Караџовски: Бројките на заразени се страшни


Сите сме во опасност од Ковид-19, постарите генерации се поизложени, но може да почине и човек без хронично заболување. Ова е опасно заразување, да не се занесуваме, нагласи Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести во интервјуто на Канал 5 телевизија. Тој потецираше дека да имаше толку хоспитализирани и починати колку што имаме периодов, […]

Рекордни 934 нови случаи на Ковид-19, починати 5 лица


Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 420 -Куманово 35 -Дебар 5 -Штип 20 -Прилеп 61 -Тетово 58 -Струга 5 -Велес 82 -Битола 33 -Охрид 23 -Кавадарци 19 -Гостивар 18 -Гевгелија 13 -Струмица 30 -Крива Паланка 4 -Радовиш 7 -Крушево 2 -Кочани 22 -Пробиштип […]

Наќе Чулев позитивен на коронавирус


Поранешниот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, објави дека е позитивен на Ковид-19. „Во текот на изминатите денови направив тест за кој денес добив позитивен резултат за Ковид 19. За жал и покрај сериозната претпазливост не успеав до крај да се одбранам од вирусот кој многу често знае да биде непредвидлив и чуден. Во […]

Никола Ристановски наградата од Општина Карпош ја посвети на здравствените работници


Секогаш постојат херои кои никогаш нема да ги дознаеме. Тоа се хероите од болниците! Со целиот мој габарит и искуство, моето признание за заслужен граѓанин на Општина Карпош за 2019 година, го посветувам на сите здравствени работници во земјата. На оние кои се на фронтот во борбата против вирусот Ковид-19, истакна актерот Никола Ристановски при […]

Филипче: Многу мал број пациенти се поставени на респиратори, резултатите од мерките за 3-4 недели


Има многу мал број пациенти кои се поставени на респираторна машина во моментов во болницата „8 Септември“ и на Инфективната клиника, изјави министерот за здравство, Венко Филипче кој заедно со министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Бујар Османи ја примија денеска на Меѓународниот аеродром Скопје донацијата од 60 респиратори од НАТО […]

Во велешките јавни установи расте бројот на вработени позитивни на ковид вирусот и во изолација


Поради се посилниот бран на зараза со Ковид-19 во градот, а со кој се зафатени и дел од инстутуциите градоначалникот Аце Коцевски денеска апелира до вработените во установите да пријават ако има заразен член на нивното семејство, со цел да го заштитат здравјето на останатите вработени. Тој информира дека во ЈКП„Дервен“ пет вработени се инфицирани […]

Филипче: Надополнувањето на медицинскиот кадар веднаш ќе се почуствува


Системот со надополнување на медициснкиот персонал многу брзо ќе почне да функционира и значајно ќе се почувствува помошта од овие лекари, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. – Ќе се направат две групи на лекари, едни коишто ќе бидат на располагање за болничките установи во Скопје и друга група за дежурства во болниците ширум […]

МТСП: Во тек е дополнителна исплата на образовен додаток


Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е дополнителната исплата на образовниот додаток, кој се исплаќа во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата. – Исплатата за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната календарска година за претходната наставна година предвидена со […]

НАТО донација од 60 респиратори вредни 1,4 милиони евра


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министрите за надворешни работи и за здравство, Бујар Османи и Венко Филипче, денеска на скопскиот аеродром примија донација од 60 респиратори од НАТО Доверителниот фонд за одговор на пандемија, во вредност од над 1,4 милиони евра. Тројцата министри изразија благодарност за помошта, која, како што рекоа, е суштинска и неопходна во […]

(Во живо) Изјава Филипче – НАТО нѝ испрати 60 респиратори


Во Скопје денеска  пристигнаа 60 респиратори, донација од НАТО за справување со последиците од пандемијата на Ковид-19. Донацијата од НАТО Доверителниот фонд, вредна 1,4 милиони евра, на Меѓународниот аеродром Скопје, ја примија министерката за одбрана Радмила Шекеринска, шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче. Предвидено е министрите Шекеринска, Османи и Филипче да дадат […]

Во Прилеп 64 нови случаи на корона вирус


Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во Oпштина Прилеп има 64 нови случаи на корона вирус, а 17 лица оздравеле од заразната болест. Од последици на корона вирусот, починаа две лица на 73 и 78-годишна возраст. Бројот на активни случаи изнесува 434, од кои 380 се наоѓаат на домашно, а 54 на болничко […]

Објект во Гостивар прва „жртва“ на зголемените овластувања на инспекторите


Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) соопшти дека инспекциските служби од вчера вечер постапуваат според новите овластувања, согласно измените и дополнувањата на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести. Притоа во повеќе градови во државата извршени  се вкупно 48 надзори и 742 контроли во угостителски објекти, казина и обложувалници согласно Законот за угостителска дејност, […]

Нема странци, нема бизнис – кризата ги затвора рестораните на Широк Сокак во Битола


Насионалните ресторани во срцето на Битола останаа без странските туристички тури. Битолчани ретко влегуваат плашејќи се од вирусот. Државата помага, но тоа не е доволно. Сите ја чекаат пролетта и можното стивнување на кризата со вирусот   Анета Блажевска БИТОЛА – Ковид кризата силно удри и врз битолските угостители, особено врз кафеанџиите на Широк Сокак. […]

Во следните денови претежно сончево, утринските температури во опаѓање


УХМР најавува дека во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Во недела минималната температура наместа ќе достигне до 0, додека во […]

Филипче: Маски на отворено мора да се носат за да се намали бројот на новозаболени и трансмисијата на вирусот


Доаѓа период кога времето заладува, а воздухот ќе биде загаден. Кога е студено времето многу е важно секој од нас да се грижи за сопственото здравје, па дури и од настинка и сезонски грип. Во таа смисла, прекривката на устата и носот, маска, марама, шал овозможува да дишеме топол воздух, да не се најдеме во […]

Поради бучава затворен кафе-барот „Интермецо“


Согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, Секторот за инспекциски надзор на Општина Центар, донесе решение во кое на правниот субјект „Фор Фингерс“ ДОО Подружница бр.1 Интермецо Скопје, му се забранува да врши угостителска дејност во законски определен рок од 30 дена. По пријава и континуирани поплаки од страна на жителите на Општина […]

Во градинките досега позитивни на корона вирусот 33 деца и 109 вработени


Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска регистрирани се вкупно 33 деца позитивни на корона вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација се 107 вработени и 650 деца, информира министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Таа посочува дека поголемата бројка на деца во изолација е поради тоа што еден позитивен […]

Пендаровски: Во услови на пандемија, важноста на високото образование и на науката станува уште позначајна


Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на онлајн конференцијата посветена на високото образование во регионот на Западен Балкан, на тема „Заеднички вредности, способности и одржлив развој“. Конференцијата е поддржана од Германската служба за академска размена – DAAD. -Оваа платформа за размена на експерти меѓу трите држави, која е поддржана од Германската служба за […]

Жителите на Кисела Вода ги враќаат старите печки за инертери


Жителите на општината Кисела Вода што аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери и добиле мејл од Град Скопје, во текот на претстојниов викенд (утре и во недела) ќе можат да ги предадат своите стари печки на дрва или на нафта во дворот на средното училиште „Васил Антевски- Дрен“. Акцијата ќе трае од 10 […]

Медицинските сестри реагираат што не вклучени во наградата “ 13 Ноември“


Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ апелира медицинските сестри да не бидат изоставени од здравствените тимови, особено од оние кои се наградувани, како во случајот со добитниците на наградата „13ти Ноември“ што ја доделува Град Скопје за успешно извршување на првата трансплатација на срце во […]