризнати сертификати


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница донесе одлука да поднесе иницијатива за утврдување одговорност до основачот на АД Електрани и до надлежното Јавно обвинителство, поради сомневања за незаконито именување управители во компанијата. Според наодите на Комисијата, избраните управители не ги исполнувале законските услови, бидејќи не поседувале меѓународен сертификат за активно познавање […]

Пазарните инспектори на терен, ќе контролираат дали поевтинил училишниот прибор


 Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) соопшти дека од денеска негови тимови на терен ги контролираат правните субјекти дали се придржуваат до одлуката на Владата со која ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10 проценти во трговија на големо и 15 проценти во трговија на мало, која ќе важи од денеска […]

Македонија2025 донираше медицинска опрема за поддршка на македонското здравство и жртвите од трагедијата во Кочани


Македонија2025, во партнерство со истакнати донатори од дијаспората донираше современа медицинска опрема за три главни здравствени институции во Скопје и Кочани. „Донираните современи апарати и материјали во вредност од над 400 илјади денари се главно насочени кон третирање на пациентите кои се здобија со критични повреди во трагедијата во Кочани, но имаат и долгорочна вредност […]

Три пожари активни во моментов, деновиве од 20 до 30 пожари на отворен простор


Генерално, во текот на денот, деновиве, имаме по најмалку 20, па некаде до кај 30 пожари на отворен простор, некои од нив вообичаено се шумски, односно пожари што влегуваат во сериозна шума. Во овој момент, на територијата на државата досега имавме пет пожари на отворен простор, од нив два се целосно изгаснати, три се активни, […]

Охридското езеро порибено со околу милион единки на охридска пастрмка


  Денеска Охридското Езеро беше порибено со околу милион единки на охридска пастрмка. На овој наста присуствуваше и министерот за земјододелство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој рече дека порибувањето на Охридското Езеро е согласно договорот на Министерството со Хидробиолошкиот завод – Охрид и Институтот за сточарство и рибарство согласно Програмата од 2024 година. „Обврската е […]

ДОМ се дистанцира од Лилјана Поповска


  Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја разјасни својата позиција во однос на повторените јавни поврзувања на Лилјана Поповска со партијата и во основа се дистанцираше од поранешната претседателка и пратеничка. „Иако ја цениме нејзината досегашна улога во политичкиот живот, сметаме дека е важно да се направи јасна разлика меѓу минатото и сегашната насока на […]

Директорката во Демир Хисар доби кривична пријава за „одземање или уништување службен печат“


ОВР Демир Хисар до ОЈО Битола денеска поднесе кривична пријава против М.Ј. (57) од Демир Хисар за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ по член 390 од КЗ. -Пријавената во периодот од 6.8.2025 до 13.8.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, со […]