Мицкоски направи мала грешка – Македонија е осма, а не шеста по порастот на туристи


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека според Светската туристичка организација на ОН, Македонија е шеста дестинација која што привлекла најголем број на туристи во светот, по процентот на раст, споредено со истиот период минатата година. Се разбира, секој премиер сака да се пофали за успесите на државата кога ја води. Но понекогаш се прават […]

Цвета Ристовска, која го спасуваше директорот на АМБ од скандалот, избрана за заменик претседател на ДКСК


Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата, која го водеше предметот за директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски, ќе ја води Комисијата за време на локалните избори, откако на денешната седница беше едногласно избрана за заменик – претседател на Антикорупциската комисија која е без претседател по истрагите и оставката на поранешната […]

САД донираа 29 нови оклопни возила за македонската армија


САД донираа 29 нови оклопни возила за македонската армија. На денешната презентација на возилата во штипската касарна „Јане Сандански“, присуствуваа амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. „САД секогаш даваат поддршка и се тука кога треба да разговараме во […]

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ќе расправа за Струшката депонија


Европскиот суд за човекови права во Стразбур ќе расправа за депонијата во Струга, откако домашните судови се прогласија за ненадлежни по поднесената тужба од физичко лице кое живее во непосредна близина на депонијата и Македонското здружение на млади правници, соопшти адвокатската канцеларија Стојкоски и Ќатоски. Тоа, како што појаснуваат во објавата, значи дека Стразбур ќе […]

Ни трага од УКИМ на Шангајската листа. Македонските универзитети изгубени во шумата


  Организацијата „ShanghaiRanking Consultancy“ го објави Академското рангирање на светските универзитети за 2025 година, познато како „Шангајска листа“. И годинава, меѓу најдобрите илјада универзитети во светот, нема ниту една високообразовна установа од Македонија. На врвот на листата повторно доминираат американските универзитети. Харвард е рангиран на првото место, Стенфорд на второто, а Институтот за технологија Масачусетс (МИТ) на третото, […]

Десетина кандидати пријавени на огласот за претседател на ДКСК


Десетина кандидатури се пристигнати до Собранието за јавниот оглас за претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), кој завршува денеска. Претседателот на Комисијата за прашања на избори и иманувања Ѓорѓија Сајкоски за МИА посочи дека конечната бројка би се знаела в понеделник откако ќе пристигнат и оние што се пратени по пошта. Нагласува […]

Уличен дефект остави без вода дел од Долно Лисиче


Без вода во моментов се корисниците на улицата „1“ и дел од „2“ во Долно Лисиче, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Причината била уличен дефект на крстосницата од улиците „1“ и „4“, а засегнатите корисници ќе останат без вода до завршување со санација на дефектот. 

ССНМ бара онлајн малтретирањето на новинарката Мирослава Симоновска да престане


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро реагира на повторното онлајн малтретирање на новинарката Мирослава Симоновска, проследено со клевети, демнење и лажни обвинувања. Синдикатот бара итно запирање на ваквите напади и расчистување на претходните случаи на следење и неовластено снимање.   ССНМ го осудува повторувачкото онлајн малтретирање од страна на Зоран Божиновски кој, […]

Каја Шукова ветува дека за три месеци ќе го исчисти Скопје


Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, заедно со заменик-претседателката на партијата Фани Каранфилова Пановска, кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба Влатко Митовски и кандидатот за општина Ѓорче Петров Костадин Ацевски, одржаа работен состанок посветен на системските решенија за управување со отпадот во главниот град и општините. Шукова потенцираше дека ситуацијата […]

Без струја денеска делови од Ѓорче Петров, Карпош и Кисела Вода


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без струја ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров, Карпош и Кисела Вода, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, повикувајќи се на информации од „ЕВН Македонија“ АД. Од осум до 15 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од објектите во околината на […]

Сончево со температура до 36 степени, нестабилно време за викендот


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 15 август 2025 година, 227-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 138 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 42 минути, а ќе зајде во 19 часот и 34 минути. Денов трае 13 часа и 52 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина, нема да изгрее, […]

(Видео) Пожарот во „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта


По два БТР и „хермелини“, четири „пинцгауери“ и повеќе противпожарни возила и ноќва ќе се фокусираат на одбрана на објектите на Јавното претпријатие „Јасен“, информираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој во видео-изјава објавена на „Јутјуб“ рече дека во моментов, освен пожарот што веќе неколку дена беснее на територија […]

Се повлекува механизацијата од Дошница, активистите најавуваат протести во Скопје ако по изборите продолжи да се гради


Приватната фирма која изнајмуваше машини за изградба на хидроелектраната на реката Дошница си ја повлекува механизацијата од терен, објавија од организацијата „Чејнџмејкерс фор ол“ на својот профил на Фејсбук. Тие ја поткрепиле објавата и со фотографии на кои се гледа како со камион се тргаат машини од терен. Иако, според нив, ова е резултат на народниот отпор, […]

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори


До Државната изборна комисија (ДИК) во предвидениот рок (три дена од распишување на изборите) за платено политичко рекламирање за локалните избори на 19 октомври се пријавиле 333 медиуми, но од Комисија нагласуваат дека списокот не е конечен бидејќи барањата се проверуваат, а исто така вечерва на полноќ истекува и рокот за доставување на ценовниците. Според […]

Утре стартува „Училишната кошница“, еве колкави заштеди очекуваат надлежните


Од утре стапува на сила Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која од 15 август до 15 септември ќе ги опфати трговците на мало и на големо кои продаваат училишен прибор. – Станува збор за мерката позната како „Училишна кошница“ која се спроведуваме втора година по ред и нејзина цел е […]

Во функција клучката Подмоље, дел од автопатот Кичево – Охрид


Денес, а најдоцна утре во функција ќе биде клучката Подмоље која е на трасата на автопатот Кичево – Охрид, најави денес директорот на Јавнот претпријатие за државни патишта Коце Трајановски. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски беа извршија увид на работите на делницата од Климештани до Охрид […]

ФЗО од УЈП ќе добива месечни податоци за неплатен здравствен придонес


Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) потпишаа анекс на Протоколот за електронска размена на податоци со кој се овозможува навремено ажурирање на информации, решавање на застарени долгови и спречување на злоупотреби, сè со цел да се обезбедат поефикасни, потранспарентни и достапни услуги за граѓаните. Како што соопштуваат од ФЗОРСМ, овој […]

Овој месец почнува изградба на колекторски систем во Трпејца


Во селото Трпејца во Охрид овој месец ќе почне да се гради колекторски систем, потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски.  Одговарајќи на новинарски прашања при увид на градежни активности на патот од Климештани до Охрид (дел од автопатот Кичево – Охрид), претседателот на Владата соопшти дека во втората половина на август „веќе се воведува фирмата изведувач […]

СДСМ побара и разрешување и истрага за директорката на Еразмус, Михајлов


  По неколкудневните обвинувања за улогата на новата в.д. директорка на програмата Еразмус, Ана Михајлов“, СДСМ денеска побара таа да биде разрешена и да се покрене истрага за нејзините постапувања. „По огромниот скандал Владата на Христијан Мицкоски мора веднаш да ја разреши в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов.  Тоа е […]