Тркалезна маса: Годинава сме меѓу првите земји во светот со најголемо намалување на новороденечката смртност


Продолжува намалувањето на процентот на смртност на предвремено родените бебиња на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Ако се земе предвид дека во 2016 година изнесуваше 25 отсто, во 2017 година – 21 отсто, во 2018 година – 16 отсто, а во 2019 година – 12 отсто, годинава тој изнесува 11,1 отсто, истакна директорката на […]

Шилегов: Улиците по нови стандарди, со пешачки и велосипедски патеки


Градот Скопје воведува нови стандарди во работењето при изградба и реконструкција на улиците кои вклучуваат  широки тротоари и велосипедски патеки на булеварите 11. Октомври, 8. Септември, на Партизански одреди, Даме Груев и други улици, најави денес градоначалникот Петре Шилегов. – Мојата идеја е дека во следните две децении нашиот град треба да стане град со […]

Одлуката за реконструкцијата на Универзална сала пред Владата


Владата денеска, на редовната 21 седница, ќе разгледа повеќе предлог-закони и одлуки, меѓу кои е и Предлог-одлуката за одобрување 120.000.000 денари неповратна финансиска помош од Буџетот на државата, средства кои Град Скопје треба да ги искористи за реконструкција на Универзалната сала. На дневен ред се и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот […]

Шахпаска: Наша задача и заложба е обезбедување подобри услови за живот за сите, особено за ранливите категории


Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на Здружението на лица со посебни потреби  „СОС  ВИТА“, од Скопје со кои разговараа за постоечките решенија и подршка на лицата со попреченост во нашето општество, но и унапредување на нивните права и услови со цел поголема вклученост во општественото живеење, соопшти […]

Џафери: Ќе чекам пратеничките групи да се изјаснат пред да го ставам на дневен ред предлогот за онлајн работа


Претседателот на Собранието Талат Џафери не сака да прејудицира кога би можело Собранието да гласа за неговиот педлог за дополнување на Деловникот за работа на Парламентот, со што се овозможува пратениците со позитивен тест за Ковид-19 и со решение за изолација поради контакт со заболено лице да може онлајн  да се вклучат во работата на […]

За 24 часа хоспитализрани се 43 нови пациенти во Скопје


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 433 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 18 приеми и тоа седум  пациенти биле […]

(Видео) Истураа шут во Трнодол, ќе бидат ли казнети?


Во скопската населба Трнодол, вчера од камионче истураа градежен шут. Случаен минувач ги начекал и ги снимал, прашувајќи ги дали знаат што прават и дека за тоа следува казна. Им порача да си го соберат ѓубрето. Погледете го видеото: Дека вакви работи се случуваат не е ништо ново. Но, најчесто градежниот шут фрлен на несоодветно […]

Почина Љубисав Иванов – Ѕинго


На возраст од 84 години, почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен пратеник, лидер на Социјалистичката партија и претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник и прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Љубисав Иванов Ѕинго е роден на 8 ноември 1936 година во с. Трновац, […]

Нема нови рестриктивни мерки, надлежните апелираат да се почитуваат постоечките


Рекордни 40 починати од Ковид-19 беа регистрирани во текот на вчерашниот ден, што претставува најголема бројка од појавувањето на болеста.  Сепак, најава за нови рестрикции нема. Надлежните остануваат на истите мерки, и испраќаат апел за нивно доследно и целосно почитување. Одлуката на Комисијата за заразни болести по вчерашниот состанок е дека не е време за […]

Облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро по котлините и долж Повардарието магливо. Преку денот облачноста ќе се зголемува и од попладне на запад ќе започнат врнежи кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 […]

Царовска: Образованието ќе се реформира до година, ќе се осовременува наставната содржина


Приоритет во реформите има основното образование,  формирани се работни групи, а новата концепција на основно образование од прво до деветто одделение очекувам да стартува од учебната 2021/2022, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во денешното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24. „Пред да ја почнеме реформата направивме истражување во кое се […]

Школскиот распуст нема да почне порано, вели министерката Царовска


Нема причина зошто распустот да почне порано и да се крати од наставата, затоа што нема драстичен раст на бројките на позитивни наставници и ученици во училиштата, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска. – За да може да зборуваме за поран распуст треба да имаме аргументи зошто тоа би го направиле, зошто дополнително […]

Филипче: Не планираме затвoрање на училиштата


Прилично се добри протоколите во градинките и училиштата. Имаме добро димензионирани мерки, смета министерот за здравство Венко Филипче. – Засега сметаме дека не треба да се воведат полициски час и карантин. По 21 часот секако нема многу луѓе по улиците – рече министерот. – Во однос на училиштата засега не планираме да ги затовриме и […]

Филипче: Во некој момент во здравствениот систем може да се лечат само ковид болни


Се повеќе пациенти со Ковид-19 се примаат во болница. Исполнети се веќе и првите катови од интернистичката клиника во Скопје, а почнуваат да се примаат пациенти и во хируршките одделенија. -Тоа значи дека здравствениот систем во еден момент ќе треба да ги опслужува само пациентите со Ковид-19 – рече министерот за здравство Венко Филипче, во […]

Рекордни 40 починати од Ковид-19 во последните 24 часа


Дури 40 нови жртви за едно деноноќие, најцрни ковид-статистики од почетокот на пандемијата. Битката за живот ја загубија 10 пациенти од Скопје, Прилеп е втор на листата градови со најголем број починати. За 24 часа, петмина прилепчани влегоа во црните статистики. Штип, Велес, Битола и Гостивар регистрираа по три нови жртви, по двајца починати има […]

Џафери поднесе предлог за измени на Деловникот за да може Собранието да работи електронски


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, денес поднесе Предлог на деловник за дополнувања на Деловникот на Собранието на Република Македонија, по скратена постапка, соопшти Собранието. Имајќи ја во предвид новонастанатата состојба предизвикана од Корона вирусот COVID-19, поаѓајќи од уставно загарантираната функција на Собранието на Република Северна Македонија како претставнички орган на […]

Заев во Берлин ја прими наградата за човекови права, парите ќе ги донира во Државниот здравствен солидарен фонд


Верувајќи во мултилатералниот пристап успеавме да се дигнеме над проблемите и заедно со нашите партнери во Европската Унија и НАТО да почнеме да закрепнување. И во сите тие услови рековме дека е време за дијалог за сите отворени прашања, рече премиерот Зоран Заев на кој попладнево во Берлин му беше врачена наградата за човекови права […]

ЕУ едногласно се противи на бугарското барање за поглавје 35 за С.Македонија


Ниедна земја членка на ЕУ не го поддржува барањето на Бугарија да се вметне поглавје 35 во преговорите со Северна Македонија посветено на билатералните прашања, голем број земји стравуваат дека Софија му наштетува на целиот регион со својот став, јавува дописничката на МИА од Брисел. Бугарија не се откажува од барањето за поглавје 35 во […]

Пристап на интернет од дома имаат 79,9 отсто од домаќинствата


Во првото тримесечје од  годинава, 79,9 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет од дома. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет според типот на населеното место, во вкупниот број на домаќинства, во првиот квартал годинава, изнесува 87,8  проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. . Од вкупното население на возраст од 15 до 74 години […]

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 753 пациенти, слободни кревети има


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 612 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнително 141 болен, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид -19 кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е […]