Од 17 часот затворен граничниот премин Евзони


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Од 17:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е во прекин за секаков тип на возила, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на […]

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жителите од улицата „Прилепска“ во Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче


По обилните дождови во делови од земјата се пријавени поплави и одрони на патиштата. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поплави се пријавени во Кичево, каде се евакуираат жители од повеќе станбени објекти на улицата „Прилепска“ и во Охрид, додека одрони има на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче, при што сообраќајот се одвива […]

Во Прилеп се одржа Божикен ручек за 500 деца


Околу 500 деца од речиси цела Македонија денеска во Прилеп седнаа на заедничкиот, традиционален, Божикен ручек. Насмевки, радост од заедништвото и многу желби и пораки испратија најмладите кои се и во симболиката на празнувањето на Христовото раѓање. -Убаво е да се дружиме со децата. Во новата година јас посакувам многу здравје, среќа и љубов и […]

УХМР предупредува: Не шетајте преблиску до Охридското Езеро, има високи бранови


Во текот на денешниот ден, како и за време на претсотјнаа ноќ се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата кои пообилни се најавува да бидат во западните делови од земјата. Исто така, за време на денешниот ден се очекува прилично топло време за овој период од годината со јужно струење и прилично […]

Сообраќајка меѓу автомобил и трицикл на бул „Србија“ во Скопје, тројца се повредени


Вчеравечер, околу 21:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Србија“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даихатсу“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.Ч.(63) од Прилеп, со престој во Скопје и трицикл „томос“, управуван од М.С.(18) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле М.С. и неговиот […]

Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски-центрите на планината Баба


Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски-центрите на планината Баба, кој ќе се реализира утре и во петок. Од Општина Битола информираа дека локалната самоуправа и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани обезбедија бесплатен превоз до ски центрите на Нижо Поле и „Молика“. […]

И Илија Димовски против „увезените’“ Бадникови поворки


Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ реагираше на социјалните мрежи на масовните Бадникови поворки кои изминатите години се организираат со поддршка од државни институции, а со кои се наметнува нова практика за славење на Бадник. „Со ова новиве увезени верски практики што ни ги форсираат ќе не убедат дека Бадник е поголем празник од Божиќ, ќе не […]

Пообилни врнежи од дожд попладнево и во текот на ноќта, а на планините од снег


Времето денеска е претежно облачно, а наместа и магловито со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни односно над 25 l/m², особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец што ќе достигнува над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал […]

Снег со среден интензитет на Попова Шапка, сообраќајот по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат денеска од ЈП Македонија пат. Од претпријатието посочуваат дека врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, кои во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на […]

Општина Крива Паланка ќе додели по 15.000 денари за секое семејство со новороденче


Општина Крива Паланка ќе додели еднократна парична помош во висина од 15.000 денари за секое семејство што ќе добие принова во 2026 година. Од службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка информираат дека согласно Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2026 година и одлука на Советот, во текот на 2026 година […]

Мицкоски за Божиќ: Силата на државата започнува од домот


Премиеропт Христијан Мицкоски по мисата по повод Божиќ изјави дека силата на државата почнува од домот и дека иднината ја чуваме со грижа за најмладите. -Божиќ е ден кога тишината зборува погласно од зборовите. Ден кога се потсетуваме на она што навистина нè држи заедно: семејството, верата, солидарноста и меѓусебната почит. Христовото раѓање нè враќа […]

Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество


Претседателот на СДСМ, Филипче, упати празнична порака до граѓаните, посакувајќи им мир и радост за денешниот празник. „Посакувам мирни празници, посакувам весели празници на сите верници кои денес овој празник го празнуваат. Ова е традиционален повод да се собере семејството, да се соберат најблиските, да се покаже почит, да се покаже грижа. Посакувам денот да […]

Дури 165 граѓани чекаат трансплантација на бубрези


  На листата на чекање органи во Северна Македонија има околу 200 пациенти – 165 за бубрези, 30 за срце, останатите за црн дроб или за коски. Некои пациенти чекаат со децении, а дел од нив никогаш не дочекуваат орган,  вели Душко Ѓорѓиев, претседател на „Нефрон“, здружение на бубрежно болни пациенти. Државата зад себе има […]

Утринските температури над нулата, најмногу дожд на Попова Шапка и во Пожаране


 Најниска темепратура утрово во земјава од 0 степени е измерена на Попова Шапка, соопшти УХМР. Следат Лазарополе и Mаврови Анови со 2 степени, 4 Kрушево, 5 Скопје-Петровец, Претор, Пожаране, Тополчани, 6 Скопје-Зајчев Рид, Берово, Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Ѓуриште, 7 Куманово, Охрид, Битола, 8 Виница, Кавадарци, 9 Велес, Струмица, Штип и 10 степени Целзиусови во […]

Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божик


Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи литургија на Св.Василиј Велики. По повод Божик, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно […]

Попладне врнежи од дожд, над 25 литри


 Низ земјава денеска ќе преовадува променливо облачно време со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилн (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 12, а […]

Родителите на дел од загинатите во „Пулс“: Спомен-обележјето не е за оплакување, туку за почит и сеќавање кон децата


Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ – Кочани, основано од родителите и семејствата на трагично загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“, јавно реагира на петицијата што деновиве се промовира преку социјалните мрежи и дел од медиумите, а која се однесува на предложената локација за спомен-обележје на улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“. Од […]

На Герасимовски му се падна паричката на традиционалниот собир пред Соборниот храм


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на традиционалната прослава пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ упати порака за заедништво, солидарност и хуманост по повод Бадник и Божик. „ Традиционално, пред Соборниот храм се собравме за да ја одбележиме радоста на големиот Бадник. Со новото кумство, здравицата, бадникарската погача и дабовите гранчиња го споделивме духот на празникот“, сподели […]