Бадниковата поворка кај претседателката Сиљановска Давкова


Традиционално, во претпладневните часови, групи деца и млади од Бадниковите поворки остварија празнична посети кај претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова. -Бадниковата поворка и годинава ме посети, носејќи радост и светлина. Најискрените гласници на верата и мирот – децата, пеејќи за вечниот Бог и Божјата љубов, го најавија Христовото раѓање, објави претседателката на Фејсбук. Таа додаде […]

Облачно време со врнежи од дожд и снег


Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Утре врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува засилен ветер од јужен правец над 60 km/h, информираат од УХМР.  Поради продор на постуден […]

Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја


Денеска и утре, поради празникот Водици во Грција, според најавите, грчките земјоделци нема да го блокираат граничниот премин Евзони и сообраќајот се очекува да се одвива непречено, како што беше случај за Божиќ и за Нова година, со цел да се олесни патувањето на граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина, Од друга страна, на […]

Православните христијани го слават Бадник


Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Одбележувањето на Бадник во Скопје ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Според најавите од организаторите, како и минатата година, делењето бадникови гранчиња ќе се […]

Сообраќајот непречено, по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.  Препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено […]

Променливо облачно со повремен локален дожд и наместа засилен ветер од јужен правец, од утре дожд и снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен ветер […]

Нов протест во Куманово поради данокот на УЈП од 2020


  Денеска по втор пат протестираа кумановци кои со години работеле во американски фирми во Ирак и Авганистан пред зградата на Управата за јавни приходи во Куманово, против ретроактивното оданочување за вората половина од 2020 година. Тие побараа правилно утврдување на даночната резидентност, укажувајќи дека биле надвор од државата повеќе од 183 дена, потоа институциите […]

Главната вечер на Струмичкиот карневал ќе се одржи на 21 февруари


Годинашново издание на Струмичкиот карневал ќе се одржи од 18 до 25 февруари, а Главната вечер ќе се одржи на 21 февруари (сабота), информираше претседателката на Организацискиот одбор на Карневалот, Танкица Стојанова,на денешниот брифинг со новинарите. Се планира традиционално карневалските празнувања да почнат со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите, а […]

Почна постапката за изградба на регионална депонија во Пелагонија


  БИТОЛА – Ќе се затвори и санира нестандардната депонија Мегленци во Пелагонија и ќе се изгради нов Регионален центар за управување со цврст отпад за жителите од 18 општини во Пелагонија и Југозападниот дел на Македонија. Ова денска во Битола го најави градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, на промоцијата на дел од опремата […]

СДСМ тврди дека има нови докази за поврзаноста на Алта банка со ВМРО-ДПМНЕ


  Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска презентираше нови докази, за кои тврди дека укажувале на поврзаност на Алта банка со структури, финансиери и функционери на ВМРО-ДПМНЕ. За овој случај, СДСМ побара Управата за финансиско разузнавање и Финансиската полиција да отворат истрага за ова сомнително преземање и темелно да се испита потеклото на парите. Денеска беа […]

Божикна порака од архиепископот Стефан: Живееме во свет во кој има неправди и беззаконие, да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо


Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, во пресрет на  Божик, испрати  порака да постапуваме правилно, совесно и добродушно на местото каде што Господ нè поставил, да не се обесхрабруваме, туку да истраеме, дури и доколку ни се чини дека она што го правиме е мало и безначајно.  – […]

ДИК ги финализира подготовките за локалните избори на 11 јануари


  Државна изборна комисија ги финализира подготовките за повторените локални избори што ќе се одржат на 11 јануари, в недела. На денешната седница Комисијата донесе неколку клучни одлуки поврзани со безбеден транспорт и дистрибуција на доверливиот изборен материјал до општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Со цел изборниот процес да се одвива […]

Пикот на сезонскиот грип ќе биде во наредните две до три недели, изјави Алиу


Пикот на сезонскиот грип ќе биде во наредните две до три недели. Секоја година во овој период имаме зголемување на бројот на пациенти со грип кои бараат здравствени услуги, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу. Во моментов, појасни тој, нема зголемен број заболени од грип за да се каже дека тој е алармантен споредено […]

Приходите од акцизи потфрлиле бидејќи нафтата не поскапела како што очекувала Владата


Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска е задоволна генерално од реализацијата на приходната страна, особено во делот на даноците каде реализацијата е 97 проценти, а послаба е наплатата во делот на акцизите.  – Потфрлено е во делот на неданочните приходи – тоа се сопствените приходи на институциите. Тоа значи дека самите газди не си […]

Изречени се казни до 53.000 евра за загадувачите – воздухот во Скопје уште е загаден


Денеска се одржа вонредна седница на советот на градот Скопје, посветена на загадувањето на амбиенталниот воздух и неговите причинители, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека се согласува со сите излагања на советниците. – Во изминатиот период преземавме засилени инспекциски контроли на индустриските капацитети, воведовме редовни и вонредни надзори, работиме на решавање на сообраќајот, изградба на […]

Први интервенции со најсовремен хистероскопски апарат во охридската болница


На Одделението за гинекологија и акушерство при Општата болница во Охрид воведени се хистероскопски интервенции со употреба на нов, најсовремен хистероскопски апарат. Станува збор за процедура што за прв пат се изведува во Охрид и во регионот. Директорот на „Општа болница“ – Охрид, спец. гинеколог и акушер д-р Горан Маркоски соопшти дека методата претставува исчекор […]

ДИК усвои финансиски план од 153,2 милиони денари и ги заокружи подготовките за локалните избори


Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги усвои записниците од 164-тата и 165-тата седница и донесе повеќе одлуки поврзани со финансиското работење и техничката организација на претстојните локални избори закажани за 11 јануари 2026 година. Комисијата ја усвои Предлог-одлуката за доделување авансни средства на вработените во ДИК и лицата ангажирани за транспорт на доверлив […]

Тошковски размислува за построги казни за пиротхника, по неколкуте ампутации годинава


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција најави дека се размислува за заострување на казнената политика во врска со нелегалната трговија и употреба на пиротехнички средства. Тој истакна дека и покрај засилените превентивни кампањи, проблемот останува присутен, особено во урбаните средини. -За жал и покрај тоа што се зголемени превентивните кампањи, покрај тоа […]

Тошковски: Не е украдена камерата на „Безбеден град“ во Сарај


Камерата од проектот „Безбеден град“ поставена во општина Сарај не е украдена, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Точковски, демантирајќи информации што се појавија на социјалните мрежи. -Не, не е украдена. За жал, има многу портали, Фејсбук и Инстаграм страници кои со лажни факти се обидуваат да привлечат внимание од различни интереси – политички, […]

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита


Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2025 година.  Исплатата се однесува на следните права: Гарантирана минимална помош Гарантиран Детски додаток Додаток за социјално домување Еднократна парична помош Еднократна парична помош за новороденче Образовен додаток Образовен додаток – студирање […]