Вакцинирањето против сезонски грип се одвива непречено, вакцини има за сите заинтересирани


Изминативе седум дена, 3270 граѓани примиле бесплатна вакцина против сезонски грип во здравствените домови и општите болници низ државата, а 126 граѓани преку матичен лекар резервирале термин, но не се појавиле на закажаниот пункт, односно не дошле да се вакцинираат, соопшти Министерството за здравство. Бесплатна вакцинација против сезонски грип се врши на шест пункта на […]

Советот за безбедност ќе заседава за актуелната ситуација со КОВИД-19


Советот за безбедност на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на КОВИД-19 на територијата на државата, како и за мерките и активностите на надлежните институции. На десеттата седницата, што ќе се одржи напладне во „Вила Водно“, покрај редовните членови на Советот, на покана на […]

Притисокот врз болниците се поголем, се вклучува дополнителен кадар и капацитети за згрижување на болните од КОВИД-19


Се преземаат активности за зголемување на капацитетите за болнички третман на ковид пациенти, а во лекувањето се вклучува и дополнителен кадар од приватните специјализанти за да се одговори на потребите. Од денеска и на Очната клиника ќе се лекуваат заразени со Ковид-19. Вчера беа регистрирани 1.406 новозаразени и бројот на активни случаи изнесува 19.035. За […]

Сончево со мала облачност


Времето во утринските часови ќе биде променливо облачно, а преку денот сончево со мала облачност и со слаб претежно североисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени целзиусови. Во Скопје, утрото ќе биде променливо облачно, а во текот на денот сончево со […]

Гази Баба со најмногу заболени од Ковид-19 во Скопје


Во Скопје, во моментов има речиси 10.000 заболени од Ковид – 19. Со најновите податоци, во главниот град денеска се регистрирани 627 новозаболени, со што бројот на активни случаи се искачи на 9.059. Гази Баба по подолго време, го презеде приматот од Општина Аеродром, како скопска општина со најмногу заболнеи во моментот. Имано, од активните […]

Владата ќе го разреши новинарот Зоран Иванов од надзорниот одбор на МИА


На иницијатива на премиерот Зоран Заев и на министерот за надворешни работи, Бујар Османи поведена е постапка за разрешување на Зоран Иванов од функцијата претседател и член на Надзорен одбор на Медиумската информативна агенција (МИА) поради недолична јавна комуникација и ширење говор на омраза кон владини претставници на соседот Република Бугарија. Ова вечерва е објавено […]

Нови 1.406 случаи на заразени со Ковид-19, 21 починат, оздравени 937


Во последните 24 часа се регистрирани 1.406 нови случаи на Ковид-19 од направени 3.398 тестирања, починале 21 лице, а оздравеле 937 пацинети, информираше вечерва Министерството за здравство. Најмногу нови случаи повторно има во главниот град, каде се регистрирани 627 заразени, по што следат Прилеп со 98,  Гостивар, 84, Куманово, 73, Тетово, 72,  Охрид 57, Велес, […]

Испратена првата група новоименувани амбасадори


Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи денеска им ги предаде  акредитивните писма на Дане Талески, Фатон Бејта, Сали Лимани, Теута Агаи-Демјаха, Шабан Јашари, Данчо Марковски и Шпреса Јусуфи, за нивно назначување како новоименувани амбасадори. -Имате голема чест, но и обврска да градите големи и искрени пријателства на Република Северна Македонија во земјите на вашиот прием. […]

Короната ја покори Битола. Пациентите се жалат дека најслабата алка се матичните лекари


Бројот на инфицирани во Битола се искачи на 1.447, а во моментов болеста е активна кај 728 позитивни лица. Најголем дел од од нив се заразиле во овој месец   Анета Блажевска БИТОЛА – Пациенти од Битола кои во моментов се соочуваат со вирусот Ковид-19 реагираат на третманот и грижата на матичните лекари. Тие велат […]

Македонско еколошко друштво: Осоговските Планини конечно препознаени како национално богатство и соодветно заштитени


Одлуката на Владата Осоговските Планини да станат првиот заштитен предел (заштитено подрачје од категорија V) претставува круна на 14-годишната работа на Македонско еколошко друштво, со поддршка на низа партнери и донатори, домашни и странски експерти како и соработката со Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање, […]

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 45 пациенти, вкупно се лекуваат 440, од утре 33 нови кревети и на Очна клиника


Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 45 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 440 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 21 прием и тоа осум пациенти биле хоспитализрани […]

ИЈЗ: За 35,4 отсто зголемен бројот на смртни случаи од Ковид-19


Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 9 до 15 ноември тестирани се вкупно 20.980 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,4 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.355 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со незначително […]

Пожарникарите и Град Скопје најдоа привремено решение за надминување на проблемот со додатоците на плата


Пожарникарите и Град Скопје најдоа привремено решение за надминување на проблемот со надоместоците на плата за пожарникарите. Преку потпишување на Правилник ќе се надмине проблемот кој, според градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, трајно мора да се реши со закон. На пожарникарите, како што денеска изјави градоначалникот Шилегов, ќе им бидат исплатени ретроактивно надоместоците за […]

Малите хидроцентрали на Пена може да ги загадат водите за Тетово, утврдиле инспекторите


Вкупно 12 решенија за отстранување недостатоци на различни инсталации издаде Државниот инспекторат за животната средина, по извршени 68 редовни инспекциски надзори од 1 до 17 ноември. Утврдено е несоодветно постапување со отпадни материи во компанијата МЕПСО, но и можност за загадување на водите во Тетово поради хидроелектрични централи на Пена. Како што посочи на денешната […]

До утре Клиничката болница – Штип треба да каже што е утврдено за случајот со пациентката од Берово


Утре истекува законскиот рок од три дена во кој директорот на Клиничката болница – Штип треба да постапи по налогот на Државниот здравствен и санитарен испекторат (ДЗСИ) за утврдување на случајот со пациентката од Берово. На директорот му било наложено да ја свика Комисијата за квалитет на работа и да го преиспита целокупното лекување, како […]

Се изработува карта на загадувачите, за почеток во градот Скопје, информира Петровска


Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) изработува карта на загадувачите, за почеток во градот Скопје, каде ќе ги идентификува сите точки што се во нивна надлежност. Ова денеска го соопшти в.д. директорката на ДИЖС Ана Петровска, која посочи дека целта е понатаму кога ќе биде готова алатката за непосредно пријавување на загадување да можат граѓаните […]

Нови 10 општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво


Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша договори за грантови за развој на социјални услуги со 10 нови општини – Чучер Сандево и Бутел, Јегуновце, Теарце и Желино, Крива Паланка, Кичево, Македонски Брод, Центар Жупа, Струга, Демир Хисар, Кавадарци и Струмица, од 24-те кои ги исполниле условите за добивање грант. Проектот предвидува развој на […]

Минатата недела затворени четири кафетерии


Од 9 до 15 ноември шесте инспекциски служби во земјава спровеле вкупно 4.822 контроли. За непочитување на заштитните протоколи се затворени два угостителски објекта, еден во Гостивар и еден во Охрид, а издадени се и 13.676 решенија за изолација на лица болни од КОВИД, како и на лица кои биле во контакт со корона-заболени. Како […]

Во пожарот во Инспекторатот за животна средина изгорела сета хартиена документација


Се што било електронска документација е сочувано, но се тоа што е хартиена документација – тука имаме записници, решенија од спроведени надзори тоа го нема, сега ние тоа го обновуваме на различни начини, соопшти денеска в.д. директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска во однос на пожарот во Инспекторатот. Таа во одговор на […]