Шест пожари за еден ден во Кумановско
Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане вчера интервенирале на опожарени површини со жито во липковското Ропаљце и во кумановско Клечовце, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Во Клечовце гореле житни површини од околу три хектари, во интервенцијата учествувале и вработени од приватен субјект кој е во непосредна близина на опожарената површина. …