Сончево со мала облачност, температурата до 35 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. УВ индексот ќе изнесува 8. Утринската температура ќе се движи од 9 до 17 степени, а дневната температура од 27 до 35 степени. Во Скопје и околината сончево време со утринска температура до 15 степени, […]

Локализиран пожарот од страна на Пинтија


Целосно е локализиран пожарот од страна на Пинтија, останува дел над населбата Усје. Противпожарни екипи се на терен и се работи на негово комплетно гаснење, информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје. Пожарот избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена беше поголема површина мешана шума. Територијалната противпожарна […]

Пожарот кај Пинтија е се уште активен


Пожарот во Пинтија се уште е активен. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје доби помош и од воздух, активирани се и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. – Авионите направија два прелети  и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште, изјави за МИА заменик-командантот на Територијалната […]

Димитров: „Рекет“ мора да биде дополнителен мотив во борбата за правда


Министерот за надворешни работи Никола Димитров порача дека расчистувањето на случајот „Рекет“ мора да биде дополнителен мотив во борбата за правда, оценувајќи го како крстосница на која треба да се одбере патот кој води кон иднината, патот на одговорноста. -Тоа што криминалот сака да го дискредитира својот гонител не треба да не чуди. Зачудува до […]

Ставен под контрола пожарот кај Пинтија, пријавен нов во Сопиште


Ставен е под контрола пожарот над скопската населба Пинтија, кој избувна денеска. Во пожарот беше зафатена мешана шума на поголема површина. Како што информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, локализиран е и пожарот кај скопското село Мојанце, над Арачиново, а нов пожар е пријавен кај Сопиште. – Во моментов две екипи […]

Скопските автобуси возат по алтернативни траси поради тековни градежни активности


Поради одвивање градежни активности на крстосницата од булеварот „11 Октомври“ со булеварот „Кочо Рацин“ возилата од јавниот градски превоз денеска се пренасочени по алтернативни траси на движење. Како што е објавено на веб-страницата на ЈСП „Скопје“, автобуските линии со број 3, 5, 7, 15, 21, 22, 23, 25, 27 се пренасочени од булеварот „Кузман Јосифовски […]

Последен ден за предлози на нови имиња за улиците, мостовите, плоштадите во Скопје


Скопјани уште денеска можат да предлагаат нови имиња на улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти во главниот град. Граѓаните ќе имаат можност да предлагаат само имиња на топоними, но не и локации кои би биле именувани со овие имиња. Анкетата за доставување за прибирање предлози за нови имиња на топоними (улици, булевари, […]

Пожар над населбата Пинтија, гори мешана шума


Пожар избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена е поголема површина мешана шума. Како што соопштија од Територијалната против пожарна единица на Град Скопје, во гаснењето на пожарот учествуваат три возила со седум пожарникари, а ќе биде испратено уште едно возило. – Шумски пожари има и над селото Долно Блаце […]

Малолетнички од Охрид објавувале недолични содржини за другарките


Четири малолетнички од Охрид преземале фотографии од нивни пријателки на Инстаграм, потоа ги монтирале со недолични содржини и повторно ги поставувале на социјалната мрежа, соопшти полицијата. „Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на лични податоци“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе известување против четири малолетнички, на возраст од десет до […]

Сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Валандово во прекин поради сообраќајка


Сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Валандово, кај селото Костурино од 11 часот е во целосен прекин. Од Авто-мото сојузот посочуваат дека сообраќајот е во прекин поради сообраќајна незгода.

Македонија со двојно повеќе жешки денови до 2065 година


Скопје летово беше во портокалова фаза, а термометрите покажуваа и до 45 Целзиусови степени. Ефектите од глобалното затоплување веќе се реалност и се случуваат, а тоа во иднина само ќе се влошува, пишува МИА. Летово цела Европа беше зафатена од топлотен бран со рекордно високи температури. Во Париз беа измерени рекордни 42,6 Целзиусови степени, со […]

Армијата го одбележува 27-от роденден


Во Армискиот центар за обука на вода во Охрид, денеска, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата. На свечената церемонија на 27-от роденден на Армијата, со пригоден говор ќе се обратат претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска. На свеченоста ќе […]

Српски полицајци спасија деветгодишно девојче од Македонија


Александар Миленковиќ и Владан Николиќ се сообраќајните полицајци од Србија кои завчера попладне му помогнале на македонско семејство да се спаси животот на нивната деветгодишната ќерка, на која ѝ се слошило на автопат, пренесува „Курир.рс“. Најблиските застанале со автомобилот и се обидувале да му помогнат на девојчето кое било без свест. Истовремено, очајнички барале помош. […]

Јанушев: ВМРО ги немаше снимките за „Рекет“


Како реакција на аферата „Рекет“, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ниту еден начин на делување не се исклучува, меѓу кои и протести и блокади. Партијата ги немаше снимките додека не ги објави италијанскиот весник, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој нагласува дека имаат заеднички точки со партиите […]

Заев го честита Денот на Армијата: Нашите војници се еднакви со оние од партнерите од НАТО


Нашите војници покажуваат еднаквост во партнерството со нашите сојузници и способност заеднички да го гарантираат регионалниот и меѓународниот мир и стабилност, порачува премиерот Зоран Заев во честитката по повод 18 Август, Денот на Армијата. -Почитувани припадници на Армијата, почитувани граѓани, Со особена чест и задоволство го честитам денешниот празник, упатувајќи искрена благодарност за вашата континуирана […]

Пациентот со западнонилска треска и натаму во тешка состојба


Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави за МИА директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ. Ова е прв случај на западнонилска треска летово во државава, […]

МОН: Од следниот месец зголемување на платите на наставниците и професорите


Минатата година платите на вработените во образованието од септември беа зголемени за пет отсто, додека следната фаза, односно следното покачување е предвидено веќе од следниот месец, со опфат на вработените во основното, средното и високото образование, соопшти Министерството за образование и наука во врска со прес-конференцијата на Независниот синдикат за образование и наука. Како што […]

Градежна инвазија по скопските булевари


  Град Скопје цело лето врши реконструкција на главните сообраќајници, на кои се заменува дотраениот асфалт со нов, се поправаат тротоарите и велосипедските патеки. Се користи времето кога граѓаните се по одмори, па е намален метежот по скопските булевари, а за да се избегнат високите температури преку ден, главните активности како гребење на асфалтот и […]

Костадинов: Мицкоски призна дека се сретнал со Кичеец


На прес конференцијата одржана во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец. Ајде сега Христијан Мицкоски нека излезе пред граѓаните и нека признае дека во Унгарија се сретнал и со Никола Груевски, повикува владејачката партија по прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан […]

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО повеќе нема кредибилитет, потребни се избори


СЈО нема повеќе кредибилитет. Нема кредибилитет ниту Катица Јанева, ниту некој од обвинителите кои постапувале по нејзините насоки и молчеле за целиот криминалот кој што се случува, ниту пак истражителите и останатите вработени. Сите се дел од криминална мрежа. Ова е најновата реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за аферата „Рекет“. „Пред само два дена имавме можност […]