МВР: Полицајката Ангелеска е на одмор и нема дадено отказ


Службеничката во МВР, Јасмина Ангелеска , во моментот користи годишен одмор и до Одделот за правни работи на БЈБ досега не е стигнато барање за прекин на работниот однос, велат од Министерството за внтрешни работи по Фејсбук објавата на полицијакта која на јавноста и е позната по инцидентот со пајак службата, поконкретно со недоразбирањето со […]

ЦУК бара да се продолжи кризната состојба


Групата за процена во Центарот за управување со кризи бара продолжување на кризната состојба во државата за нови 30 дена. Со денешната втора седница на Групата за процена раководеше, в.д. директорот на Центарот, Стојанче Ангелов, а учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи. -Беше […]

Калеска Ванчева: Законот за спроведување попис мора да биде донесен, недозволиво е процесот да се политизира


Пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева вечерва изјави дека е исклучително важно и потребно Законот за спроведување на попис што побрзо да се донесе. Калеска Ванчева во Топ тема на ТВ Телма рече дека попис мора да има и дека за аспектите за пописот треба да се остават на стручњаците, односно на луѓето кои по […]

Џафери: Се прават напори Собранието да изнајде заедничко прифатливо решение со опозицијата за онлајн работење


Се прават напори Собранието да изнајде заедничко прифатливо решение со опозицијата за работа и гласање од далечина, со цел непречено функционирање на законодавниот дом, истакнал претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со британската амбасадорка во земјата Рејчел Галовеј. Како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, Џафери изрази задоволство од повторната средба […]

Утре сончево, но студено со минимални температури до -11 степени целзиусови


 Времето утре ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје ќе биде сончево со појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти […]

„Мала Богородица подготвена“, се чека одлука кој колку ќе плати за лечењето


Од болницата „Систина“ известија дека поранешната болница „Мала Богородица“ е во финална фаза на опремување и адаптирање во ковид-центар. -Ве информираме дека по постигнатиот устен договор од министерот за здравство, „Аџибадем Систина“ веднаш почна  да го опремува овој капацитет и да го адаптира објектот во ковид-центар, на сопствен трошок.Во овој момент капацитетите може да се […]

Штипската болница ќе побара АРМ да го обезбедува Инфективното одделение


Директорот на Клиничка болница во Штип, Ален Ѓеорѓијев денеска истакна дека ќе побара припадници на Армијата да има пред Инфективното одделение и посочи дека консултациите ќе ги направи со министерот за здравство Венко Филипче. Тој смета дека е потребно да има припадници на војската пред ова одделение, бидејќи се создава поголема гужва пред дневната Ковид […]

ЕК: Руската вакцина Спутник V нема да се дистрибуира во ЕУ


 Одлуката на унгарските власти да дозволат употреба на руска вакцина против корона вирус „Спутник V“ не се однесува на територијата на ЕУ, изјави портпарол на Европската комисија. Европската Унија претпочита сите вакцини што им се нудат на европските граѓани да бидат одобрени од Европската агенција за лекови. – Поради итност, одделни земји можат да одобрат […]

Новинарите бркани и од паркингот на ГОБ „8 Септември”


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) преку соопштение реагираат на попречувањето на работата на новинарските екипи во кругот на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Од ЗНМ и ССНМ посочуваат дека според повеќе пријави од колеги кои пристигнале до нивните канцеларии, за време на викендот и […]

Филипче: Паѓа бројот на хоспитализирани болни со Ковид-19


Минатата недела е достигнат врвот на бројот на хоспитализирани и веќе има благ пад на оваа бројка, заклучија денеска на сотанокот министерот за здравство Венко  Филипче и директорите на Ковид-центрите кои се дел од комплексот Мајка Тереза. Очекувањата се дека во наредниот период ќе има повеќе испишани отколку примени пациенти, а на инфективните одделенија има […]

Маричиќ: Ситуацијата со Ковид-19 во затворите е под контрола


Ситуацијата е под контрола и сите коишто пројавиле посериозни симптоми или им треба болничко лекување веднаш им е прекинато извршување на казната и се упатени на болничко лечење, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, прашан за состојбата со КОВИД-19 во затворите, по денешната посета на КПД Штип. Тој посочи дека во петокот ги соопштил […]

Царовска: Првпат стипендии за техничките училишта, но тие не се навикнати да аплицираат


Министерството за образование и наука со воведени стипенидии за технички струки и со променета уписна политика го поттикнува создавањето на стручни профили коишто се потребни на пазарот на труд. Исто така, од јануари до март следната година, МОН заедно со Стопанската комора и со сите локални чинители ќе води социо – економски дијалог за потребите […]

Маричиќ: Во КПД Штип има детско катче, библиотека и можност затворениците да изучат за готвачи или заварувачи


Казнено поправниот дом – Штип е пример како треба постојано да се унапредуваат условите и третманот на затворениците и како општеството може да помогне во нивната рехабилитација и ресоцијализација, изјави по посетата на КПД Штип денеска министерот за правда Бојан Маричиќ. Во однос на условите од пред три и пол години и каде е оваа […]

Во третиот квартал природниот прираст негативен, родени 5141, умрени 5419 лица, 23 се доенчиња


Природниот прираст во земјава во третото тримесечје од годинава е негативен. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 5,2 отсто и изнесува 5.141 живородени деца, додека бројот на умрените лица бележи зголемување од […]

Северна Македонија и Албанија, успеси за Комисијата на фон дер Лајен


Една година по стапувањето на функција на новиот состав на Европската Комисија под палка на Урсула фон дер Лајен, институцијата ги набројува своите успеси, меѓу нив деблокирањето на преговорите со Скопје и Тирана, јави дописничката на МИА од Брисел. -На 67-от ден, Комисијата усвои нова методологија за пристапните преговори со ЕУ за да ги направи […]

Од Ковид-19 почина познатата докторка Поли од Ресен


БИТОЛА – Поликсена Стојановска–Ѓоргиевска (61), специјалист по радиодијагностика е последната жртва на Ковид-19 во Преспа. Докторката Стојановска–Ѓоргиевска или како што ресенчани ја викаа доктор Поли, почина во болница во Скопје поради компликации од вирусот, откако претходно била хоспитализирана и во битолскиот ковид центар. Веста за смртта на докторката ја објави Асоцијацијата на специјализанти и млади […]

Во Ковид-одделите во Скопје 480 пациенти, 38 се примени во изминатото деноноќие


Во Ковид-центрите во Скопје во изминатите 24 часа се хоспитализрани 38 пациенти поради компликации од коронавирусот и вкупно 480 лица сомнителни и потврдени се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.   Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие на интерните клиники имало 22 приема – тројца пациенти биле примени на Институтот за […]

Граѓански здруженија бараат закон кој ќе спречи хидроцентрали на Шар Планина


 Четириесет и четири граѓански здруженија и иницијативи бараат закон кој ќе спречи создавање хидроцентрали на Шар Планина, а од Министерството за животна средина согласно член 97 од Законот за заштита на природа, да ја стави Шар Планина во привремена заштита. Здруженијата потсетуваат дека на 20 ноември истече рокот за прибирање коментари во врска со Нацрт-законот […]

Снег на Попова Шапка и Страцин, сообраќајот без проблеми


Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Страцин, но без проблем во сообраќајот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.   Од 15.11.2020 година започнува законската […]

Медицински персонал на Армијата се приклучува во борбата против Ковид


Од денеска се очекува одреден број доктори и медицински сестри кои работеле за војската, да се приклучат кон здравствениот персонал од јавните здравствени установи во борбата против ковид пандемијата. По прогласувањето на кризната состојба, како поддршка во обезбедување на ред во ковид центрите низ државата распоредени се и припадници на Армијата. Изминатото деноноќие беа регистрирани […]