Левица: Фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК „Битола“


  Левица објави дека фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК „Битола“.   „Додека граѓаните плаќаат сѐ повисоки сметки за струја и државната ЕСМ тоне во долгови, скандалозното менаџирање со ова енергетско претпријатие под раководство на Лазо Узунчев продолжува. Најновиот тендер на ЕСМ за увоз на јаглен – во […]

Инспекторите „хараат“ по Центар, санкции за сите што немаат одобрение за урбана опрема


Општина Центар ги повикува сите правни субјекти и сопственици на угостителски објекти  навремено да ја проверат и подготват целокупната документација за поставената урбана опрема на јавните површини. Инспекциската служба на Општина Центар, спроведува интензивни теренски контроли за утврдување дали терасите, настрешниците, шанковите, перголите, параваните, застаклените конструкции и другата урбана опрема се поставени со важечко одобрение […]

Саем на мебел од 25 до 29 март во комплексот „Борис Трајковски“


Од 25 до 29 март, комплексот „Борис Трајковски“ ќе претставува центар на дизајнот, иновациите и современото живеење, каде ќе се одржи Саемот на мебел 2026 под слоганот „Инспирација за секој дом“. Во пет дена посветени на креативноста, функционалноста и трендовите во уредувањето на домот, канцеларискиот простор и јавните ентериери, Саемот повторно ќе ги обедини водечките […]

Уште 186 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид. Цената ќе стигне на 784 милиони евра


  За автопатот Кичево – Охрид ќе требаат нови и нови пари. Со еден вид геометриска прогресија сега се додадени уште 186 милиони евра. Сегашнава власт кога беше во опозиција пукаше од сите оружја кон тогашната власт затоа што склучи анекси на првичниот договор и затоа што мораа да се направат големи измени на првичниот […]

Советот на јавни обвинители ја префрли топката на повисокото обвинителство за случајот на Груби


  Повисокото јавно обвинителство го врши надзорот над законитото постапување на јавните обвинители и Советот на јавните обвинители во оваа фаза на постапката нема надлежност да врши надзор, објави Советот на јавните обвинители на РСМ по јавната прозивка од министерот за правда Игор Филков да свика итна седница и да го разгледа постапувањето на јавните […]

Иницијативата „Стоп за Усје“ ја објави музичката програма пред утрешната блокада на цементарница


Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ја објави листата на музичари кои ќе настапат на настанот „Блокада фест“, што ќе се одржи утре од 15 до 23 часот пред влезот на цементарницата Титан Усје. Организаторите најавуваат осумчасовна блокада проследена со музичка програма, како дел од протестот што се одвива под паролата „Без Усје полесно се дише“. […]

Дваесет и две години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски


 Пред дваесет и две години на 26 февруари во Ротимље близу Мостар во авионска несреќа животот го загубија поранешниот претседател Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски денеска ќе биде одбележана во Скопје, во неговата родна Струмица и во Ротимље.  Членови на семејствата, државни и други […]

Свечен час по повод 80 години од излегувањето на Македонската граматика од Круме Кепески


На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска ќе се одржи свечен час по повод 80 години од излегувањето на Македонската граматика од Круме Кепески. Ќе се обратат деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје  проф. д-р Владимир Мартиновски и раководителката на Катедрата за македонски јазик проф. д-р Искра Пановска – Димкова.  Пригодни обраќања […]

Сончево со слаб ветер, температура до 16 степени


 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. […]

Апелацискиот суд ја одби жалбата на ИРЛ и пресуди во корист на Кочо Анѓушев


  Апелацискиот Скопје денеска ја одби како неоснована жалбата на Истражувачката репортерска лабораторија и со тоа ја потврди првостепената пресуда во спорот што го поведе бизнисменот Кочо Анѓушев поради наводи изнесени во документарецот „Заговор против воздухот“, емитуван во 2021 година на МРТ. Деталите за одлуката ќе бидат наведени во писмената пресуда. Од прес службата на […]

Делови од Кисела Вода и Центар без вода


Без вода вечер од 20:30 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани од булевар „Крушевска Република“ до Рампа.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна мрежа на улица „11 Октомври“ без број. Водоснабдување ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

Голем дел од Скопје утре без струја – исклучувањата ќе почнат од 4 часот наутро


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЕВН Македонија, информира дека поради планирани технички интервенции во електросистемот, утре (26.02.2026) без електрична енергија ќе останат корисници во неколку општини. Најраните прекини започнуваат во 04:00 часот наутро и ќе ги опфатат општините Чаир, Шуто Оризари и Бутел, додека во текот на денот […]

Камионите блокирани на Ќафасан почнаа да минуваат низ Дебар и продолжуваат преку граничниот премин „Блато“


Врз основа на договорот на македонските и албанските надлежни служби камионите блокирани на Ќафасан почнаа да минуваат низ Дебар и продолжуваат преку граничниот премин „Блато“. За само неколку часа, преку граничниот премин „Блато“, на македонско – албанската граница кај Дебар, минаа најмалку 30 камиони, кои беа блокирани на преминот „Ќафасан“, кај Струга, како и други […]

Пензионерите во странство останаа без линеарното зголемување на пензиите, одлучи Уставниот суд


Уставниот суд денеска не поведе постапка за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои се однесуваат на нерезидентните пензионери. Тие предвидуваат дека зголемувањата на пензиите од 2024 година нема да се исплатуваат на пензионери кои престојуваат надвор од земјата. Со иницијативите од петмина подносители се бараше оценка на уставноста поради наводна дискриминација и […]

Државната лабораторија ја обнови акредитацијата за бучава, но не и за загаден воздух


Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска ја посети централната лабораторија при Министерството и најави системско и координирано решавање на сите институционални предизвици. Хоџа, како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, нагласи дека модерна и функционална Централна лабораторија претставува темел на ефикасната заштита на животната средина и гаранција за […]

Прилеп ја продолжува соработката со Европската Унија за проекти за развојот на градот


Денес советниците од Советот на Општина Прилеп остварија средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас.   На средбата се разговараше за актуелната состојба во Прилеп, за одлуките кои Советот ги има донесено во изминатиот период, како и за можностите и поддршката што Европската Униија ја обезбедува преку европските фондови за реализација […]

Општина Крива Паланка со протест заради некотролираното движење на говедата, АХВ сама со мерки


Општина Крива Паланка и претставниците на 16 месни заедници ја информираат јавноста дека утре, 26 февруари 2026 година, ќе се одржи мирен протест организиран од граѓани, поради неконтролираното движење на говеда и штетите врз имот и земјоделски површини. Општината потсетува дека надлежните институции веќе донесоа правосилни решенија и задолжителни мерки за регулирање на оваа состојба. […]

„Нет без хејт“: Децата предводат национална иницијатива за интернет без омраза


Деца и адолесценти денес беа во центарот на вниманието на настан посветен на врсничко застапување против сајбер-насилството и говорот на омраза на интернет, организиран од УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, во соработка со Сојузот на извидници на Македонија. Претставувајќи ги своите идеи и решенија, тие повикаа на поддршка за создавање побезбедна и поинклузивна дигитална […]

Со платите на функционерите ќе „настрадаат“ и тие на обвинителите


Поплаките на јавните обвинители не стигнуваат до Собранието. И покрај отвореното писмо со кое побараа да не се чепкаат нивните плати бидејќи законот тоа не го дозволува, пратеникот Бојан Стојановски извести дека во пакетот закони што ги поднеле во Собранието е и намалувањето на коефициентите за јавните обвинители.  „Поднесовме предлог на измена на шест закони […]

Шилегов го нарече судењето за „Пулс“ лакрдија и побара да се прекине


  Обвинителството ги носи во заблуда одбраната и судот и затоа процесот за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани треба да се прекине. Вакво барање денеска изнесе адвокатот Петре Шилегов на рочиштето и сите негови колеги адвокати во судницата го поддржаа. Реакцијата на Шилегов доаѓа по контроверзното испраќање на домашен притвор на бегалецот Артан Груби. […]