Утре протест во Скопје: воведен посебен режим на сообраќај


Утре, 31 јануари со почеток во 12 часот, ќе се одржи протестен марш „Стоп за Усје“ во Скопје. Трасата на движење ќе биде од пред Владата на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот  „ВМРО“, продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата  „Димитрие Чуповски“, потоа по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ […]

Каракамишева стана советник на Мицкоски


Професорката Тања Каракамишева е нов советник на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, задолжена за областа на човековите права и владеењето на правото. Веста за својот нов професионален ангажман ја сподели самата Каракамишева, истакнувајќи дека оваа позиција е резултат на долгогодишната соработка со премиерот и претставува голема чест, но и одговорност. Во својата објава, Каракамишева посочува […]

„Стоп за Усје“ утре на протестен марш од Влада до Министерство за животна средина


Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави протестен марш во сабота, 31 јануари 2026 година, со почеток во 12:00 часот, како притисок за, како што велат, поефикасна институционална реакција за правото на чист воздух во Скопје. Маршот ќе стартува пред Владата, ќе продолжи кон Собранието и ќе заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање. […]

Без вода хотелот Континентал и трговскиот центар Ист Гејт


Поради промена на затворач на бул. „Александар Македонски“ бб (кај Континентал), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и трговскиот центар Ист Гејт. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Магла на патот Тетово – Гостивар, одрон на патниот правец Берово – Струмица


 Намалена видливост до 70 метри и појава на магла утрово има на патниот правец Тетово – Гостивар, информира АМСМ. На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај с.Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. На останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на […]

Променливо облачно со локален дожд, а на планините снег


Времето денеска низ земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 8, а максималните ќе достигнат од 8 до 13 степени. Во Скопје ќе […]

Томовски: Во план е модернизација на жичницата до Водно во соработка со Град Скопје


Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, најави дека е во план заедно со Град Скопје да се реализира проект за обновување и модернизација на жичницата до Водно. Говорејќи во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, Томовски информираше дека наместо претходно планираната траса од црквата „Свети Јован“ кон Средно Водно, […]

Николоски за изградените два километри од автопатот Скопје-Блаце кои завршуваат во провалија: Очекувам новиот обвинител да отвори истрага


Изградените два километра од автопатот Скопје-Блаце не почнуваат од никаде и не завршуваат никаде, затоа и не можат да се пуштат и по нив да има безбеден сообраќај, рече министерот за транспорт и врски Александар Николоски кој денеска од говорницата на македонското Собрание одговараше на пратенички прашања на Илир Хасани, пратеник од Европскиот фронт. Николоски […]

Во Зоолошката градина во Битола угина нилскиот коњ Берта 


  Зоолошката градина во Битола објави дека вчера угина нилскиот коњ Берта стар 40 години. Во во Битола беше донесен од Зоолошка градина од Скопје.     „Берта беше омилена радост на нашите најмлади гости повеќе од една деценија. Пред да се пресели во нашата Зоолошка градина Бертасе дружеше со жителите и посетителите и на зоолошките […]

Дебата: Одливот на младите од нашата земја ќе не натера илегалната да ја замениме со легална миграција


Да се развие и имплементира интегриран и долгорочен национален пристап кон миграцијата, да се зајакнат институционалните капацитети на државава како транзитна земја на Запандо-балканската рута, управувањето со миграциите да се темели на интегриран и правно усогласен пристап, отворање контролирани и легални канали за работна миграција усогласени со реалните потреби на пазарот на труд и демографските […]

Превозниците вечер во 20 часот се повлекуваат од блокадите на граничните премини


Македонските превозници вечер во 20 часот ќе се повлечат од блокадите на товарниот дел од граничните премини, одлучи попладнево на состанок Aсоцијацијата „Макам-транс“,  откако Европската комисија  донесе одлука за носење нова стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи, за престојот 90 во 180 дена во шенген-зоната.  Со […]

Македонија ќе купува 150 електрични автобуси со кредит „влада со влада“ од Унгарија


  Уште едно позајмување од Унгарија е на дневен ред на владата, овој пат за купување 150 електрични автобуси за Скопје и други градови. Тоа го објави премиерот денеска во Собранието како одговор на пратеничко прашање на Билјана Кузмановска. Но премиерот не кажа колкав ќе биде износот на тој кредит, туку само дека каматата ќе […]

ВМРО-ДПМНЕ изгласа 117 членови на одбори без советниците да видат нивни биографии


На денешната седница, градските советници дискутираа, а потоа и разрешија и именуваа в.д. членови на надзорни и управни одбори на јавни претпријатија и установи, и тоа без да располагаат со какви било информации за нив. Станува збор за 117 лица, од кои околу дваесетина веќе биле дел од одборите во претходниот мандат. Советниците требаше да […]

Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7.000 на 10.000 денари


Советниците на Општина Центар на четвртата седница едногласно ја прифатија иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски за зголемување на еднократната финансиска поддршка за новороденче од 7. 000 на 10. 000 денари. „Со оваа мерка директно им помагаме на младите семејства и инвестираме во иднината на Центар“, рече Герасимовски. Право на поддршката ќе имаат сите семејства кои […]

Најдобар начин да обесхрабриме бесправно градење е некој да заврши во затвор, смета Николоски


Речиси воопшто нема реакции од судството и од Обвинителството во однос на дивоградбите. Јас до денес не сум слушнал дека некое лице или компанија е правосилно осудена за бесправно градање, а знам многу добро дека МВР ревносно постапува секогаш кога општините ќе пријават ваков случај, оцени денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.  Одговорајќи […]

Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но сè уште е многу рано да се каже дека е надминат пикот


Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но сè уште е многу рано да кажеме дека сме го надминале пикот бидејќи минатата сезона имавме два пика. Можеби ова е првиот, можеби е и последен, но не значи дека нема да има нов пик и ново зголемување на бројот на заболени. Оваа сезона […]

Новиот состав на ДИК даде свечена изјава пред претседателот на Собранието


Новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК) денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.Новиот состав го сочинуваат Бојан Маричиќ, претседател на Комисијата, Абдуш Демири, потпретседател, и членовите Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху. Претседателот на ДИК, Маричиќ, во името на сите членови се заблагодари за двотретинската поддршка […]

Мицкоски знае што ќе работи новиот јавен обвинител


  Премиерот Христијан Мицкоски очекува, по изборот на јавен обвинител, голем број предмети држени во фиока да влезат во процедура и јавноста да види кој ја води опозицијата, како и што се случувало во Македонија седум години додека владееле СДМС и ДУИ. Мицкоски, како што рече денеска од собраниската говорница одговорајќи на пратеничко прашање, рече […]

ЕК нема да ги смени правилата за влегување, само ќе го смени статусот на камионџиите?


Загриженоста што ја иницираа транспортните оператори од Западен Балкан е значајна и свесни сме за тешкотиите со кои се соочуваат превозниците, изјави извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, при презентацијата на стратегијата за визи на ЕУ и на европската стратегија за управување со азил и миграција, усвоени на […]

„Макам-транс“ попладнево одлучува за идните чекори на превозниците


По објавата на предлогот на Европската комисија со новата Стратегија за визи да се разгледа поголема флексибилност за престој на камионџиите од Западниот Балкан во ЕУ, Асоцијацијата „Макам-транс“ попладнево на состанок одлучува за идните чекори на превозниците од државава кои со колегите од Западен Балкан четврти ден ги блокираат граничните премини во делот на товарниот […]