(Фото) Голем одрон на патот Скопје-Велес, поплави во Крушевско


Голем одрон го отежнува сообраќајот на патот Скопје-Велес. Граѓани објавија и фотографии од одронот. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, […]

Бесплатен јавен превоз за пензионерите во Кавадарци


Пензионерите од Кавадарци добиваат бесплатен градски и приградски превоз секој ден во неделата, информираа попладнево од јавното претпријатие „Градски превоз” Кавадарци. Оттаму соопштија дека услугата ја овозможуваат заедно со Општина Кавадарци.  – Се работи за градските линии после осум часот, како и без ограничувања, за приградските линии, појаснија од „Градски превоз”.  Претходно и претседателот на […]

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – ГП Ќафасан


Воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – ГП Ќафасан, информираат од Автомото сојузот на Македонија.  Како што појаснуваат од АМСМ, забраната е воведена од 18.15 часот. 

Д-р Бошковска: Грипот коси! На Клиниката во Козле речиси комплетно е исполнет капацитетот


На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле на дневно ниво амбулантски се прегледуваат и до 250 пациенти, а хоспитализирани се 90-ина деца, со што болничкиот капацитет е речиси комплетно исполнет. Хоспитализирани се пациентите со компликации од грип – дехидратација, пневмонии и бронхоопструкции. Неколку деца се и на кислородна поддршка со маска, а […]

Црна Река се излеа во демирхисарските села Бараково и Граиште, УХМР со предупредување


Црна Река се излеа од своето корито и ги поплави атарите на демирхисарските села  Бараково и Граиште. Водостојот на реката Црна се зголемува и постои непосредна опасност реката да се излее во куќите. Поплавен е и патниот правец Бараково-Вардино и е непрооден, потврдија жители од демирхисарските села Бараково и Граиште. Како што информира УХМР, според […]

Во Ресен препорачно да не се пие водата заради нарушен квалитет


Поради интензивните врнежи и огромниот природен прилив на вода, моментално е нарушен квалитетот на водата во делови од водоводниот систем. Заради безбедност на граѓаните, водата привремено не се препорачува за пиење, соопштија од ЈКП „Пролетер“-Ресен. Од Јавното комунално претпријатие „Пролетер“-Ресен појаснија дека нарушениот квалитет на водата е последица на екстремните временски услови, а не на […]

Три пати повеќе заболени од грип годинава во однос на лани – пикот на почетокот на второто полугодие


Според последните податоци на ИЈЗ во текот на првата недела од 2026 година имало 1.725 заболени од грип, што е за 2,2 пати повеќе од претходната недела, кога имало 771 пациент. Оваа недела во споредба со истата недела лани бројот е зголемен 5,5 пати, а во однос на просекот од последните 15 години, оваа бројка […]

(Во живо) Д-р Марија Андоновска со препораки за заштита од грип


Пред просториите на Институтот за Јавно Здравје (во кругот на Клинички центар), директорката на Институтот за јавно здравје, науч. сор. д-р Марија Андоновска, ќе даде изјава за информирање на јавноста поврзана со моменталната состојбата со сезонскиот грип, и заболувања слични на грип, како и препораки за превенција.

„Жолто“ ниво на предупредување од поплави во две третини од Македонија


Вчера и синоќа повеќе делови од државата беа зафатени со обилни дождови, што придонесе за зголемување на водостојот на реките и нивно излевање и поплави. Најризично можеби беше во Кичево, каде што беа евакуирани 60 луѓе. За денеска, Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) објави „Жолто ниво“ за предупредување од поплави, односно постои потенцијална опасност од […]

(Видео) Диви свињи прошетаа низ скопската населба Водно


На социјалните мрежи е споделена снимка на која може да се забележат диви свињи како се шетаат низ населбата Водно во Скопје.   „Диви свињи шетаат во населба Водно, снимено денес околу 19:30 на улица Питу Гули карши Тинекс“, објави авторот на снимката, Гоце Бурзевски.  

Забрана за автобуси на патот Тетово-Попова Шапка


Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 09:25 часот се воведува забрана за сообраќај за автобуси, додека за леки коли е задолжителна зимска опрема (синџири), иформира АМСМ.  Претходно АМСМ соопшти дека изутрина во 5.15 часот е воведена забрана за камиони на патот Струга – ГП „Ќафасан“. Сообраќајот на државните […]

(Видео) Божиќно бебе во скопската Зоолошка градина


Празничната магија пристигна во скопската Зоолошка градина! На Божиќ, во ЗОО се роди мало јагне, кое веднаш ги освои срцата на вработените и посетителите. Од ЗОО информираат дека малечкото е здраво и полно со енергија, а мајката внимателно се грижи за него. Вработените истакнуваат дека ваквите „празнични бебиња“ секогаш носат посебна убавина и радост во […]

Конечно снег и на Маврово, најмногу на Попова Шапка – 31 см


Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -4 степени. Веднаш потоа е -3 степени во Куманово, -1 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Mаврови Анови, 0 степени има во Крива Паланка, Штип, Велес, Kрушево, 1 во Тетово, Охрид, Виница, 2 во Претор, Кавадарци, 3 во Демир Капија, 4 во Прилеп, Берово, 5 во Битола, Струмица […]

Излевања на реки, поплави, одрони, евакуирани 60 жители во Кичево … ЦУК по обилните вчерашни дождови


 Центарот за управување со кризи информира дека обилните врнежи заклучно со 21 часот синоќа предизвикале излевања на дел од реките, поплави на станбени објекти, земјоделство земјиште, подруми, како и одрони и свлечишта на дел од патиштата. Од ЦУК велат дека ја следат состојбата и ги повикуваат граѓаните, доколку имаат потреба или забележат проблеми, да ги […]

Што уништила АХВ минатата година: Шербет се продавал како мед, маслиново масло, јајца, колбаси…


Шербет што се продавал како мед, маслиново масло, минерална вода, пилешки стекови, јајца, колбаси, мелено месо и сладолед, се само дел од производите кои во 2025 година биле нештетно уништени поради утврдени неправилности. Како што вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов во разговор за МИА, од 01.01.2025 до 15.12.2025 се […]

Врнежи од снег на повеќе места, забрана за камиони на патот Струга- ГП „Ќафасан“


Поради врнежи од снег утрово во 05.15 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – ГП „Ќафасан“. АМСМ соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни  коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на […]

Дожд и снег на повисоките места, температурата од – 2 до 10 степени преку ден


Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите од дожд ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, […]

Поплави во Битола и околните села


  Вечерва по обилните врнежи од дожд кои предизвикаа поплавување на улици низ градот битолската „Нискоградба“ и другите јавни претпријатија започнаа акција за санирање на состојбата. Најкритична е состојбата кај стариот „Прогрес“ кај каналот од реката Курделес кој се излеа, поради што отежнат е сообраќајот на улицата „Македонска фаланга“ (старата „Иво Лола Рибар“) до Железничката […]

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште


 Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека по добиена пријава на бројот за итни повици 112, поради врнежи од дожд повторно има свлечиште на патот кон Бањиче, тетовско. – Се апелира до граѓаните да не патуваат на оваа делница додека не се стабилизира состојбата. Општинските екипи се на терен и ја следат ситуацијата, наведуваат […]

На Божик се роди Миха – првото новороденче во Кочани во 2026


Утрово,  7 јануари, во 2:45 часот, токму на големиот христијански празник Божик, на свет дојде првото новороденче во новата година во Кочани. Станува збор за машко бебе, родено на Акушерското одделение при Општата болница во Кочани. Мајката е од Гостивар, но живее во Оризари и ова е нејзина втора рожба, што ќе го носи името […]