Државата ќе се задолжи во ЕБРД за брз автобуски превоз


На оваа седница, Владата го утврди текстот на Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“. Проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“ опфаќа воспоставување на две […]

Осоговските планини прогласени за заштитено подрачје


Владата на оваа седница донесе Одлука за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејсажните, пределните и други вредности, природни убавини, како и заради зачувување на специфичната интеракција на луѓето и природата. Вкупната површина на Заштитен предел – […]

Владата ќе купи тестови за Ковид по брза постапка


Владата на денешната седница го задолжи Министерството за здравство да спроведе постапка за јавна набавка на брзи антигени тестови за потребите на јавните здравствени установи со спроведување на постапка на преговарање без објавување оглас согласно членот 55 став (1) точка 6) од Законот за јавните набавки, според кој оваа постапка може да се спроведе „доколку […]

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 792 пациенти, слободни кревети има


Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, пријавено е дека се лекуваат 640 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнително 152 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, кои болнички се лекуваат на […]

Бугарија ја блокираше Македонија, но ја поддржа Албанија


Екатерина Захариева ѝ подели совети на Македонија да не се откажувала лесно од патот кон ЕУ и дека нивното вето не значело „виткање раце“   Бугарија денеска и официјално ја блокираше Македонија во ЕУ за усвојување на рамката за преговори, а во исто време ја поддржа Албанија, велејќи дека Тирана ги исполнила повеќето од условите. […]

Царовска: Правиме целосна реформа на образованието за да создаваме генерации кои критички размислуваат


За да создадеме граѓани кои самостојно ќе носат одлуки врз основа на анализа и факти и ќе бидат движечка сила на нашето општество, потребно е целосно да го реформираме образовниот систем кој со години бил запоставуван и носен во погрешна насока, порача денеска министерката за образование и наука Мила Царовска на панел дискусијата „Едукација од […]

МЗ: Во тек се надзори за починати пациенти од Ковид-19 во Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка


Последните два месеца од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат до Министерството за здравство, по извршен инспекциски надзор и обезбедена докуменатција, иницирани се четири стручни надзори за пациенти починати од Ковид-19, а во тек се надзори за починатите пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка, информираат денеска од Министерството за здравство. – Стручни […]

Здравствениот инспекторат ја испитува смртта на 12 пациенти со Ковид 19


Денес Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе иницира стручен надзор до Министерството за здравство за работата на инфективното одделение во Штип, врзано за третманот на пациентката која почина. Од инспекторатот информираат дека бил извршен вонреден надзор во клиничката болница во Штип. „Согласно констатираната фактичка состојба со решение му е наредено на директорот на здравствената установа […]

Трипуновски: Нивото на водата во Мавровското езеро пониско за 22 метри


Нивото на водата во последните неколку месеци е драстично опаднато, и во моментов Мавровското езеро се наоѓа на 22 метри под максималната кота и е на само 4 метри од минималната кота. Ова е вистинска катастрофа, порача денес Мирко Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ. Според него и за тоа е виновен премиерот Зоран Заев. -Пресушеното езеро е […]

Денот на Албанската азбука 22 ноември неработен за припадниците на албанската заедница


Денот на Албанската азбука, 22 ноември (недела), е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од  Министерството на граѓаните припадници на албанската заедница им го честитаат Денот на Албанската азбука.

Тркалезна маса: Годинава сме меѓу првите земји во светот со најголемо намалување на новороденечката смртност


Продолжува намалувањето на процентот на смртност на предвремено родените бебиња на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Ако се земе предвид дека во 2016 година изнесуваше 25 отсто, во 2017 година – 21 отсто, во 2018 година – 16 отсто, а во 2019 година – 12 отсто, годинава тој изнесува 11,1 отсто, истакна директорката на […]

Шилегов: Улиците по нови стандарди, со пешачки и велосипедски патеки


Градот Скопје воведува нови стандарди во работењето при изградба и реконструкција на улиците кои вклучуваат  широки тротоари и велосипедски патеки на булеварите 11. Октомври, 8. Септември, на Партизански одреди, Даме Груев и други улици, најави денес градоначалникот Петре Шилегов. – Мојата идеја е дека во следните две децении нашиот град треба да стане град со […]

Одлуката за реконструкцијата на Универзална сала пред Владата


Владата денеска, на редовната 21 седница, ќе разгледа повеќе предлог-закони и одлуки, меѓу кои е и Предлог-одлуката за одобрување 120.000.000 денари неповратна финансиска помош од Буџетот на државата, средства кои Град Скопје треба да ги искористи за реконструкција на Универзалната сала. На дневен ред се и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот […]

Шахпаска: Наша задача и заложба е обезбедување подобри услови за живот за сите, особено за ранливите категории


Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на Здружението на лица со посебни потреби  „СОС  ВИТА“, од Скопје со кои разговараа за постоечките решенија и подршка на лицата со попреченост во нашето општество, но и унапредување на нивните права и услови со цел поголема вклученост во општественото живеење, соопшти […]

Џафери: Ќе чекам пратеничките групи да се изјаснат пред да го ставам на дневен ред предлогот за онлајн работа


Претседателот на Собранието Талат Џафери не сака да прејудицира кога би можело Собранието да гласа за неговиот педлог за дополнување на Деловникот за работа на Парламентот, со што се овозможува пратениците со позитивен тест за Ковид-19 и со решение за изолација поради контакт со заболено лице да може онлајн  да се вклучат во работата на […]

За 24 часа хоспитализрани се 43 нови пациенти во Скопје


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 433 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 18 приеми и тоа седум  пациенти биле […]

(Видео) Истураа шут во Трнодол, ќе бидат ли казнети?


Во скопската населба Трнодол, вчера од камионче истураа градежен шут. Случаен минувач ги начекал и ги снимал, прашувајќи ги дали знаат што прават и дека за тоа следува казна. Им порача да си го соберат ѓубрето. Погледете го видеото: Дека вакви работи се случуваат не е ништо ново. Но, најчесто градежниот шут фрлен на несоодветно […]

Почина Љубисав Иванов – Ѕинго


На возраст од 84 години, почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен пратеник, лидер на Социјалистичката партија и претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник и прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Љубисав Иванов Ѕинго е роден на 8 ноември 1936 година во с. Трновац, […]

Нема нови рестриктивни мерки, надлежните апелираат да се почитуваат постоечките


Рекордни 40 починати од Ковид-19 беа регистрирани во текот на вчерашниот ден, што претставува најголема бројка од појавувањето на болеста.  Сепак, најава за нови рестрикции нема. Надлежните остануваат на истите мерки, и испраќаат апел за нивно доследно и целосно почитување. Одлуката на Комисијата за заразни болести по вчерашниот состанок е дека не е време за […]

Облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро по котлините и долж Повардарието магливо. Преку денот облачноста ќе се зголемува и од попладне на запад ќе започнат врнежи кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 […]