Отворен ковид центарот на Клиниката за очни болести и проширен одделот во ГОБ „8 Септември“


Ковид одделнијата во Скопје од утрово се проширени за дополнителни 43 кревети кои се ставени во функција на пациентите суспектни и потврдени за Ковид-19. Од 8 часот почна да работи ковид оддлелението на Кликината за очни болести со капацитет од 23 кревети, а ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ е проширен за 20 нови места. […]

Жан Митрев ја стави клиниката на располагање на државата


Клиниката „Жан Митрев“ ја поддржува иницијатавата на Владата за ставање на приватните капацитети на располагање во лекувањето на пациенти со Ковид-19. „Вчера вечерта од медиумите дознав за планот на Владата да прогласи кризна состојба и да ги вклучат и приватните здравствени институции во справување со епидемијата предизвикана од ковид-19.Јас од своја страна ја поддржувам секоја […]

Шахпаска: Продолжува борбата за унапредување на детските права


Светот мора да биде обединет во подигнувањето на свеста  за детските права. Само преку заедничка и координирана акција ќе создадеме услови за безгрижно детство, за развој и квалитетно образование, со еден збор услови за воспитување на идните градители на светот. Ова го истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во своето обраќање по […]

Поставено нови „лежечки полицајци“ околу училиштето „Петар Поп Арсов“


Општина Карпош постави нов „лежечки полицаец“ во населбата Карпош 4, околу основното училиште „Петар Поп Арсов“, во должина на улицата „Разловечко востание“, а во тек е поставување на ваков тип сигнализација и долж улицата „Волгоградска“.   Основната цел е да се зголеми безбедноста на најмладите, како и на сите граѓани. Во овој дел, покрај училиштето […]

Здруженијата на дијабетичари бараат непречено функционирање на Центрите за дијабетес


Сојузот на здруженија на дијабетичари во Северна Македонија укажува на потребата од непречено функционирање на сите центри за дијабетес.Здружението бара од Министерството за здравство да создаде можност сите лекари и дијабетолошки сестри да имаат редовни закажани термини во центрите за дијабетес, бидејќи како што наведува во соопштение, сите овие пациенти имаат потреба од редовни прегледи […]

Руската амбасада и Општина Центар ќе садат дрвја позади Универзална сала


Амбасадата на Руската Федерација во земјава и Општина Центар денеска организираат садење дрва позади Универзалната сала со што ќе биде најавена реконструкцијата и отворањето на Паркот на сеќавање. Активноста, како што соопштуват од Руската Амбасада, е во рамки на настаните по повод 75-годишнината од Големата Победа.

Институции и обележја во Скопје ќе светнат во сина боја во чест на Денот на детето


Во знак на одбележување на Светскиот ден на детето денеска дел од институциите во Скопје ќе бидат осветлени во сина боја како симболичен гест на нивната заложба за унапредување на правата на децата. Во сина боја ќе бидат осветлени Владата, Собранието, УНИЦЕФ, делегацијата на ЕУ, Министерството за образование и наука, Археолошкиот музеј, Музејот на современа […]

Магла во битолско, демиркаписко и струмичко, во Берово -10 степени


Во битолско, демиркаписко и струмичко утринава има магла. Утринските температури, според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, се под нулата освен во Скопје, Охрид и Претор. Најстудено е во Берово каде се измерени -10 степени. Во Битола утринава температурата е  -6, во Струмица -5, во Петровец кај Скопје -4, во Тетово, Демир Капија и Маврово […]

(Фото) Ноември во Градскиот парк


Есента е вистинско време за љубителите на природата, особено ако времето е сончево како изминатите денови. Тоа го покажуваат и фотографиите на нашиот фоторепортер Борис Грданоски од Градскиот парк во Скопје, каде што граѓаните и вчера уживаа во еден од последните убави денови, пред најавеното заладување на времето. Според прогнозата на синоптичарите времето денес ќе […]

Владата ги донесе решенијата кои претходат на постапката за прогласување кризна состојба


Владата на вечерашната седница донесе решенија кои претходат на постапката за прогласување кризна состојба на целата територија на државата – Владата вечерва ја одржа 22-та седница со цел да ја отпочне постапката согласно препораката од Советот на безбедност за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, со цел ефикасно справување со последиците од кризата […]

Даниловски смета дека нѝ требаат викенд мерки и полициски час


Викенд мерки и полициски час нѝ е неопходен за да може здравствениот систем да го издржи напливот на пациенти со Ковид-19. смета д-р Драган Даниловски, кој ја поддржа и одлуката за кризна состојба со која Армијата ќе може да помогне. „Сегашните мерки покажуваат дека може да се прекине тој раст на заболени, што значи дека […]

Короната однесе уште 26 животи, меѓу нив и на 35 и 37-годишник, позитивни уште 1.198 лица


Нови 1.198 случаи на коронавирус се регистрираниво последните 24 часа. Според информациите од Министерството за здравство направени се 3081 тестирање, регистрирани се 631 оздравен пациент, починати се 26 лица.   Најмногу нови случаи во последните 24 часа има во Скопје 572. Во последните 24 часа се направени 3081 тестирања, а регистрирани се 1198 нови случаи на […]

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ги прифати измените на Законот за административни службеници


Членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска го разгледаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници во прво читање, поднесен од група пратеници и со осум гласа „за“ констатираа дека тој е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање. Потребата од донесување на законот во […]

Заев за платите на заболените од КОВИД: Важно е да имаме еднаквост за сите


Нема да дозволиме тоа да влијае на однесувањето на сите граѓани во делот на извршување на работа, во делот на одговорноста во врска со заразата или информирањето дека некој бил во контакт со заразени луѓе, изјави премиерот Зоран Заев, прашан дали со кратењето од плата на лицата кои се болни или во изолација поради КОВИД-19 […]

Патокази и мапи на Водно и на Скопска Црна Гора: Повеќе луѓе ќе дојдат да ја запознаат оваа убава земја


На планинарските патеки на Водно и на Скопска Црна Гора се поставуваат патоказни и инфотабли кои ќе овозможат полесно и побезбедно движење во природа, како дел од пилот-проектот за маркирање на планинарски и велосипедски патеки низ Скопје. На прес-конференцијата што се одржа денеска на Средно Водно деталите за проектот ги изнесоа градоначалникот Петре Шилегов и […]

Шекеринска: Неподелен е ставот во ЕУ дека ветото им штети на сите и дека треба да се надмине до крајот на годинава


Бугарското вето и наштети на Северна Македонија, на кредибилитетот на Европската Унија, но и на стратешката позиција на Бугарија во регионот. Како Влада покажавме дека знаеме да правиме компромиси таму каде што треба, ама за прашања за кои треба, знаеме да кажеме и не, изјави министерката Радмила Шекеринска во интервју за Утрински брифинг. Таа нагласи […]

Маричиќ: Добро е што се отвори дебата за декриминализација на марихуаната


Министерот за правда Бојан Маричиќ говорејќи на „Меѓународната конференција за модели на регулација на дроги“, во организација на Коалиција Маргини и ХОПС, кажа дека е добро што во земјава се отвори широка општествена дебата за декриминализацијата на марихуаната. Како што соопшти Министерството за правда, според Маричиќ квалитетното регулирањето на ова прашање, може да донесе повеќе […]

Од утревечер засилен северен ветер и пониски температури


Под влијание на продор на студена воздушна маса утре кон крајот на денот и во сабота ќе дува засилен северен ветер, а на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег, информира Управата за хидрометеролошки работи. Од сабота дневната температура значително ќе се намали, а од недела продолжува стабилното време со значително […]

(ВИДЕО) Ќе има кризна состојба, нема да има полициски час


Претседателот Стево Пендаровски, по седницата на Советот за безбедност, оцени дека состојбата со корона вирусот во земјата е сериозна, што ги тера да размислуваат и за нови мерки. Советот за безбедност затоа и предложи на Владата прогласување на 30 дневна кризна состојба на територијата на целата држава. Според Пендаровски, во моментов имаме кризна состојба на […]

Се уште не е дојдено времето за полициски час, вели Битиќи


Соодветно ќе одговориме со економски мерки доколку има потреба заради здравствената криза, вели вицепремиерот за економски прашања   Ставот на Владата е дека се уште не е дојдено времето за полициски час и дека  мерките кои се донесени од здравствен аспект даваат резултат, но  ја следиме здравствената состојба и по препораки од Комисијата за заразни […]