Силен ветер корнеше дрвја низ Битола
Силниот ветер што дуваше во текот на целата ноќ во Битола, корнеше дрвја во Градскиот парк и старата битолска касарна. Низ улиците летаа гранки, искинати кабли, а на булеварите има и превртени контејнери.
Ветрот беше со над 80 километри на час, а на моменти имаше и посилни удари, па битолчани ги остави без сон. (А.Б.)
