ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски стои на располагање за сите детали за истрагата на ДКСК


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, стои на располагање за сите детали кои се поврзани со истрагата, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ по објавата на ДКСК дека ќе поведе постапка за утврдување на вистината во тврдењето на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов дека Мицкоски нелегално купил земјиште, а ќе се проверува и ,,бизнисот со хидроцентралите“. „Ја поздравуваме експeдитивноста […]

Од морбили 16-годишна пациентка критично, шестмина во тешка состојба


Освен 16-годишната пациентка со церебрална парализа која има пневмонија како компликација од морбили и е на механичка вентилација на Универзитетската клиника за инфективни болести, уште едно дете и пет возрасни со компликации од морбили се во тешка состојба, информираат од оваа јавна здравствена установа. Во изминатите 24 часа, како што посочуваат од Клиниката, биле прегледани […]

На ДУИ веќе не ѝ одговара Џафери да биде претседател


Пред финалето на шестите претседателски избори, владејачката ДУИ ја засили кампањата за поддршка на заедничкиот кандидат со СДСМ, Стево Пендаровски. Шефот на партискиот изборен штаб Изет Меџити одржа прес-конференција на која прогнозираше дека на контото на Пендаровски на 5 мај ќе се слеат околу 80 илјади гласа на поддржувачи на ДУИ, од кои околу 50 […]

Судијата од Управниот суд се повикал на судиски имунитет по барањето на Обвинителството да му биде одреден притвор


Судијата од Управниот суд, осомничен за злоупотреби со предмет за денационализација, се повикал на правото на судиски имунитет откако Обвинителството за организиран криминал и корупција побара од судија на претходна постапка да му одреди притвор, информираат од Кривичниот суд. -До судија на претходна постапа при Основниот суд Скопје 1 – Скопје од Обвинителството за гонење […]

ДКСК констатира непотизам при вработувања, но нема надлежности за покренување постапки


Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) по направената анализа на 10 предмети за постапка за вработување од 2004 до 2019 година на денешната седница констатира елементи за непотизам или влијание при вработувањето на блиски лица. По овие предмети, во кои се користело дискреционото право на директорите во институциите согласно Законот за работни односи за избор […]

Силјановска: Сопругот го купи станот како носител на станарското право


Во 1992 кога професорката Гордана Силјановска Давкова е министерка, беше почната примената на Законот за приватизација на становите во општествена сопственост, a според тој закон сопругот на Гордана Силјановска Давкова го купи станот како носител на станарското право, појаснува преку соопштение кандидатот за претседател поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Повикувајќи се на сторија која кружи по […]

Десет и пол месечно бебе почина од компликации од морбили


Според информации од Клиниката за детски болести, во текот на вчерашниот ден десет и пол месечното бебе кое повеќе од две недели беше на интензивна нега починало како последица од компликации од мали сипаници, изјави денеска доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје. Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од […]

Се преигравме ли со ТВ-дуелите?


Серијата ТВ-дуели меѓу претседателските кандидати во пресрет на првиот и на вториот круг на изборите за шеф на државата треба да биде заокружена со вечерашното финално соочување меѓу Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски на Телевизија 24. Последното „танго“ пред гледачите доаѓа само ден по дуелот на Канал 5. Тоа дефинитивно нема да биде окарактеризирано како […]

ЈСП во вторник со изменет режим на сообраќање


Од 7 до 19 часот во вторник за време на Апостолската посета на Папата Франциск ќе има посебен режим на сообраќање на возилата од јавниот превоз, соопшти ЈСП Скопје. Линиите 3, 3Б и 25 воопшто нема да бидат во функција. Превозот ќе биде бесплатен за сите граѓани. Од Јавното претпријатие информираат дека поголем дел од […]

Деркоски: ДИК подготвена за вториот круг од гласањето


Без никакви проблеми доставени се сите изборни материјали до сите изборни комисии и Државната изборна комисија е подготвена за вториот круг од претседателските избори, изјави претседателот на ДИК Оливер Дерковски. – Утре ќе гласаат 1.640 затвореници, како и околу 4.540 лица пријавени како болни и немоќни и седум раселени лица, утре ќе може да го […]

Народен правобранител: Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право


Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела, (5 мај), на денот на одржувањето на вториот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид и Ново Село, во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на […]

Викендов повремени врнежи од дожд, грмежи и ветер


Од утре кон крајот на денот до понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25л/м2), проследени со грмежи, ветер и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе дува засилен северо-западен […]

Антикорупциска по допрен глас отвора предмет за Мицкоски


Антикорупциска ќе отвори предмет за претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски по допрен глас. Антикорупциска ќе утврдува дали има вистина во тврдењето на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов дека Мицкоски нелегално купил земјиште, а ќе се проверува и ,,бизнисот со хидроцентралите“. За Мицкоски ќе се проверува и дали имало прекршување на законите кога тој бил […]

СДСМ поднесе пријава за Гордана Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на деца во изборна кампања


Овластен претставник на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска поднесе пријава за недозволени активности во тек на изборна кампања до надлежните институции, поврзана со злоупотребата на деца во изборна кампања од страна на Гордана Сиљановска и штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Пријавата е поднесена до Државната Комисија за спречување на корупцијата бидејќи од страна на Гордана Сиљановска […]

Кривичен суд: Пресудата за „Титаник 2“ е доставена до осудените


Пресудата за „Титаник 2“ е доставена до осудените лица, кои по приемот имаат право на жалба преку Основниот суд Скопје 1 до Апелациониот суд во Скопје, информираат денеска од Кривичниот суд во Скопје. – Заради зголемен интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека пресудата за предметот […]

ДУИ нема 80.000 гласа за Стево, ама ќе даде повеќе од првиот круг


Три дена пред одлучувачкиот втор круг од изборите за претседател, коалициските партнери во Владата влегоа во уште недоразбирање, иако нејасно е кому тоа му оди во прилог. Овој пат тема е поставувањето на албанското знаме на Самуиловата тврдина во Охрид, што беше експресно санкционирано од полицијата и од судот. Вицепремиерот Бујар Османи ги оправда игроорците […]

Спасовски во Виена: Правовремените информации и нивна размена клучни за справување со мигрански кризи


Водејќи се од искуствата од големата мигрантска криза, како научена лекција  можеме да заклучиме дека размената на информации и координација меѓу нашите инститиции е од особена важност…И тоа на сите нивоа, независно дали се работи за земјите од ЕУ, или за земјите од Западен Балкан долж мигрантските рути. Правовремената информација е круцијална за правилно распоредување […]

Владата најави продолжување на политиката на немешање во работата на медиумите


Владата ќе ја продолжи политиката на немешање во работата на медиумите. Овој ден го одбележуваме во атмосфера на медиумско ослободување од какви било влијанија, порачаа владини претставници на заедничка прес-конференција по повод Светскиот ден на слободата на медиумите. Премиерот Зоран Заев, честитајќи го Денот на слободата на медиумите, рече дека во последните две години е […]

Левица ја поддржува професорката Силјановска


  Президиумот на Левица, на синоќешната вонредна седница, одлучи да ја поддржи професорката Гордана Силјановска Давкова како кандидат за претседател на Република Македонија. „Силјановска ја сметаме за атипичен претседателски кандидат. И покрај нашите несогласувања по одредени прашања, знаеме дека таа е изградена личност со неспорен кредибилитет, која што ефикасно ќе се спротивстави на политиката на […]

Антикорупциска ги одби приговорите од ВМРО-ДПМНЕ


Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница ги одби петте приговори поднесени од генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, како партија, учесник/организатор на изборна кампања. Првиот приговор  е против  Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, другиот против градоначалник на општина Гази Баба, Скопје, а третиот против градоначалник на општина Шуто Оризари. Четвртиот приговор поднесен до ДКСК е против […]