(Фото/видео) Сè повеќе граѓани излегуваат на протестот против Вардариште


Граѓаните на скопската општина Аеродром и денеска се собраа да изразат револт поради лошиот кавлитет на воздухот и мирисот кој се шири оради константното горење на депонијата Вардариште. Иако се очекуваше да има помалку народ, со оглед на тоа што ни следува продолжен викенд, но оние кои останаа во Скопје и ќе го дишат загадениот […]

Децата од градинката „Мајски цвет“ ќе се сместат во барака на Општина Карпош


Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и официјално ѝ ги предаде на директорката на градинката ,,Мајски цвет“ клучевите од монтажната времена барака на локалната самоуправа, во која привремено, околу шеесет дена, ќе бидат сместени дечињата од оваа детска градинка, додека да се направи новиот објект во населбата Тафталиџе 1. – Директорката и вработените во оваа […]

На празникот 8 Септември, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред


На државниот празник 8 Септември, Денот на независноста, автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе сообраќаат по неделен возен ред. Од ЈСП известуваат дека в недела ќе бидат дежурни билетарниците и центрите за персонализација на Транспортниот центар и на Зелен пазар, додека в понеделник дежурни ќе бидат билетарницата и Центарот за персонализација на Транспортниот центар. Жичницата […]

Шеснаесет лекари се потпишаа и не отстапуваат, извори на МИА тврдат: Со парите што одат од ФЗО ќе изградивме нов клинички центар


 Во документот на кој се потпишаа 16 кардиолози и кардиохирурзи од државните клиники, кој заедно со осумте досиеја на пациенти на кои им биле извршени кардио-операции на приватна клиника, ги доставија до Министерство за здравство и до ФЗО, стои дека тоа се случаи кај кои се констатирани „одредени неправилности во индикациите за оперативен третман“. Што […]

Што точно се случило со авионот на Бујар Османи над Бугарија?


  Сѐ уште не се знае што точно се случи со авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, при нејзиното слетување во Бугарија? И зошто бугарските власти двапати ја менуваат верзијата за само неколку часа се прашања кои ги поставуваат светските медиуми. Утрото, премиерот Росен Желјасков изјави дека немало ништо сериозно, туку […]

Набавени две нови возила за итната медицинска помош во Крива Паланка


Здравствениот дом од Крива Паланка набави две нови, комплетно опремени, санитетски возила за итната медицинска помош, информира Јоско Стефановски, вршител на должноста директор на здравствен дом „Димитар Арсов”, Крива Паланка. Набавката е извршена со сопствени средства од буџетот на здравствената установа. – Набавката на возилата е само почеток на планот за комплетно обновување на целокупниот […]

Секое прислушување остава трага, тврди Пивоваров


  Секое прислушување остава трага и може да се докаже, особено со последните законски измени кои јасно ги поделија надлежностите меѓу Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Агенцијата за разузнавање (АР), Оперативни техничката агенција (ОТА), МВР, како и Царинската управа и Армијата на Македонија, кои имаат законска рамка да следат електронски комуникации. Ова за порталот „Рацин“ […]

Во паркот „Авионче“ почнува Уличниот фестивал на храна


Од денеска до 8 септември, во паркoт „Авионче“, ќе се одржи првото издание на AERO Street Food Festival, настан кој ја претвора нашата општина во центар на гастрономијата и урбаната култура.   Во текот на четирите дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во специјалитети од повеќе од 14 познати брендови за храна, богата музичка […]

Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не


Онкологот Мери Пешевска, вработена на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина. Пешевска, пред Судот рече дека за седумтемина пациенти за кои е обвинета не е сигурна дека таа ја продолжувала терапијата зошто, како што рече, нејзиниот печат во тој период стоел на шалтер и тоа го направила […]

Јаневска призна: Нема учебник за секое дете, а се потрошиле 11 милиони евра


  Со недели наназад, министерката за образование Весна Јаневска уверува дека годинава, сите ученици од прво одделение, до четврта година средно образование ќе имаат учебници и дека оваа Влада го овозможила тоа, како ниедна друга пред тоа. Но, денеска признава дека прблеми има и тоа со повеќе учебници, за повеќе различни одделенија, а осмоодделенците пак, […]

Јаневска: Е-дневникот не дозволува веќе бришење и поправење на оценки


Бришење и поправење на оценки веќе нема, од страна на наставниците, како и директорите на училиштата да интервенираат во графите на електронскиот дневник. Тоа електронскиот дневник веќе не го дозволува порача денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која одговараше на новинарско прашање за реакциите за фукционалноста на е дневникот, како и за забелешките […]

Несовесното лекување било систематско, не случајно, смета обвинителството во случајот „Онкологија“


Здравиот има многу желби, а болниот само една, а тоа е да оздрави. Болните и нивните семејства имале доверба во обвинетите дека ќе ја добијат потребната терапија и нивното здравје нема да биде нарушено, изјави обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, во воведен говор во случајот „Онкологија“, против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој […]

Ќе се зголеми сумата на студентскиот оброк, ама в година


Студентите бараат зголемување на субвенцијата за студентски оброк од 140 на 150 денари, но министерката за образоваие Весна Јаневска вели дека тоа може да се случи, но в година, по донесување на новиот Буџет за 2026 година. – Да, треба да има нивелација на студентскиот оброк со инфлацијата, за следната година зборуваме. За оваа година, […]

ДУИ: Единствениот Албанец во Комисијата за наградата „8 Септември“ сам себеси си ја доделил наградата


ДУИ денеска обвини за скандал кој, како што велат, го загрозува не само интегритетот на државните награди „8 Септември”, туку и духот на граѓанска еднаквост гарантиран со Охридскиот договор. Според опозицијата, денеска, во Кристалната сала на Парламентот, Комисијата за доделување на Државната награда „8 Септември” ќе ги додели највисоките признанија за животно дело и за […]

Поднесено уште едно обвиниение за „Пулс“ против Александар Нацев, реален сопственик на „Рубикон“


Обвинитеслтвото соопшти дека поднело Обвинителен акт против реалниот сопственик на агенцијата за обезбедување Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“ во која изгореа 62 млади луѓе. Александар Нацев, кој од јуни е во куќен притвор, се товари за сопствен особен придонес, бидејќи заедно со […]

Пријавете се за Скопскиот маратон – годинава на 5 октомври


Трчањето е повеќе од спорт. Тоа е начин да се остави зад себе секојдневниот стрес, да се заборават грижите и се ослободиме од товарот кој го носимe. Со секој истрчан километар, ја откриваме сопствената издржливост и ја градиме внатрешната сила. Трчањето не е натпревар со другите, туку лично патување кон рамнотежа и мир. Виз Ер […]

ПИОМ електронски ќе разменува податоци со Фондот на Република Српска


Во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија е потпишан Договор  за  електронска  размена  на  податоци. Договорот го потпишаа директорот на  Фондот, Никола Мемов и директорот  на Фондот на пензиското и инвалидското  осигурување на Република Српска,  Младен Милиќ. Директорот на Фондот на ПИОСМ, Мемов рече дека со потпишувањето на овој Договор се заокружува […]

Со „Водич за вештачка интелигенција“ наставниците ќе научат како да ја користат за математика, литература, музика…


„Водич за вештачка интелигенција“ беше презентиран денеска во Министерството за образование и наука. Како што беше кажано на настанот, тој е наменет за наставници, стручни соработници и ученици. -Како што и најавив, од оваа учебна година вештачката интелигенција влегува во училиштата. Сосема логичен и нужен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, што […]

Албанија со потерница го бара сопственикот на „Санте Плус“ и македонски конзул Билал Кара


Албанските медиуми вчера објавија дека со потерница се трага по 45-годишниот албанско-турски бизнисмен, Билал Кара. Тој се бара поради сомнежи за злоупотреби направени преку приватната клиника „Интернешнл Медикер“, поранешна „Санте Плус“, лоцирана во Албанија.   Кара, кој е еден од сопствениците на Клиниката, пред две години беше именуван за почесен конзул на Македонија во Република Турција, со […]

Од денес почнува мониторингот на ОДИХР за изборите


Во очекување на локалните избори закажани за 2025 година, денес официјално започнува процесот на мониторинг од страна на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, откако Државната изборна комисија (ДИК) вчера едногласно ги одобри молбите за акредитација на 14 интернационални набљудувачи. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на вчерашната седница објави дека денес ќе се случи првата официјална средба со […]