Без струја село Јаболци и Горно Нерези


Без електрична енергија денеска од 09.00 до 11.00 часот ќе останат корисниците од цело с. Јаболци, во општина Сопиште, информира РЦУК Скопје. Струја од 11.00 до 15.00 часот ќе немаат и дел од корисниците од Горно Нерези во општина Карпош.

Променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец.  Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 24 ноември 2025 година, 328-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 37 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 34 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 минути. Денов трае 9 часа и 31 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Почина проф. д-р Илија Џонов, невропсихијатар и поранешен декан на Медицинскиот факултет


Почина проф. д-р Илија Џонов, еден од најистакнатите македонски невропсихијатри, долгогодишен универзитетски професор и поранешен директор на Клиничкиот центар во Скопје. Џонов, кој е роден на 24 ноември 1943 година во Штип, остави длабока трага во македонското здравство и едукација. Тој во два мандата ја извршуваше функцијата декан на Медицинскиот факултет во Скопје, а е […]

Сашко Кедев одликуван со Орденот „8 Септември“ за придонесот во кардиологијата и алпинизмот


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го одликува кардиологот и алпинист Сашко Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, не само дома, туку и во европски и светски рамки, како и за историскиот подвиг во алпинизмот како прв Македонец којшто ги искачил 14-те светски планински врвови над 8.000 метри. На доделувањето на орденот вечерва […]

Аца Лукас пеел во Кавадарци во локал за 200 луѓе, а имало 700


  СДСМ соопшти дека приведувањето на српскиот турбо фолк пејач Аца Лукас во Кавадарци и одговорите на градоначалникот Митко Јанчев потврдуваат дека на концертот имало над 700 луѓе во локал кој по закон не смеело да има ниту 200. „Ова значи дека и полицијата на Тошковски и општината на Јанчев знаеле за концертот, знаеле дека […]

Доделени 33.000 ваучери за студенти


  Заклучно со саботата доделени се вкупно 33.682 ваучери за студенти, секој во вредност од 15.300 денари. Од нив, веќе 11.500 студенти успешно го реализирале ваучерот и подигнале нов електронски уред. „Имплементацијата е стабилна, а мерката создава вистински резултати“, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција. Митева нагласи дека мерката е внимателно планирана […]

Битола изгради две нови градинки, но листата на чекање и натаму е долга – илјада деца


  БИТОЛА – Во Битола се изградија две нови градинки и уредувањето е во финална фаза, а една градинка се адаптира во функционален објект и се отвори пред еден месец. Новите градинки, коишто се очекува да бидат ставени во функција во 2026 година, се со вкупен капацитет од 460 деца. Градинката што се отвори неодамна […]

Спречен увоз на замрзнат помфрит од Холандија со поминат рок


  Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба, 23.05.2025 година. Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар. „Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инспектори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на […]

Времето денеска главно облачно, повремено со дожд


  Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје, […]

Без вода ул. „Георги Казепов“ и Герантолошки завод „13 Ноември“ во Ѓорче Петров


Поради дефект на ул.„Георги Казепов“ бр.16 во населба Ѓорче Петров денеска во 14 прекинато е водоснабдувањето на корисниците на дел од ул. „Георги Газепов“ и Герантолошки завод „13 Ноември“. ЈП „Водовод и канализација“ Скопје најави дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

ЦУК: Стабилна состојба на реките по обилните врнежи, се расчистуваат мостови


Центарот за управување со кризи информира дека според известувањата од сите регионални центри, состојбата со водостоите на реките на територијата на Република Северна Македонија до 13 часот денеска е стабилна. Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките, а нивото на реката Пчиња е во опаѓање. Во Крива Паланка, Ранковце и Кратово нема […]

ЦУК: Од обилните дождови поплавени домови, земјоделски површини, патишта,… во делови од државава


Центарот за управување со кризи (ЦУК) во информација за состојбата со обилните врнежи заклучно со 8 часот изутрината соопштува дека има поплавени домови и земјоделски површини, како и одрони на патишта во дел од државава.  Во Општина Ресен, како последица на обилните врнежи, дошло до излевање на реките Болнска и Источка во селата Царев Двор […]

АХВ со препораки за безбедност на храната, водата за пиење и за заштита на животните во регионите каде има поплавување


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)денеска упати апел до населението во регионите каде има поплавување  да води сметка за безбедноста на храната, водата за пиење и за здравствената состојба и благосостојбата на животните.  АХВ укажува преку медиумите да се следат информациите за временската прогноза, состојбата со водотеците во земјава, состојбата со водоснабдувањето и безбедноста на […]

Без струја ул „Партение Зографски“ во Центар


– Без електрична енергија денеска од 09.00 до 15.00 часот ќе биде дел од ул.„Партение Зографски“ од крстосницата со ул.„Рилски Конгрес“ до бул.„Тодор Александров“ во општина Центар, информира РЦУК Скопје. 

Најмногу дожд во Лазарополе и Гевгелија


Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Маврови Анови,  18 литри на метар квадратен, по што следуваат Гевгелија со 17,  Пожаране и Попова Шапка, 16,  Берово, 15, Тетово, 14, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Во Лазарополе наврнале 10 литри на метар квадаратен,  девет во Струмица, пет во Куманово и Крушево,  четири […]

Прва еко трампа „На ти го, дај ми го“, посветена на одржливост, заедништво и креативна размена во Скопје


Организацијата Еко-свест денеска во Скопје организира прва еко трампа под мотото „На ти го, дај ми го“, посветена на одржливост, заедништво и креативна размена, наменета за сите кои сакаат да им дадат нов живот на старите предмети што веќе не ги користат. Настанот, кој ќе се одржи Собрание Бистро, со почеток од 12 часот, е […]

Милиќевиќ со изложба „Емпатија на светлина“ во Галерија Рудиќ


Во Галерија Рудиќ вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Емпатија во светлина“ на фотографот Милорад Милиќевиќ. Како што соопштуваат од галеријата, портретите на Милиќевиќ не се студиски аранжирани кадри, туку сведоштва за луѓе вкоренети во својот простор, време и културна традиција на која ѝ припаѓаат. -Милиќевиќ не документира само лица – тој бележи […]

Викендов облачно со дожд, од недела снег на планините и пад на температурите


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а […]

Астрономски календар


 Денеска е сабота , 22 ноември 2025 година, 326-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 39 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 32 минути, а ќе зајде во 16 часот и 7 минути. Денов трае 9 часа и 35 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее […]