На Ѓорѓиевски треба да му веруваме на збор: Казниле загадувачи – не кажа ниту кого, ниту колку казниле


Нема толеранција за никого – изречени се казни на загадувачите во Скопје, соопшти денеска Град Скопје, затоа што изминативе денови Скопје се соочи со сериозно загадување на воздухот, како што велат. „Според податоците од државниот мониторинг, беше пробиен дозволениот праг и состојбата бараше итна и решителна реакција. Како градоначалник на Скопје, но пред сè како […]

Костадиновски: Собранието направи непоправлива штета на правната држава


Уставниот суд беше одговорен кога во февруари ја донесе одлуката за измените на Кривичниот законик, бидејќи разгледуваше повеќе можни сценарија за да спречи правен вакуум, изјави претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на панел дискусијата „Чекајќи го Годо… и правдата: Очекувања од новите измени на Кривичниот законик“. -Применивме новина – интерпретативна одлука, со која го […]

Со сложен хируршки зафат реконструиран нос на пациент во Клиниката за пластична хирургија


На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија се извршени две исклучително сложени микрохируршки операции кои траеја од 6 до 12 часа и бараа највисок степен на подготовка, експертиза, прецизност и тимска координација.   Операциите се извршени под менторство на проф. д-р Јан Јерун Вранкс од Белгија, истакнат европски и светски експерт во областа на реконструктивната […]

МОН и Економскиот факултет во Скопје, ќе отвораат реални училишни компании


На дводневна работилница во Скопје, раководствата, учениците и наставниците од регионалните центри за стручно образование и обука ќе учат како да изработуваат бизнис планови за основање на реални училиштни компании, под менторство на професорите и студентите од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Придобивките што ќе се обезбедат се бројни, а најважно е […]

Градоначалникот на Струга се заканува со нови избори за Советот


  Градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура денеска на прес-конференција обвини дека се формирала тајна коалиција на опозицијата за да биде блокирано работењето на општината. Во таа „тајна коалиција, според Ќура биле коалицијата околу ДУИ, СДСМ и независната листа на Рамиз Мерко. Ваквата ракција доаѓа откако вчера пропадна и третиот обид за избор на претседател […]

Свлечиште го однесе патот за Старавина кај депонијата Мегленци во Мариово


  Големо свлечиште на земјиштето го оштети патот за селото Старавина, битолскиот дел на Мариово. Пропаѓањето на коловозот е во должина од 100 метри и длабочина од десет метри.  Патот е во прекин во двете насоки. Лизгањето на земјиштето се случило ноќта меѓу 22 и 23 декември по полноќ, кога Државниот инспкеторат за патишта добил […]

Кисела Вода подготвува тридневна новогодишна приказна за граѓаните


Тридневна празнична манифестација „Новогодишна приказна“, подготвува Општина Кисела Вода, која ќе се одржи од 28 до 30 декември во паркот „Шопен“. Миро Кацаров, ќе биди водител на целата празнична програма, внимателно осмислена за сите генерации. Во рамки на „Новогодишната приказна“, посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапите на Антониа Гиговска, Либеро бенд и Миле […]

Во ЕУ во пренатрупани домаќинства живеат 16,9 отсто од луѓето, во регионот до 60 отсто


Лани 16,9 проценти од луѓето во ЕУ живееле во пренаселени домаќинства што претставува намалување во однос на 2014 година кога таа стапка изнесувала 18,1 отсто, соопшти Европската статистичка агеција – Евростат. Според Евростат, стапката на пренаселени домаќинства е значително повисока во Западниот Балкан, при што најниска е во земјава и изнесува 38,1 отсто. Во Србија […]

Владата исплати субвенции само на половина од сточарите за да го смири гневот. Тој денеска се зголеми


  БИТОЛА – Голем е револтот кај одгледувачите на овци кои вчера не зедоа субвенции по грло овца. Вчера имаше доплата од 1.400 денари по грло овца, бидејќи лани во декември овчарите зедоа само 600 денари по грло.  Вчера, дел од одгледувачите на овци зедоа пари, дел не. Исплатата беше кон 1.211 сточари.  Официјално, Агенцијата […]

Под влијание на влажен бран во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег


Под влијание на влажен бран во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 cm, информираат од УХМР.  Поради спуштање на постуден воздух од север, во четврток […]

Укинати мерките за загадување и покрај тоа што Скопје е на врвот на најзагадени градови


Мерките и препораките за заштита од аерозагадување престануваат да важат, откако е прекината епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ10 честичките во Скопје и Струмица. Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем, на 22 декември 2025 година среднодневните концентрации на ПМ10 честички се […]

Ново балистичко стрелиште за помодерна и поефикасна форензика во МВР


Денеска во Министерството за внатрешни работи беше отворено ново стрелиште кое што  ќе осигура сите форензички испитувања на балистички докази поврзани со мало и лесно оружје да се спроведуваат во безбедна и сигурна средина, во согласност со меѓународните стандарди.   „Потребата од вакво стрелиште е повеќе од јасна, бидејќи секоја полициска организација значително ја зголемува […]

Аеродром преку анкета до мислење за нејзината работа – првото прашање е „дали денеска сте контактирале?…“


Општина Аеродром воведува нов, транспарентен и целосно анонимен начин преку кој граѓаните ќе можат да дадат оцена и мислење за квалитетот на работењето на Општината, како и за работата на секој вработен поединечно. Целта на оваа иницијатива е директно вклучување на граѓаните во процесот на унапредување на локалната самоуправа, преку идентификување на позитивните практики, како […]

Предновогодишен коктел на Клубот на почесни конзули


Вчера се одржа новогодишниот коктел на Клубот на почесни конзули. Покрај членовите на клубот – почесните конзули на странски држави во Македонија, на настанот присуствуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Тој ја нагласи значајната улога која ја имаат почесните конзули во одржувањето на севкупните односи помеѓу земјите кои ги претставуваат […]

Грчките земјоделци до петок нема да ги блокираат граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја


Сообраќајот на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја за влез и излез од Грција, во следните денови, до петок ќе се одвива непречено, со оглед на тоа што грчките земјоделци одлучиле привремено, поради Божиќ, да ги стават во мирување блокадите, според грчката новинска агенција АНА-МПА, но тракторите ќе останат паркирани на границите, јави […]

Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух, порача Јаневска


Учениците ќе следат настава до крајот на месецов и потоа заминуваат на зимски распуст. Ќе нема порано распуштање поради загадувањето.  Прашана дали поради загадениот воздух МОН размислува за предвремено завршување на првото полугодие од учебната 2025/2026, министерката Весна Јаневска денеска изјави дека остануваат уште малку денови до распустот.  Како што рече, во овој момент немаат […]

Утрово најстудено во Берово со -2 степени, попладне дожд и снег на планините


 Најниската температура утрово е измерена во Берово -2 степени, а највисока во Гевгелија, Претор, Прилеп и Битола со 4 степени. Во Скопје на Зајчев Рид се измерени 2 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР, 0 степени измерени се во Крива Паланка, Тетово, Струмица, Mаврови Анови, 1 степен во Куманово, Виница, 2 степени во […]

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари


Почна изборната кампања за повторените локални избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа што ќе се одржат веднаш по новогодишните и божикните празници на 11 јануари 2026 година. Според Роковникот за изборни дејствија, изборната кампања за првиот круг на гласањето започнува на 22 декември на полноќ, и трае со 9 […]

Четири тетовски села денеска без струја


Дел од тетовските села Цепчиште, Јажинце, Доброште и Слатино утре, 23 декември 2025 година, ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа. Според најавата, прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот. Во селото Џепчиште без струја ќе останат објекти кои се наоѓаат кон центарот на селото, додека во Јажинце прекинот ќе […]

Без струја корисниците на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 9:00 до 15:00 часот корисниците на улица „Христо Татарчев“ бр. 14 кон објект со куќен број 30 (Општина Кисела Вода).