Проф. д-р Венера Крлиу избрана за нова ректорка на Универзитетот Американ Колеџ Скопје


Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) доби нова ректорка. По изборите спроведени на сите академски единици на универзитетот, за ректорка е избрана проф. д-р Венера Крлиу, која ја презема оваа клучна позиција со мандат од 1 октомври 2025 година.  Со овој избор, УАКС најавува почеток на нова фаза на развој, фокусирана на квалитетно образование, зајакнување на …

Проф. д-р Венера Крлиу избрана за нова ректорка на Универзитетот Американ Колеџ Скопје Read More »

Арсовска ја обвинува претседателката на УО на КХС за хаосот со собирањето на комуналниот отпад во Скопје


Градоначалнилчката на Град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи директно ја обвини претседателката на УО на Комунална хигиена Скопје за хаосот со собирањето на комуналниот отпад во Скопје. „На госпоѓата која е со правосилна судска пресуда ОСУДЕН КРИМИНАЛЕЦ, работите никако да и тргнат од рака да ги тера по пропис, па за денес во 13 …

Арсовска ја обвинува претседателката на УО на КХС за хаосот со собирањето на комуналниот отпад во Скопје Read More »

Бошњачкиот сојуз поднесе иницијатива за додавање на геноцидот во Сребреница во Кривичниот законик


Бошњачкиот демократски сојуз денеска на прес-конференција соопшти дека во својство на политички и национален претставник на македонските граѓани кои се припадници на бошњачкиот народ, покренал иницијатива за дополна на Кривичниот законик со која се бара во ставот 3 од член 407-а од КЗ, по зборот „холокауст“ да се додадат зборовите „геноцидот во Сребреница“.  Конкретниот предлог …

Бошњачкиот сојуз поднесе иницијатива за додавање на геноцидот во Сребреница во Кривичниот законик Read More »

Се бараат ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски


Бранителот на обвинетиот Влатко Кешишев, адвокат Игор Ефремов, денеска во Основен кривичен суд Скопје побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, со образложение дека тој не само што не учествувал, туку ниту знаел, ниту имал намера тоа да се случи. Евентуална вина, како што посочи, може …

Се бараат ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски Read More »

Во Скопје 740 дивоградби за пет години, најногу во Центар, Ѓорче и Бутел


Во периодот од 2019 до 2023 година, на територијата на Скопскиот регион се пријавени вкупно 740 бесправно изградени објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу дивоградби има во општина Центар – 122, по што следуваат Ѓорче Петров со 104, Бутел со 108 и Карпош со 98 пријавени случаи. Во останатите скопски општини бројките …

Во Скопје 740 дивоградби за пет години, најногу во Центар, Ѓорче и Бутел Read More »

Кривична пријава за узурпација на јавен простор против угостители во Кочани поднесе в.д. градоначалникот Крстевски


Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“ сѐ уште има угостителски објекти во Кочани кои работат спротивно на законските прописи и стандарди загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, а нивните сопственици не преземаат мерки тоа да се промени и спречи, поради што в.д. градоначалникот Венко Крстевски денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за узурпација …

Кривична пријава за узурпација на јавен простор против угостители во Кочани поднесе в.д. градоначалникот Крстевски Read More »

Од денеска до петок нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


 Од денеска до петок во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град. Во Скопје денеска во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР упатија препорака во случај …

Од денеска до петок нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер Read More »

МЗ ќе ги обедини сите акции за помош на настраданите во Кочани


Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со процесите за тоа какви донации се потребни за семејствата на настраданите и за повредените во дискотеката во Кочани, а ќе ги обедини и сите поединечни акции за помош на жртвите, без разлика дали се работи за финансиска помош или простор за рекреација, рехабилитација и социјализација, соопшти денеска министерот …

МЗ ќе ги обедини сите акции за помош на настраданите во Кочани Read More »

Бранителот на Велибор Манев бара ослободителна пресуда за убиствата, а осудителна за грабнувањата на Вања и Панче


 Адвокатот Горан Бошевски, бранител на обвинетиот Велибор Манев, во својот завршен збор за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во однос на кривичното дело убиство, а осудителна за делото грабнување. Според адвокатот, не постоел договор за убиства и оттаму нема умисла за извршување таков вид кривични дела. …

Бранителот на Велибор Манев бара ослободителна пресуда за убиствата, а осудителна за грабнувањата на Вања и Панче Read More »

За упис на средношколци во дуалното образование 269 дуални паралелки и 6.725 слободни места


Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година за учениците кои ќе можат да се запишат во средните општински училишта, од нив 18.500 места се предвидени за упис во средните стручни училишта, од кои 6.725 места се во дуално образование во 269 паралелки. За таа цел Владата и Министерството за образование и наука го зголемиле …

За упис на средношколци во дуалното образование 269 дуални паралелки и 6.725 слободни места Read More »

Осум лица, меѓу кои четири деца евакуирани од Израел


Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа безбедно пристигна на скопскиот аеродром. Станува збор за осум лица – четири деца и четири возрасни – кои, како дел од поголем организиран транспорт, ја напуштија територијата на Израел и се упатија кон Египет, …

Осум лица, меѓу кои четири деца евакуирани од Израел Read More »

Без струја делови од Илинден и Аеродром


 Без електрична енергија деенска од 08:10 до 14:30 часот, ќе останат корисниците од населба Јака и село Марино, дел од корисниците од селата Белимбегово и Кадино, објектите на Гранд Експорт, Текспорт, Мак Инвест и Хавеп, трафостаниците на Мак Инвест 381720, Бела Земја 1, 2, 3, 5, 6, 7 , 8, 9 и 10, како и …

Без струја делови од Илинден и Аеродром Read More »

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено …

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата Read More »

Сончево и топло, попладне дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. …

Сончево и топло, попладне дожд и грмежи Read More »

Астрономски календар


Денеска е среда, 18  јуни 2025 година, 169-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 196 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 20 …

Астрономски календар Read More »

Црн чад од пожарот кај Трубарево се гледа од цело Скопје


Од Карпош па до Аеродром се гледа црниот чад од пожар кој избил кај гробиштата во Трубарево. Од Центарот за управување со кризи велат дека добиле десетина пријави. Веќе противпожарни екипи се на терен и се работи на негово гаснење. Според првичните информации, пожарот не е ризичен и се очекува брзо да биде изгаснат.

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот


Владата на денешната седница ја усвои Стратегијата за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025–2028, заедно со Акцискиот план, соопшти вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. Овој документ, како што наведува, ја одразува непоколебливата посветеност на Владата за борба против организираниот криминал и корупцијата, преку зајакнување …

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот Read More »

Општина Штип инкасираше околу 31 милион денари од данок на имот


Општина Штип до денеска наплатила околу 50 отсто од предвидените средства, кои граѓаните ги плаќаат за данок за имот. Драган Каров од Одделението за даноци во Општина Штип вели дека ако се направи споредба со претходната година, до 30 мај 2024 година беа нaплатени 30 отсто од предвидени 54 милиони денари за таа тековна година. …

Општина Штип инкасираше околу 31 милион денари од данок на имот Read More »

Овчите сипаници најчесто акутно заразно заболување во мај


Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ со вкупна инциденца од 49,1 на 100.000 жители. Во текот на мај се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за …

Овчите сипаници најчесто акутно заразно заболување во мај Read More »

Владимир Лапе, препознатливото лице на македонскиот журнализам, почина на 79 години


  По кратко боледување на 79 години денеска почина Владимир Лапе, долгогодишен новинар и доајен на македонското новинарство. Роден е во Скопје во 1946 година. Со новинарство започна да се занимава уште од студентски денови во средината на 60тите години во редакцијата Млади за млади во тогашното Радио Скопје, а потоа и како еден од …

Владимир Лапе, препознатливото лице на македонскиот журнализам, почина на 79 години Read More »