Со грант од Јапонската амбасада, болницата „8 Септември“ ќе добие ултразвук


Фото: Б. Грданоски

Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Хиронори Савада, го потпиша вториот грант договор во 2021 година, во рамки на јапонската GGP-грант програма за мали проекти за човекова безбедност во С. Македонија заедно со директорот на Градска општа болница „8-ми Септември“, проф. д-р Христијан Костов.

Вториот договор за грант годинава е за Проект за подобрување на медицинските услуги преку набавка на ултразвук за Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје, во вредност од 60.985 евра. Проектот има за цел да го подобри квалитетот на здравствената нега на пациентите. Новата опрема ќе му овозможи на Одделот за интервентна радиологија во оваа болница да ги изведува најмнодерните и софистицирани интервенции и процедури, помагајќи во борбата со различни видови на заболувања од рак.

Преку програмата за мали грантови (GGP), Јапонија финансира проекти за реновирање и обезбедување опрема за повеќе од 70 училишта и градинки и 47 здравствени установи и обезбеди 31 возило за одржување и комунални возила за 49 општини во сите 8 региони во државата.

Севкупно, Јапонија ја поддржува Северна Македонија во повеќе сектори и тоа инфраструктурен развој, подобрување на здравствената нега, образованието, животната околина, култура, спречувањето на природни катастрофи, бегалската криза, како и итна помош, во вкупен износ од повеќе од 422.3 милиони евра, како и дополнителна нефинансиска поддршка.