Герасимовски: Независноста е аманет од нашите предци, должност е да ја чуваме и развиваме Македонија


    Градоначалникот Горан Герасимовски упатува честитка до сите граѓани по повод 34 години од прогласувањето на незавноста на Македонија.    „На денешен ден, 8 Септември, со гордост се потсетуваме на историската одлука на нашиот народ, да зачекори на патот на слободата и самостојноста, да ја зацврсти својата државност и да ја испише најсветлата страница […]

Едрењето – глас за бесшумно пловење по Охридско Езеро


Едрењето е еко-глас за бесшумно пловење и заштита на Охридско Езеро од бучавата што ја прават моторизираните бродови, глисери, катамарани и други пловни средства по езерото. Но, пловењето со едрилица е и отворена борба против фосилните горива кои ја загадуваат водата и штетно влијаат врз животинскиот свет во езерото, велат професионалните скипери/едриличари со кои заедно […]

Ден на независноста – 34-годишнината се одбележува под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“


Под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на независноста – 8 Септември. Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје, на која ќе се обрати претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. По повод одбележувањето, собраниска делегација предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, составена […]

Автобусите на ЈСП – Скопје сообраќаат по неделен возен ред


Поради државниот празник „8 Септември“ – Денот на независноста, денеска автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие сообраќаат по неделен возен ред. Работат само билетарницата и центарот за персонализација кај Транспортниот центар. Од ЈСП информираат дека жичницата денеска нема да работи.  – Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за Жичницата се неработни денови, […]

Мицкоски стигна да ја отвори и новата поставка во Националниот археолошки музеј


Во пресрет на Денот на независноста синоќа во Археолошкиот музеј е отворена обновената музејска поставка со којашто нашето културно наследство е прикажано на подостапен и интерактивен начин. На површина од 6.000 метри квадратни, распоредени во 107 модерни витрини, посетителите ќе можат да откријат повеќе од 5.000 археолошки предмети – од палеолитските алатки, неолитските култури, бронзеното […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени, соопшти […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 8 септември 2025 година, 251-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 114 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 7 минути, а ќе зајде во 18 часот и 55 минути. Денов трае 12 часа и 48 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Во пожарот во Виница повредени се 18 лица, дел со изгореници, а дел затруени од чад


  Вкупно осумнаесет лица се примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди здобиени во пожарот што избувна вчера доцна попладне во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница. Дел се задржани во Кочани, дел од нив се препратени на клиниките во Скопје, но сите се во стабилна состојба, изјави за МИА Оливера Цимбаљевиќ, анестезиолог, […]

Пожарот во Виница изгаснат, неколку пожарникари повредени


  Неколку пожарникари сте здобиле со повреди при гаснењето на пожарот што избубна вчера во фабриката „Макпрогрес“ во Виница позната по кондиторскиот бренд „Винчини“. Пожарот е ставен под контола, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Во гаснењето на пожарот учествуваа екипи од девет града. „Опожарени се три линии означени како 6, […]

Вардариште се уште гори, Меџити испратил инспектори


Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска во изјава за медиумите рече дека деновиве се очекува да бидат готови резултатите од инспекцискиот надзор што се прави на депонијата „Вардариште“. – Веќе е испратен Инспекторатот на терен и ги чекаме резултатите. Врз основа на тоа, ќе одговориме, изјави Меџити одговарајќи на […]

Гори фабриката „Макпрогрес“ во Виница


Голем пожар изби во фабриката “Макпрогрес“, позната по брендот “Винчини“.Во моментов како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, со огнот е зафатен еден погон.  Локалните винички пожарникари со подршка на пожарникари од Кочани се обидуваат да го спречат ширењето на огнот кон останатите погони. На помош тргнаа пожарникари од […]

До каде е постапката за „Пулс“, прашуваат родителите на настраданите


Денеска во Кочани се одржа 21. Марш за ангелите, на семејствата на починатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Протестниот марш започна од 17 часот и 5 минути од Паркот на револуцијата, време кое симболично ја претставува задоцнетата институционална реакција. Една жителка на Кочани на протестот, чиј брат загина на кобниот 16-ти март, во изјава за […]

Шукова ќе го украси Скопје со 100 мурали


Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје на СДСМ, Каја Шукова, денеска го најави проектот „Скопје – град на мурали“, кој предвидува изработка на 100 нови мурали низ градот во текот на првата година од нејзиниот мандат. „Скопје е наш дом и сите сакаме да го гледаме како чист, убав и инспиративен град,“ изјави Шукова. Таа […]

Меџити ќе ги реконструира улиците и јавното осветлување во Стар Чаир


Првиот потпретседател на Владата и кандидат за градоначалник на Општина Чаир од ВЛЕН, Изет Меџити, денеска соопшти дека започнува значаен проект за Стариот Чаир, кој има за цел подобрување на инфраструктурата и условите за живот во ова населба. „Со финансии обезбедени од Владата на Република Северна Македонија преку вториот повик за поддршка на општините, ќе […]

Утревечер ќе има почесна артилериска стрелба за 8 Септември


Утре со почеток во 18 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши пробна почесна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија и со почеток во 19 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 […]

ВМРО-ДПМНЕ: Во скопската Зоолошка градина се шири туберкулоза


ВМРО-ДПМНЕ  тврди дека во скопската Зоолошка градина владее хаос и сериозна закана по здравјето на животните, вработените и посетителите – поради ширење на туберкулоза. „Животни во ЗОО Скопје постојано угинуваат поради разни болести, а менаџментот и градските власти ги кријат инцидентите од јавноста. Така се доведува во опасност не само здравјето на останатите животни, туку […]

Учениците во „Ѓорѓија Пулевски“ имаат настава во влажни подрумски простории


Скандалозен почеток на учебната година во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде учениците од 6-то одделение се приморани настава да следат во руинирани подрумски простории, полни со влага, смрдеа и недостиг на природна светлина, се наведува во соопштението од Левица што МИА го пренесува интегрално. Овие услови се недостоинствени дури ни за затворски ќелии, а камо ли […]

На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на ГП Богородица до еден час


На граничниот премин Табановце утринава за влез и излез од земјава се чека околу 30 минути, а на граничниот премин Богородица за излез од земјава се чека од 40 минути до еден час, информира Авто мото сојузот на Македонија.  На останатите гранични премини, според информациите на АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од […]

ДУИ ги објави кандидатите за градоначалници на Долнени, Пласница и Бутел


Претседателот на Демократската унија за интеграција,  Али Ахмети, денес ја свика 23-та седница на Централното претседателство на ДУИ, на која се дискутираше за актуелните политички случувања, за максималната мобилизација на Националната алијанса за интеграција, како и за плебисцитарната и севкупната народна победа на референдумот на 19 октомври, информира ДУИ во соопштение. На оваа седница, едногласно […]

Месечината приредува спектакл во недела – ќе блесне црвено


Во недела, 7 септември, од Македонија ќе може да се набљудува редок феномен целосно затемнување на Месечината. Се разбира, ова ќе може да се види само доколку времето биде ведро и без многу облаци.   Гледано од Скопје, нема да го видиме помрачувањето во целост, туку неговиот втор дел. Месечината ќе изгрее над источниот хоризонт […]