Стигнале 40 приговори за обвинителниот акт околу пожарот во Кочани


Основниот кривичен суд – Скопје информира дека обвинителниот акт поврзан со несреќата во Кочани е во постапка на оцена пред Советот за оцена на обвинителен акт. Досега се доставени 40 приговори од обвинетите и нивните бранители, кои веќе се испратени до надлежното обвинителство. Судот посочува дека станува збор за обемен предмет со 37 обвинети физички […]

Support Kocani обезбеди трета донација на компресивна облека


Граѓанската иницијатива Support Kocani ја реализира и третата пратка компресивна облека, наменета за преживеаните лица од пожарот во Кочани. Облеката е веќе предадена на Општата болница во Кочани, со цел да се овозможи правилна рехабилитација и побрзо заздравување. Вредноста на оваа набавка изнесува 2.193.047 денари (35.555 евра), а средствата се целосно обезбедени исклучиво преку донации […]

Сиљановска-Давкова посакува во Штип да се изгради хибриден клинички центар на НАТО


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во обраќањето на одбележување на Денот на Армијата – 18 Август во касарната во Штип, говорејќи за вложуивањата во Армијата и за зголемувањето на трошоците во рамки на НАТО, истакна дека во Штип би можел да се изгради хибриден модел на клинички центар на Алијансата, со што би се постигнала самоодржливост […]

Борче Стаменов и доц. д-р Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година


Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ одлучи наградата за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, во 2025 година да им се […]

Охрид SOS алармира: И депонии за опасен отпад ќе се прават само со потпис на градоначалник и министер


Граѓанската иницијатива Охрид SOS алармира дека зад јавната расправа за наводен урбанистички проект организирана од Министерството за транспорт се крие легализирана експлоатација на земјоделско, шумско и крајбрежно земјиште.  Фотоволтаични фарми, мали хидроцентрали и депонии за опасен отпад се предвидуваат со урбанистички проект, а не со урбанистички план! Урбанистичкиот проект вон опфат, како урбанистичко – планска […]

Утре локален пороен дожд, од среда до петок стабилно, за викендот повторно врнежи


 УХМР најавува дека утре ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури. За време на викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање. 

Се подновуваат салите во ООУ „Димитар Миладинов“


Герасимовски изврши увид во училиштето Димитар Миладинов: Целосно ги реконструираме фискултурната и свечената сала Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, направи увид во реконструкцијата што се одвива во ООУ „Димитар Миладинов“, каде во тек е целосно обновување на фискултурната сала, свечената сала и меѓупросторот меѓу нив. Во фискултурната сала се заменува целиот под со нов […]

Османи најавува транспарентна општина Чаир, ќе му помага вештачка интелигенција


Чаир да стане транспарентна општина, а вештачка интелигенција да проверува и да алармира доколку нешто е сомнително најави вчера кандидатот за градоначалник на оваа скопска општина од редовите на ДУИ, Бујар Османи. Според него, Чаир денес е една од најнетранспарентните општини во Македонија. „Корупцијата и непотизмот го задушуваат развојот, а општината е узурпирана од оние […]

Затворен за сообраќај регионалниот пат Македонски Брод – Скопје


Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или […]

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип


Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33. роденден на македонската Армија. Повеќе од три децении исполнети со посветеност, пожртвуваност, знаење, храброст и одлучност во служба на Татковината ќе бидат одбележани со пригодна програма и присуство на високи државни и воени претставници. Според протоколот на свеченоста, со пригоден […]

Облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време, над 15 литри на метар квадратен, и  услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до […]

ЈСП: Жичницата на Водно е безбедна, се спроведува редовен сервис


Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска преку соопштение реагираше на пишувањата околу безбедноста на жичницата „Милениумски крст“ и информира дека таа има валиден сертификат за работа до 24 септември 2025 година. „По многуте пишувања и шпекулации во медиумите, должни сме да не дозволиме да се створи паника околу безбедноста на жичницата. Жичницата има валиден сертификат за […]

„Внимавај телефонски измами“: Граѓаните да не наседнуваат на повици за лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје денеска реализираа превентивна акција „Внимавај телефонски измами“ насочена кон едукација на нашите повозрасни граѓани кои се најчеста жртва на таквите измами. Како што соопшти МВР, преку непосреден разговор и делење на едукативен материјал граѓаните беа едуцирани дека најчест […]

Десет активни пожари, најтежок за гаснење во „Јасен“


Во текот на денешниот ден имаме 10 пожари на отворен простор. Се уште е активен пожарот во ловиштето „Јасен“, а активиран е еден крак од пожарот во село Јажинце, општина Јегуновце. Два активни пожари има на територија на општина Липково, во селата Лојане и Слупчане, каде дејствуваат кумановските пожарникари. Еден активен пожар има и во […]

Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник претежно стабилно и пораст на температурата


Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето утре ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Како што информира УХМР, наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, над 15 литри на метар квадратен. Ќе има и услови за невреме со засилен ветер и изолирана појава на […]

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани


Министерството за внатрешни работи (МВР) ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите и на социјалните мрежи дека наводно полицијата вчера, на 16 август, не дозволила влез на граѓани во Кочани, кои сакале да учествуваат на протестот „Маршот на ангелите”. Како што наведува МВР, ниту еден граѓанин не беше спречен да влезе во Кочани. Министерството […]

Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје


Поради пожарот во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје се уште е затворен за секаков вид возила, информира АМСМ. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), со пожарот е зафатена мешана шума. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов вчера соопшти дека во гаснењето на пожарот се вклучени […]

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата


По повод 18 Август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Како што информира Армијата, претходно, во 18.00 часот, ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со еден плотун. Почесната артилериска стрелба ќе ја изведе единица на артилерискиот […]

Сончево утро, нестабилно попладне


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. […]

Полицијата казни учесник во протестот во Љубојно против масовната сеча


Жителите на преспанското село Љубојно шести ден по ред одржуваат протести и блокади против, како што велат, масовната и прекумерна сеча на шумата над селото. Според мештаните, за време на протестот полицијата изрекла казна кон еден од учесниците поради наводно попречување на патот. Жителите предупредуваат дека сечата може да предизвика сериозни последици врз животната средина […]