Во конкуренција со 25.000 деца сите наши претставници на „Бреинобреин фест 2021“ се стекнаа со највисоки награди


Во конкуренција со 25.000 деца од 45 земји во светот, сите наши претставници на најголемиот интернационален детски натпревар „Бреинобреин фест 2021“ се стекнаа со највисоките награди во своите категории според возраст и ниво.

– Од 188 дечиња што учествуваа од 10 градови од државата, Скопје, Охрид, Кочани, Битола, Крива Паланка, Прилеп, Велес, Тетово, Куманово и Струмица, сите освоија награди и тоа во следните категории: 25 трофеи и 62 златни медали и 96 сребрени медали и сертификати, наведоа од „Бреинобреин Македонија“.

Бреинобреин програмата е иновативна меѓународна програма за развој на интелектуалните и животните вештини и способности кај децата на возраст од 4 до 14 години. Програмата има две основни цели: целосен развој на мозокот (со користење на Абакус Ментална Аритметика и ВАК методи) и развој на личноста (со помош на НЛП техники).