Магла со видливост од 30 до 150 метри на повеќе патни правци


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла намалена видливост од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово–Попова Шапка, од 50 до 100 метри на патниот правец Делчево–Пехчево, од 100 до 150 метри на патниот правец Куманово–Крива Паланка и на планинските превои Ѓавато и […]

Во Берово измерени минус 4 степени Целзиусови, на Попова Шапка има 30 сантиметри снег


Со измерена температура од -4 степени Целзиусови, Берово утринава во 7:00 часот беше насјтуденото место во земјава по што следат Попова Шапка и Крива Паланка со -3 , -2 степени се измерени во Пожаране и Тетово, -1 во Скопје-Петровец, Тополчани и Маврови Анови, 0 степени во Велес, Демир Капија, Битола, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавардарци и […]

Утринска магла, а потоа повремен дожд и снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од […]

Борче Марковски од „Марковски компани“ пуштен од притвор, битолскиот Суд со свое објаснување


Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски за да биде пуштен од притвор. Одлуката ја донел Основниот суд во Битола иако претходно битолското Обвинителство се изјаснило негативно по неговото барање.  Судот донел одлука за […]

Магла на патните правци Тетово – Скопје и Тетово – Гостивар


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100м. има на патните правци Тетово – Скопје и Тетово – Гостивар, од 30 – 40м. на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 50 – 100м. на патниот правец Делчево – Пехчево, до 50м. […]

Локализиран пожарот кај Тутунскиот комбинат во Скопје


Пожарот кој избувна денеска во близина на Тутунскиот комбинат во Скопје е локализиран. Тој избувнал во импровизирана автомеханичарска работилница, при што причинета е само материјална штета, а повредени лица нема. Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томевски во изјава за МИА вели дека на терен интервенирале 10 пожарникари со три возила. „Пожарот […]

Од понеделник најавени протести на граничните премини во Македонија – МВР сподели важни информации за оние кои патуваат!


Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција ја информира јавноста дека до Министерството за внатрешни работи е доставена најава за одржување на јавен протест од страна на асоцијацијата „Макам-транс“, кој е најавен да започне на 26.01.2026 година од 12:00 часот. Според доставената најава, протестот е планиран да се реализира на следните […]

Музички настан полн емоции за Тоше Проески во ООУ „Лазо Ангеловски“ (галерија)


Во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, општина Аеродром денеска се одржа забавниот културно-уметнички настан „Тоше, те сакаме“, посветен на ликот и делото на Тоше Проески. Настанот е инициран од жителите на Аеродром, а е поддржан од Општината. Ученици од сите основни училишта од Општина Аеродром со свои хорски, соло и трио изведби на песните […]

Симпозиум на меѓународни кардиоторакални експерти на Клиниката „Жан Митрев“


  Со учество на врвни европски и регионални експерти, во Скопје се одржа меѓународниот симпозиум „Вoдичи во пракса“, во организација на Клиника „Жан Митрев“. Симпозиумот, реализиран во соработка со Центарот за срце и бели дробови при Универзитетскиот медицински центар од Лајден, Холандија, беше посветен на практичната примена на најновите европски ESC/EACTS клинички упатства во третманот на коронарната артериска […]

МВР го поништи конкурсот за испитен центар Велес


Министерството за внатрешни работи го поништи јавниот конкурс за избор на фирма за добивање лиценца за испитен центар Велес, информираа оттаму. Решението е донесено вчера од страна на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Јавниот конкурс се поништува поради потребата од дополнително усогласување на временската динамика и процедурите поврзани со доставувањето на барањата и документацијата […]

Во пораст бројот на заболени од рак на грлото на матката, најмладите пациентки се на 18 годишна возраст


Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката. Најмладите пациентки се на 18 годишна возраст, дијагностицирани 2017 и 2020 година и средната возраст е некаде 55 години. Според најновата клиничка епидемиолошка статистика на Клиниката за радиотерапија и онкологија, за разлика од 2024 година кога имало само 74 пациентки, во 2025 година […]

Сведок кажа кој гледал извештаи на ревизорите за финансиското работење на ФЗОМ и на Онкологија на судењето на Васев и Нухи


 Со вкрстено испитување на сведок, поранешен директор на Одделот за финансиско работење при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој за незаконско набавување лекови, нивно прикривање преку фиктивни тендери и присвојување дел од терапијата обвинети се поранешниот медицински директор на Клиниката за […]

Фатон Сељами од Тетово избран за нов народен правобранител


Собранието денеска во рамките на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов народен правобранител. За изборот на Сељами гласаа 89 пратеници, шест беа против, а од пратениците што припаѓаат на заедници што не се мнозинство, 28 беа „за“, осум „против“. Сељами е дипломиран правник, магистер по правни науки, со положен правосуден и […]

Голем пожар кај Тутунски комбинат во Скопје


Голем пожар избувна пред малку во близина на Тутунскиот комбинат во Скопје. Столбот од чад е видлив од повеќе делови на Скопје. На местото се пристигнати повеќе пожарникарски екипи, кои се обидуваат да го стават огнот под контрола. Според првичните информации, пламените јазици зафатиле објект и материјали во кругот на комбинатот. Некои од очевидците велат […]

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување


 Пилотите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска ги извршија првите тренажни летови со противпожарните авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата. Како што соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, пилотите работеле на тестирање на маневри и оперативни процедури за брзо реагирање при појава на пожар на отворен простор. Со тренажните активности, додаде тој, била проверена […]

ССМ: Цврсто стоиме зад барањата на работниците и синдикатите во „Македонска пошта“


Иако платата на повеќе од 1.700 вработени во „Македонска пошта“ не е исплатена со протестот и 1.700 семејства беа оставени без плата и за најголемите празници, раководството на „Македонска пошта“, наместо да исплати плата, лиферува лаги и обвинувања кон синдикатите – стои во соопштението на ССМ. ССМ цврсто застанува зад работниците и синдикатите во нивната […]

Субвенција од 10.000 денари за обука и полагање возачки испит за младите од Центар


Општина Центар доделува субвенции за млади лица за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на општината. Право на субвенција имаат жители на локалната самоуправа кои во текот на 2026 година навршуваат 18 и 19 години (родени во 2007 и 2008 година), како и лица кои во 2025 година навршиле 19 години (родени […]

Со 81 глас донесен Законот за „Безбеден град“


Со 81 глас ЗА Собранието на Македонија денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоците, со што конечно треба да започне примената на системот „Безбеден град“. За усвојување беше потребно двотретинско мнозинство. Но, во меѓувреме е побарано и поединечно гласање.  Се очекуваат информации и за поединечкото гласање.  Со стапувањето во сила на измените, „Сејф сити“ […]

Во Крива Паланка наградата за светиот крст донирана на деветчленото семејство Димитровски


Воден од хуманоста како главен мотив, младиот Наум Додевски што го извлече светиот крст од водите на Крива Река, заедно со тимот млади другари, ја донираше наградата што му беше доделена на деветчленото семејство Димитровски од Крива Паланка. Младите момчиња кои годинава учествуваа во традиционалното фрлање по светиот крст во водите на Крива Река, а […]

Филков за парите во ѕид: Тоа не е само скандал. Тоа е симбол на длабока системска слабост


Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција говореше за актуелните состојби во правосудниот систем, истакнувајќи дека Министерството веќе работи на утврдување на реалната состојба на терен и подготвува конкретни мерки за надминување на системските слабости. -Во изминатиот период, јавноста беше сведок на настани и случаи кои дополнително ја засилија загриженоста околу интегритетот, одговорноста и […]