Левица ќе поднесе закони за зголемување на повратот од „МојДДВ“ на 4.100 денари


Пратеничката група на Левица ќе поднесе измени на два закони, со заедничка цел – финансиско растеретување на физичките лица и малите економски субјекти, вклучително семејните бизниси, занаетчиите и регистрираните земјоделци, информираше пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан на денешната прес конференција, се вели во соопштението од Левица што МИА го објавува интегрално. Предлогот предвидува […]

Јавноста на нозе, обвинителите бараат воздржаност од политичарите околу Груби


  По лавината реакции во јавноста за одлуката поранешниот вицепремиер Артан Груби да одие во куќен наместо во ефективен притвор Здружението на јавните обвинители побара политичките партии и функционерите да се воздржат од јавната реторика со која се нарушува самостојноста на јавните обвинители во одлучувањето. „Изминатите денови сведоци сме на неодговорни изјави со кои одредени […]

Форумот за разумни политики му даде целосно негативна оценка на синдикалниот лидер Благоја Ралповски


  Форум за разумни политики денес го објави вториот анализиран случај во рамкита на Индексот за политички интегритет – се работи за Благоја Ралповски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Форумот го анализираше неговото однесување за време на протестите поврзани со зголемување на минималната плата и неговото именување за член на Управниот одбор на Фондот за […]

Бесплатни логопедски третмани за деца со потешкотии во Општина Аеродром


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска потпиша меморандум за соработка со здружението „МЕГАЛОГОМЕД ГЛАС – Скопје“, со што се овозможува индивидуални логопедски и дефектолошки третмани за деца со развојни потешкотии и деца со попреченост. Со ова, децата од Аеродром добиваат бесплатен пристап до стручна логопедска поддршка, рано препознавање на развојните предизвици и навремена интервенција […]

Охридската гимназија гради зелена иднина – селекцијата на отпад станува секојдневие


        Охридската гимназија гради зелена иднина – селекцијата на отпад станува секојдневие. Учениците и професорите заедно  континуирано и активно работат  на селекција на отпадот и градење еколошки навики кај учениците. Во училиштето се поставени специјални корпи за одвојување на пластика, хартија и метал и текстил, со што се овозможува правилно управување со […]

Грција забрани да се градат нови патишта во Преспа


  Грчката влада донесе строга одлука со која пошироката планинска област на Преспа е прогласена за „недопрена планина“. Иако одлуката се однесува само на грчкиот дел од регионот таа ќе предизвика построг режим на заштита на природните живеалишта во триграничниот појас меѓу Грција, Македонија и Албанија. Одлуката доаѓа во момент кога Преспа, и покрај постојните […]

Поради Бајрам Бегај, Скопје три дена под сообраќаен режим


Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа за посебен режим на сообраќај во Скопје во наредните три дена. „На 26, 27 и 28.02.2026 година (четврток, петок и сабота), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува г-дин Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје […]

ООУ „Панајот Гиновски“ во Бутел ќе добие доградба на училишната зграда


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска сподели дека ООУ „Панајот Гиновски“ ќе добие доградба на училишната зграда. „Денес го потпишав договорот со Министерството за образование со кој училишната зграда на ООУ “Панајот Гиновски” ќе добие доградба, информира Костовски. Тој посочи дека овој договор го реализираат заедно со Министерството за образование и наука. „ООУ “Панајот […]

Сведочење на придружниот вокал на ДНК за „Пулс“: Панчо повика да излеземе, но никој не сфати сериозно


Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство, во судницата во затворот „Идризово“ денеска продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во својство на сведок исказ даде Ана Костадиновска, придружен вокал на групата ДНК и редовен професор во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Таа […]

„Безбеден град“ вчера регистрирал 526 прекршоци, првпат ниеден за минување на црвено светло


Системот за видеонадзор „Безбеден град“ вчера регистрирал вкупно 526 сообраќајни прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи. Првпат откога функционира системот, не е евидентиран ниеден прекршок за минување на црвено светло. Од вкупниот број регистрирани прекршоци, 84 се сторени од возачи што управувале возило со странски регистарски таблички. Најголем дел од прекршоците, 504, се однесува на […]

Герасимовски: Салата Работнички ќе го носи името на легендарниот Лазар Лечиќ, предлогот ќе биде ставен пред Советот


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека целосно реконструираната спортска сала „Работнички“ ќе го носи името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ. Во интервју за „Тема на денот” на Сител телевизија, Герасимовски посочи дека на следната седница на Советот ќе ја предложи точката салата официјално да биде именувана „Лазар Лечиќ“. Предлогот произлегол од иницијатива на […]

Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пред Уставен, пензионери од дијаспората бараат еднакво усогласување на пензиите


Уставниот суд денеска ќе ја одржи 5. седница, на чиј дневен ред се седум иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, како и пет предлог-одлуки по веќе поведени постапки. Судиите ќе дискутираат по повеќе иницијативи, кои се однесуваат на измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои зголемувањето и усогласувањето на […]

На Попова Шапка утрово измерени минус 4 степени и 89 сантиметри снег, во Гевгелија 10 степени


 На Попова Шапка изутрина во 7 часот измерени се – 4 степени и има 89 сантиметри снежна покривка. Минусни температури се регистрирани и во Mаврови Анови -2 и во Охрид -1, а 0 степени во Битола и Kрушево. Во Берово и Претор 1 степен над нулата, Прилеп, Тетово, Демир Капија, Виница и Крива Паланка 2, […]

Осмата поштенска марка посветена на децата со СМА – симбол на надеж и истрајност


Македонската поштенска историја доби уште едно значајно поглавје, со пуштањето во оптек на осмата поштенска марка посветена на децата со ретки болести, а како продолжение на национална иницијатива за подигање на свеста за ретките болести. Со тој проект, овојпат посветен на децата со Спинална мускулна атрофија (СМА), Македонски пошти осум години по ред испраќаат силна […]

Евроамбасадорот Михалис Рокас во посета на Прилеп


Амбасадорот на Европската Унија во државава Михалис Рокас, денеска ќе ја посети општина Прилеп како дел од иницијативата за информирање на јавноста, за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. Посетата ќе започне со средба меѓу амбасадорот Рокас и градоначалникот Дејан Проданоски, по што ќе следува состанок со членовите на […]

Со нови сведочења продолжува судењето за пожарот во „Пулс“


Со сослушување на сведоци на предлог на Јавното обвинителство во судницата во „Идризово“ денеска треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој  загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.  На минатите рочиште беа сослушани повеќе сведоци, кои кобната вечер биле во дискотеката. Во своите искази тие ја опишаа атмосферата на […]

Сончево и стабилно време со засилен северен ветер долж Повардарието


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, локално до 50 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи од -2 до 6 степени, додека максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. […]

Тетово со нови протоколи по заканите за бомби во училиштата


По лажните дојави за поставени бомби воТетово, Назми Даути од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово, на денешната прес-конференција порача дека наставата веќе нема автоматски да се прекинува за целиот ден. Главната промена во протоколот се однесува на движењето на учениците и наставниот кадар по евакуацијата.Наместо учениците веднаш да заминат дома, тие ќе мора […]

Дождовни градини во Куманово за почист воздух


Министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и директорот на Центар за развој на североисточен плански регион Младен Протиќ денеска извршија увид на ИПА проектот „Урбано зеленило за здраво дишење“, од Програмата Interreg (VI-A) ИПА Бугарија – Македонија по приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ во средното училиште „Перо Наков“. Во […]

Времено дозволено пушење на терасите, забрана за електронските цигари во затворен простор


Прифатено е одложувањето на примената на законот за пушење на отворени тераси од три страни за да им се остави време на сопствениците на локалите да може инфраструктурно да ги приспособат кон барањата на законот. Во однос на електронските цигари, тие ќе бидат забранети за корисетње во затворен простори, а забранети за продажба ќе бидат […]