Без струја делови од Центар, Газа Баба, Сарај и Сопиште


Без електрична енергија денеска во периодот од 08.00 до 16.00 часот, ќе останат дел од корисниците од улиците Коле Неделковски, Наум Наумовски Борче и Антоние Грубишиќ во општина Центар, соопшти ЦУК. Од 08.15 до 13.00 часот, струја ќе немаат корисниците од село Крушопек како и спортско рекреативниот центар Сарај, од 08.30 до 14.30 часот корисниците …

Без струја делови од Центар, Газа Баба, Сарај и Сопиште Read More »

Сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информираат од УХМР, во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Астрономски календар


Денеска е четврток, 19  јуни 2025 година, 170-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 195 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 41 …

Астрономски календар Read More »

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје


Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи соопшти дека во Општата болница во Кочани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити) се третирани 10 лица повредени во пожарот во Кочани. Ова, како што наведува Клековски, е голем чекор напред затоа што ПРП терапијата ќе може да ја примаат пациентите без …

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје Read More »

Скопје попладнево зафатено од силен дожд и грмотевици (видео)


Скопје попладнево е зафатено од пороен дожд, ветер и грмотевици. Засега нема информации за причинета материјална штета.  Синоптичарите за денеска попладне најавија нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град. Од УХМР упатија препорака во случај на појава на електрични празнења, поголема внимателност и …

Скопје попладнево зафатено од силен дожд и грмотевици (видео) Read More »

Новата градинка во Расадник ќе има капацитет за 120 дечиња


Изградбата на нова, современа детска градинка во населбата Расадник, се одвива со одлична динамика,  смета градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Објектот ќе има капацитет за 120 дечиња и ќе се простира на површина од 800 квадратни метри, со вкупно 6 занимални, од кои 2 се наменети за јасли. Со оваа градинка целта е …

Новата градинка во Расадник ќе има капацитет за 120 дечиња Read More »

Овчи сипаници и ентероколити, биле најчести заразни заболувања во мај


Најчесто регистрирано акутно заразно заболување во месец мај, се овчите сипаници со вкупно 445 пријавени лица. Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 49,3 отсто, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 50,2 отсто, наведено е во билтенот што го објави Институтот за јавно здравје. „На …

Овчи сипаници и ентероколити, биле најчести заразни заболувања во мај Read More »

Институциите не постапуваат по претставката за хотелот во Горица, законите не важат во Охридскиот Регион


И покрај поднесената претставка од страна на 25 граѓански организации, ниту една од надлежните институции не постапила во законски предвидениот рок во врска со незаконската изградба на хотелот во охридската населба Горица. Со тоа, Кабинетот на премиерот, Владата и Општина Охрид го прекршиле и Законот за постапување по претставки и предлози, алармира Фронт 21/42. „Долгата …

Институциите не постапуваат по претставката за хотелот во Горица, законите не важат во Охридскиот Регион Read More »

Алиу најавува краткорочно решение за паркингот на Клинички


Се прават напори да се реши хаосот на паркингот во Клиничкиот центар во Скопје, а а ко се реализира идејата тоа може да го реши проблемот со паркирање на кус рок. За долгорошно решение се чека ,прво да се прецизира каде и кога ќе се гради новиот Клинички центар, објасни министерот за здравство Азар АЛиу …

Алиу најавува краткорочно решение за паркингот на Клинички Read More »

Се мие Гази Баба


Општина Гази Баба, во соработка со ЈКП Гази Баба, започнува акција за миење на улиците, тротоарите и плоштадите на територијата на целата општина информираше градоначалникот Бобан Стефковски. „Со оваа акција се овозможува поефикасно отстранување на прашината, нечистотиите и останатите отпадоци од јавните површини. Чистите улици значат поздрава средина за сите – особено во летниот период, …

Се мие Гази Баба Read More »

„Центарска симфонија“ е музичко патување низ емоции, во срцето на Скопје


Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски ги поканува сите љубители на културата и музиката на настанот „Центарска симфонија“, што ќе се одржи на 28 јуни 2025 година (сабота), со почеток во 20:00 часот на Плочник – Градски Ѕид кај Клуб на новинари. „Центарска симфонија е музичко патување низ емоции, спомени и современи интерпретации – во …

„Центарска симфонија“ е музичко патување низ емоции, во срцето на Скопје Read More »

„Цивил“: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек


  Повеќе од две години траеше политички мотивираниот судски процес, против претседателот на „Цивил“ – Центар за слобода, новинар и бранител на човековите права, Џабир Дерала, покренат од Христијан Мицкоски – тогашен лидер на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, сега премиер на Република Северна Македонија, а кој го водеше неговиот близок соработник и денешен министер за внатрешни …

„Цивил“: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек Read More »

Колку и какви лекари има секоја болница, па и хигиеничари ќе можe да се види на новата веб-страница на МЗ


Нов портал на министерството за здравство ќе нуди информации со многу податоци, за што деновиве биле одржани состаноци со директори на болници, информира денеска новиот министер за здравство, Азир Алиу. Порталот ќе биде визуелно разбирлив и прилагоден за јавноста, особено за новинарите, и ќе содржи податоци како: број и вид на лекари по болници и …

Колку и какви лекари има секоја болница, па и хигиеничари ќе можe да се види на новата веб-страница на МЗ Read More »

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември


Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на престојот во Емиратите денеска најави дека во средината на септември ќе има голема воена парада во Белград. – Во септември ќе имаме голема воена парада во Србија. Ќе покажеме многу работи што сме ги стекнале, произвеле и успеале да ги воведеме во вооружувањето на српските вооружени сили, рече …

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември Read More »

Двајца војници повредени при гаснење пожар во тетовската касарна


  Двајца припадници на Армијата се повредни по пожар кој денеска околу 14 часот се случил во тетовската касарна, според првичнните информации од Територијалната противпожарна единица Тетово. -Интервенирано е со седум пожарникари, со два камиони и едно теренско возило за специјални интервенции, по што пожарот е локализиран за половина час. Двајцата повредени се обиделе да …

Двајца војници повредени при гаснење пожар во тетовската касарна Read More »

Спомен-обележје во центарот на Кочани за починатите во пожарот со буџетски пари


 Собранието денеска одобри прераспределба на средства меѓу буџетските корисници со кои се обезбедуваат два милиони денари за изработка на идејно решение и почнување активности за изградба на спомен обележје за починатите во пожарот во Кочани, 600 милиони денари за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините и 242,3 милиони денари за исплата кон заштитни …

Спомен-обележје во центарот на Кочани за починатите во пожарот со буџетски пари Read More »

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски


Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако денеска во Основен кривичен суд Скопје одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда. Основното јавно обвинителство претходно побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, …

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски Read More »

Музејот Јени џамија во Битола повторно е под клуч, шест месеци по отворањето


  БИТОЛА – Повторно е под клуч Музејот на христијанско–исламското културно наследство  Јени џамија во Битола. Среде лето во услови на зголемена туристичка посетеност на Битола, музејот Јени џамија во строгиот центар на градот, е затворен за посетителите и со катенец на врата. Од Завод и Музеј Битола велат дека ќе се изведуваат нови градежни …

Музејот Јени џамија во Битола повторно е под клуч, шест месеци по отворањето Read More »

Еминентната, скромна д-р Светлана Мојсов избрана за почесен професор на УКИМ


Професорката д-р Светлана Мојсов, една од најеминентните хемичарки во светот, е избрана за почесен професор (Professor honoris causa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Одлуката ја донесе Сенатот на УКИМ, по номинацијата од Природно-математичкиот факултет во Скопје, чиј интегриран дел е Институтот за хемија. Д-р Мосјов, заедно со д-р Џоел Хабенер и д-р …

Еминентната, скромна д-р Светлана Мојсов избрана за почесен професор на УКИМ Read More »

Туфегчиќ: Обвинението против Александар Ѓорчевски е неосновано и опасен правосуден преседан, бараме ослободување


Обвинението против Александар Ѓорчевски е во целост неосновано, неаргументирано, паушално и засновано на претпоставки кои не наоѓаат своја поткрепа во доказите на обвинителството. Одбраната докажа дека токму неосновано обвинетиот Александар како татко на детето Вања е жртва и оштетен во оваа постапка заедно со мајката Зорица и неговото семејство и докажа дека тој во критичниот …

Туфегчиќ: Обвинението против Александар Ѓорчевски е неосновано и опасен правосуден преседан, бараме ослободување Read More »