Затворена за сообраќај делницата Куманово-Опае


На Регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае, ќе се изведуваат асфалтерски работи, поради што сообраќајот ќе биде затворен од денеска до 31 јули (среда) во времетраење од 09:00 до 18:00 часот. Патниот правец А3 Кочани – Делчево кај Истибања – брана Калиманци км. 259+300 е отворен за сообраќај по една коловозна лента. Како што […]

Променливо облачно со повремен дожд, температурата до 35


Времето во првата половина од денот ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. УВ индексот седум. Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви […]

Лишени од слобода 12 женски лица при акциска контрола во угостителски објект


Дванаесет женски лица се лишени од слобода при акциска контрола во угостителски објект лоциран близу автопатот Тетово-Скопје од страна на полициски службеници од Тетово. Како што информираат од МВР, лицата се на возраст од 20 до 40 години од Србија, Албанија и Бугарија и истите се приведени во Полициската станица во Тетово, по што ќе […]

Приведени двајца цариници за поткуп


Двајца царински службеници од граничниот премин Табановце се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Осомничени се за примање поткуп. СВР Куманово, Одделение за Криминалистичка полиција, Отсек за Економски криминалитет во содејство со Секторот за професионална одговорност – Одделението за внатрешни истраги при Царинска Управа на РСМ постапувало по пријавено кривично […]

Родители и полиција патролираа синоќа во Крива Паланка


Полициски службеници, родители и членови на локалниот совет за превенција од Крива Паланка синоќа извршија обиколка на најпосетуваните места во општината каде во ноќните часови се задржуваат младите. Во координација со локалната самоуправа, меѓуопштински центар за социјална работа, Црвен крст и родители членови на совет на родители при образовните институции,во Полициската станица од општа надлежност […]

Булмак: Ќе го расчистиме случајот со загинатиот рудар во „Тораница“


При поставување експлозивни средства за минирање во јама на рудникот „Тораница“ – Крива Паланка вчера во попладневните часови се случи несреќа, во чии рамки беа повредени тројца рудари од овој рудник. Kако последица на сериозноста на повредата и видот на ранувањето, еден од нашите вработени подлегна на повредите, додека останатите двајца беа пренесени во ЈЗУ […]

Предлог-законот за јавно обвинителство на собраниска седница на 27 август


Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа седницата за предложениот закон за јавно обвинителство на 27 август. Предлог законот, како што може да се види на веб-страницата на Собранието, е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка. За донесување на овој закон потребно е двотретинско мнозинство во Парламентот. Кога го образложуваше и […]

Почина работник при пад од објект во изградба


Четириесет и осумгодишниот В.С. од Скопје работејќи на објект во изградба во Струга паднал од висина од 8,5 метри и починал на самото место. Како што соопшти полицијата на 27.07.2019 година околу 14,50 часот во Струга пријавено е дека од покрив на објект сопственост на приватна фирма што се наоѓа во индустриската зона на магистралниот […]

Попладнево нè очекува невреме со дожд и ветер


Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен, во источните делови засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со поинтензивен пороен дожд и силен ветер, особено […]

Саити: Случајот „Рекет“ негативно влијае на рејтингот на судството и на довербата


Генерално на општата доверба на граѓаните во правосудниот систем ќе влијае негативно, иако одредени политички структури и одредени структури од меѓународната заедница го поздравија овој чин со тоа што сметаат дека е едно ново поглавје од борбата против корупцијата и организираниот криминал, вели за случајот „Рекет“, Џемали Саити, претседател на Здружението на судии во неделното […]

Приведен државјанин на Белгија на ГП Табановце


На граничниот премин Табановце вчера на влез во државата е приведен државјанин на Белгија, кој се барал по потерница од Интерпол. МВР денеска соопшти дека на ГП Табановце за влез во Република Северна Македонија вчера во 14,40 часот се пријавил А. С. (43) од Скопје, државјанин на Белгија. – При пасошката контрола е констатирано дека […]

Двајцата повредени рудари се во стабилна состојба


Двајцата повредени рудари од рудникот за олово и цинк, поранешна Тораница кои беа пренесени во општата болница во Куманово се во стабилна состојба, со полесни телесни повреди, хоспитализирани се на одделението за хирургија и ќе останат на опсервација, потврдија синоќа од оваа јавна здравствена установа. Директорката на болницата, Снежана Захариева, изјави дека двајцата рудари се […]

Претпладне сончево, поладне облачно и нестабилно


Времето претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а од пладневните часови претежно во планинските региони со зголемена облачност и со нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер најизразен на југот од земјата. Минималните температури ќе бидат во интервал од 14 до 21, а дневните од 30 до […]

СЈО демантира: Јанева нема издадено наредба за уништување на материјали


Специјалното јавно обвинителство демантира дека Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева издала наредба да се спроведе „форензичко бришење“ на компјутерите во СЈО. „Специјалниот јавен обвинител нема дадено наредба за било какво уништување на материјали, податоци или доказен материјал во рамките на обвинителството, било истиот да е во пишана или усна форма“, се вели во демантот на […]

Коњаниците од Аеродром тргнаа кон Крушево


Дваесетина коњаници од Општина Аеродром попладнево од пред паркот „Јане Сандански“ тргнаа кон Крушево, каде ќе бидат дел од прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден. Според традицијата, на коњаниците им беше предадено општинското знаме, со што официјално стартуваше 41-от традиционален коњички марш во организација на Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш […]

Денот на Републиката ќе се одбележува под мотото „Сите сме деца на Илинден“


„Сите сме деца на Илинден“ е мотото под кое годинава ќе се реализираат чествувањата на Денот на Републиката – 2 Август, Илинден во Скопје, Пелинце, Смилево и Крушево. Централната свеченост ќе се одржи на Мечкин Камен во Крушево, каде после положувањето цвеќе на споменикот ќе следува обраќање на премиерот Зоран Заев по што е предвидена […]

Катица Јанева наредила „форензичко бришење“ на компјутерите во СЈО


Специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева побарала од вработените во ИТ-секторот да спроведат т.н. „форензичко бришење“ на компјутерите во Специјалното јавно обвинителство, јавува „360 Степени“ повикувајќи се на извори во СЈО. Наредбата од Јанева била дадено усно и, според изворите на „360 Степени“, веќе биле преземени подготвителни активности за да се спроведе. Постапката требало […]

Статсуот на СЈО по одморите во Собрание


Пратениците ќе го решаваат статусот на Специјалното јавно обвинителство по одморите, собранискиот спикер го стави владиниот предлог за Законот за јавно обвинителство на седница на 27-ми август, објави Телма. Дотогаш партиите треба да постигнат политички консензус, откако ВМРО-ДПМНЕ презентираше своја верзија за тоа како треба да биде реформирано новото СЈО. Финална верзија на нивниот предлог […]

Скопје се подготвува за Илинден – централната манифестација во Вила Водно


Централната манифестација во главниот град по повод Денот на Републиката 2 август  ќе се одржи во претседателската Вила Водно. На неа ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски и претставник на главниот одбор на Сојузот на борците. На свеченоста, која е предвидено да започне во 11.30 часот, се поканети членови на Сојузот на борците, претставници на […]

Теоретски се шансите Морина да биде испорачан на Србија


Српското Министерство за правда ги прибира доказите што ќе ги даде на увид во Македонија за да го добие поранешниот член на Ослободителната војска на Косово, Томор Морина, кому му е одреден едномесечен екстрадициски притвор во Скопје. Тој е осомничен за злосторства врз српското население за време на војната во Косово во 1999 година. Морина […]