Куманово објави повик за субвенции за сметки за вода и ѓубре, наменет за ранливите категории граѓани


Општина Куманово денеска распиша јавен повик за субвенционирање на трошоците за комунални услуги, насочен кон социјално ранливи категории граѓани. Мерката, како што соопштија од секторот за социјална заштита, има за цел ублажување на финансискиот притисок врз домаќинствата со ниски приходи и зголемена социјална ранливост. Субвенциите може да ги користат стечајни работници кои останале без право […]

Прегазен пешак на „Народен фронт“, возачот избегал (фото)


Човек е прегазен денеска околу пладне на скопската улица „Народен фронт“, во близина на трговскиот „Зебра“, а возачот избегал. Во моментот полиција го обезбедува местото, а повредениот е пренесен во болница. На асфалтот има скршен ретровизор и помали пластични делови од автомобил, а се гледа и крв. Од МВР велат дека сообраќајката се случила околу […]

УХМР: Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула


Повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините ќе има утре претпладне, кога ќе дува умерен до засилен јужен ветер, над 60 километри на час. Попладнето врнежите насекаде ќе бидат само од снег. -Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта […]

Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и попреченост


Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на следните социјални права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за месец декември 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во […]

Ќе се прави испитување на геномот на ембрионот за ин витро


Досега во Македонија не се правеше испитување на ембрионот, за да се дознае дали е тој здрав, а од сгеа, откако Фондот за здравство денеска потпиша договор со Природно-математичкиот факултет, ќе се овозможи такво испитување. Како што рече директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, ќе се воведе оваа нова метода, со која ќе се испитува дали […]

Карневалските празнувања во Струмица ќе се одржат од 18 до 25 феверуари


Годинава карневалските празнувања во Струмица ќе се одржат од 18 до 25 февруари, а традиционално тие почнуваат со предавањето на клучот на градот од градоначалникот на карневалистите, беше соопштено денеска на прес-конференција. Според градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, Струмичкиот карневал е вековна традиција, симбол на Струмица и препознатлив белег на културниот идентитет. -Оваа наша жива […]

(Во живо) Клековски потпишува договор за молекуларни анализи со ПМФ


Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, и деканот на Природно-математичкиот факултет, Даворин Трпески ќе склучат договор со кој Лабораторијата за молекуларна биологија и геномика при ПМФ ќе започне со изведување на напредни молекуларно-дијагностички анализи.

Семејството на Стивен, кој загина во Кран-Монтана, бара донации за погребот


Семејството на 16-годишниот Стивен Ивановски, кој загина во пожарот за новогодишната прослава во „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, бара донации за да ги покрие трошоците на закопот на момчето. На прославата Стивен бил со својата сестра, која за среќа е меѓу преживеаните. „Стивен го загуби животот во тој бар. Неговата сестра, која излезе малку на воздух, […]

Средното стручно образование сè попривлечно


Учениците се на зимски распуст и во училишните клупи ќе се вратат на 20 јануари за да ја продолжат наставата од второто полугодие во учебната 2025/2026 година. Овој месец се очекува да биде донесена Стратегијата за образование 2025-2030, а ќе претстојат и јавни расправи за пакет закони за високото образование и за наука откако ќе […]

Државниот врв на традиционален прием кај поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан


Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г.г. Стефан денеска по повод неговиот именден традиционално во неговата резиденција ќе одржи прием за државниот врв. Како што информирираат од Кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА, на приемот се поканети претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши и премиерот Христијан Мицкоски.  На приемот ќе […]

Јанчев: Се подготвува скијачката патека во Михајлово


Се подготвува ски – стазата Михајлово, информира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, преку објава на неговата официјална Фејсбук страница.  -Покрај слабите природни врнежи, во ски – центарот Михајлово започна процесот на производство на вештачки снег, со што официјално се интензивираат активностите за подготовка на ски – стазата за претстојната зимска сезона. Надлежните служби континуирано работат на […]

Најстудено утрово на Попова Шапка, -11 степени, во Скопје минус 8


Утрово најниска температура од -11 степени Целзиусово е измерена на Попова Шапка. Следат -9 во Куманово, -8 Скопје-Петровец, Берово, Крива Паланка, -7 Тетово, Демир Капија, Mаврови Анови, -6 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Штип, Виница, Кавадарци, Kрушево, -5 Прилеп, -3 Гевгелија, Претор, -2 Охрид, Битола. Во изминатите 24 часа до 07 часот најмногу дожд наврнал во […]

Црвениот крст прибира помош за евакуираните во Кичево


Поројните врнежи од дожд и зголемениот водостој на реките предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во Кичевскиот регион. Поплавите предизвикаа материјални штети, кои непосредно го погодија населението во Кичево. Евакуирани се околу 110 лица од загрозените подрачја. Црвениот крст на Македонија Општинската организација Кичево, во соработка со Општина Кичево, во изминатите 24 часа […]

Јанчев: Зимската служба до доцна вечерта обезбедуваше услови за побезбеден сообраќај


Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев утрово информираше дека зимската служба на подрачјето на општината работела до доцна во ноќните часови на расчистување на снегот од коловозите, со цел да обезбеди услови за побезбеден сообраќај. -Зимската служба до доцна вечерта, континуирано вршеше посолување и одржување на повеќе патни правци со цел обезбедување побезбедни услови за сообраќај. Посолени […]

РСБСП апелира на внимателно и одговорно возење во зимски услови


Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. -Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување […]

Без струја улицата „Тодор Чангов“ – крак 48 во Аеродром


Без електрична енергија денеска ќе останат корисниците од ул. Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром). Како што соопшти РЦУК Скопје по известување од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде  во периодот од 09.00 до 11.00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) забрана за движење на товарни возила


На ГП Ники (ГП Меџитлија) има забрана за движење на товарни возила, која ќе трае до 10 јануари, до 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор […]

Фондот за здравство и ПМФ склучуваат договор за унапредување на молекуларната онколошка дијагностика


Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и деканот на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Даворин Трпески, денеска во просториите на ПМФ ќе потпишат договор за унапредување на молекуларно – дијагностичките капацитети во земјата, со директно влијание врз современото и персонализирано лекување на онколошките пациенти. Со склучениот договор, како што […]

Променливо облачно време со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус девет до минус два, а максималната ќе […]

Утре ќе нема вода на „Васил Ѓоргов“ во скопски Центар


Утре без вода ќе останат дел од корисниците во Општина Центар, информира РЦУК – Скопје. Од ЈП „Водовод и канализација“ е добиено известување дека на ден 9 јануари (петок) поради уличен дефект на ул. „Васил Ѓорѓов“ б.б. – пред ОУ „Киро Глигоров“, во периодот од 9:00 часот па с до отстранување на дефектот без вода ќе останат […]