Вардариште и утрово го гуши Скопје


Утрово повторно гори на депонијата Вардариште, а  жителите на скопските населби Аеродром и Ново Лисиче се во густи облаци чад и неподнослива миризба. Состојбата е алармантна – воздухот е загаден, а граѓаните велат дека не можат ниту прозорец да отворат.  Од утринските часови има бројни реакции на социјалните медиуми за силна и непријатна миризба што […]

ВМРО-ДПМНЕ до Бујар Османи: Албанците „не пијат нафта“


  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ возврати на обвинувањата на кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, дека сегашните власти ја носат Македонија во „мрачниот руско-српски свет“. „Не ги носи никој во ‘мрачниот српско-руски свет’ како што сеат магла Османи и ДУИ, туку во светот на одговорноста – пред лицето на законот, за целиот криминал и предавства што […]

Марковски за Вардариште: Ќе изумреме како диносауруси!


Граѓаните блокираат и протестираат , а депонијата Вардариште и денеска гори ! Доста е !  – порачаа денес од граѓанската платформа „Независни заедно“ околу кризата што неколку дена трае околу депонијата. „Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“, порача Горан Марковски, кандуидат за градоначалник на Град Скопје кој одржа прес конференција со носителката […]

Вардариште – апокалипса среде Скопје!


  Во фокусот на вниманието на скопјани деновиве е Вардариште откако во неделата се запали (повторно и повторно), па поголемиот дел од Аеродром остана без струја. Чадот, лошата миризба, смрдеата се гратис. Но, ретко кој од тие што се гневни на децениски нерешениот проблем со поранешната депонија Вардариште, која одвреме-навреме или сѐ почесто ги труе […]

Бесплатно обезбедување во градинките во Центар од следната година


 Со започнувањето на новата учебна година, Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, одржа состанок и со директорките на општинските детски градинки. На состанокот беше потврдено дека Општината ќе продолжи да вложува во подобрување на условите за престој и развој на најмладите жители на Центар. Во програмата за следната година ќе биде предвидено воведување бесплатно обезбедување […]

Военото образование е столбот на кој се градат офицерските и подофицерските кадри – 30 години Воена академија


Образованието е темелна вредност во градењето на едно општество, а военото образование е столбот на кој се градат офицерските и подофицерските кадри, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешното одбележување на 30 годишнината од основањето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје. На свеченоста присуствуваше и началникот на Генералштабот […]

Алиу: Пријавени осум случаи на непотребни операции на срце


Јавна здравствена установа пријавила осум случи за извршени непотребни кардиохируршки интервенции во интерната комисија која ја формираше Министерството за здравство по скандалозните тврдења на кардиологот Сашко Кедев дека во земјава за пари се прават операции на срце и кај пациенти кои немаат медицинска потреба. Интерната комисија утре ќе се состане и овие осум случаи ќе […]

Нема кој да оперира на Кардиохирургија – лекари од Словенија ќе доаѓаат во Скопје


Клиниката за кардиохирургија во Скопје е во тешка состојба поради недостиг на стручен кадар и во моментов е „многу лимитирана“ со операции, потврди министерот за здравство Азир Алиу. „Денеска имав состанок со директорот и колеги од Кардиохирургија. Недостасуваат стручни лица, не само во Кардиохирургија, туку во поголем дел клиники во Скопје,“ изјави тој, додавајќи дека […]

Шукова го повикува Ѓеорѓиевски на соочување за Вардариште


  Депонијата Вардариште стана важен дел од битката за градоначалник на Скопје, затоа што чадот што доаѓа оттаму силно загадува повеќе населби. Каја Шукова, кандидатка за градоначалник на Скопје на СДСМ го повика нејзиниот противкандидат Орце Ѓеорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на јавен дуел пред граѓаните за да ги соочат аргументите за тоа што се случува во […]

Делегација на Венецијанската комисија дојде во Македонија да го испита укинувањето на „балансерот“


Делегација на Венецијанската комисија  вчера имала средба со претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и со судијката Ана Павловска-Данева на која, меѓу другото, било разговарано и за т.н. „балансер“, алатката за вработување според национална припадност во државните институции, која Уставен ја укина лани во октомври. Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи соопшти […]

Нѐ тераат во мрачниот српско-руски свет, вели Бујар Османи


  Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, вели дека државата оди и се враќа во геополитичката зона надвор од европските вредности. Во обраќање Османи вели: „Ќе се вратиме во орбитата на српско-руското влијание, во една мрачна сфера каде што нема европски вредности, туку авторитарност и понижување. И тогаш, ниту историјата ниту нашите деца нема […]

Еднократна парична помош за глувонемите во Центар


Општина Центар ќе доделува еднократна парична помош за глувонемите лица во Центар. Ова беше договорено на средбата меѓу градоначалникот Горан Герасимовски и претставниците на Сојузот на глуви и наглуви – „Даре Џамбаз“. На средбата се разговараше за актуелните потреби и предизвици со кои се соочуваат овие лица, како и за можностите за понатамошна поддршка од […]

Осуден за корупција е дел од тимот на Орце Ѓорѓиевски што ќе го правел идниот ГУП на Скопје


  Преку таканречените рилсови кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го претставува тимот со кој, ако ги добие изборите, ќе го прави новиот генерален урбанистички план на главниот град. Во тоа видео го споменува архитектот Огнен Марина и погрешно тврди дека бил поранешен декан на Градежниот факултет (Марина беше декан на Архитектонскиот факултет). Марина […]

ЦУК: Пожарот на Кожуф ставен под контрола, 22 изгаснати изминатото деноноќие


 Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава се евидентирани 23 пожари на отворен простор. Еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. Приземниот пожар на Кожуф планина е ставен под контрола. Изгаснатите пожари биле на територија на општините Илинден, Гази Баба, Струга, Тетово, […]

Прво сослужување на Архиепископот Стефан со поглаварот на Православната Црква во Америка


Во катедралниот храм на Православната Црква во Америка „Св. Николај Чудотворец“ во Вашингтон, во вторникот е отслужена заедничка света литургија од Митрополитот Вашингтонски и Архиепископ на цела Америка и Канада  г.г. Тихон и Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, пренесува Литургија.мк. На литургијата сослужуваа многубројни архијереи, свештеници и ѓакони од различни […]

Едукативни и културни активности за младите во Кочани, во организација на Јуроп Хаус


Со настапот на „Биби и Боби” на градскиот плоштад, пред Домот на културата во Кочани почнуваат низа активности кои ќе бидат посветени на учениците од основните и средните училишта во Градот, а се во организација на Јуроп хаус. Активности ќе бидат организирани до крајот на годината. Денешниот настан се организира по повод почетокот на учебната […]

Нестабилно со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд при што за кратко време ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, како и со засилен ветер со брзина од […]

Владимир Грчев освои златен медал на Европската олимпијада по информатика во Шумен


Владимир Грчев од Кочани, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје, го освои златниот медал на Европската олимпијада по информатика за млади во Шумен, Бугарија.  Натпревар започна на 29 август, а ќе заврши на 4 септември. Во Шумен се наоѓаат  најдобрите млади програмери од повеќе од 20 европски држави со по четири […]

Аеродромци втор ден протестираат против загадувањето од Вардариште


Во скопската општина Аеродром втор ден протестираат група граѓани, против загадувањето кое доаѓа од поранешната депонија Вардариште. Десетици гаѓани се собраа на крстосницата на булеварите „Србија“ и „АСНОМ“, а сообраќајот беше во прекин. „Смрдеата што доаѓа и гасовите што се испуштаат од ‘Вардариште’ прават неподносливи услови за живеење. Сето тоа се одразува врз здравјето не […]