Сè повеќе заразени малолетници меѓу позитивните на КОВИД-19


Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, за периодот од 15 до 21 март, објавен вчера покажа дека бројот на новозаразени, починати и оздравени е зголемен во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.899 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 26,4 отсто во однос на минатата недела, соопшти вчера Министерството […]

Презентација на апликацијата „HealthBuddy+“ и панел на тема „Дезинформации и КОВИД-19“


Во организација на канцелариите на УНИЦЕФ, СЗО и на УСАИД, денеска во Скопје ќе се одржи  онлајн настан на кој ќе биде претставена мобилната апликација „HealthBuddy+“ и ќе се одржи панел дискусија на тема „Дезинформации и КОВИД-19“.  Како што најавуват организаторите, воведни обраќања на панел дискусијата ќе имаат министер за здравство Венко Филипче, претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани, претставничката на […]

Студено и ветровито со повремени слаби врнежи од снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито. Претпладне во северните и источните делови со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер, кој во источните делови и вдолж Повардарието ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а […]

Почнуваат подготовките за одбележување на 30-годишнината од независноста на државата


Владата на денешната седница донесе одлука да отпочнат подготовки за спроведување серија активности по повод 30-годишнината од независноста на Република Северна Македонија. Во насока на организирање на подготовките, согласно стандардите за одбележување значајни годишнини, ќе бидат формирани соодветни работни тела кои треба да ги обезбедат организацијата и спроведувањето на програмските активности за одбележување на 30-годишнината […]

Исплатата на мартовските пензии почнува на 29 март


Етапната исплата на мартовските пензии почнува од 29 март. Владата на 57-та седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за овој месец и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување најдоцна до 26 март да ги достави податоците за пензиите до деловните банки. Банките готовинската исплата на пензии ќе ја организираат во четири […]

Османи се сретна со Блинкен во Брисел


 Во рамките на Советот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. Тема на разговори беше стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД која претставува основа за долгорочно пријателство меѓу двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи.  На маргините на состанокот, министерот Османи оствари билатерална […]

Охрид, Струга и Поградец ќе се поврзуваат со редовна бродска линија


Охрид, Струга и Поградец ќе се поврзат со редовна бродска линија низ Охридското Езеро во рамки на програмата за прекугранична сработка на Република Северна Македонија и Република Албанија 2014-2020 година, преку Инструментот за претпристапна помош ИПА 2. Проектот „Охридско Езеро – премостување на две земји во една дестинација” го најави денеска Општина Струга, а целта, […]

Филипче: Платите во здравството постојано растат


Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук-профил напиша дека платите во здравството постојано растат и значително придонесуваат во растот на просечната плата. -Кумулативно, заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во месец февруари 2020 година, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40 отсто, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 проценти. […]

Повторно повеќе од 1.000 новозаболени, починаа 25 пациенти, најмладиот 29-годишен


Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.728 тестирања, а регистрирани се 1056 нови случаи на коронавирусот. Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 29 – 87 година, а оздравени 727  пациенти. Од новозаразените 1.056 во Скопје се 590, Битола – 57, […]

Нуркачи го чистеа езерото Матка


По повод Светскиот ден на водата – 22 март, денеска претставници на здружението Македонско-хрватско друштво (МХД) и на еколошкиот клуб „Пена“ го чистеа езерото и кањонот Матка. Од МХД соопштија дека и покрај лошите временски услови и непрегледноста во водата, предвидените еколошки активности се реализираа успешно, со околу 20 нуркачи од повеќе градови, кои го […]

Претреси во становите на Никола Груевски и Миле Јанакиески


Според она што го дознава „Слободен печат“ утрово бил вршен претрес во становите на Никола Груевски и Миле Јанакиески. Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за „Слободен печат“ потврди дека извршен е претрес на дополнителниот имот на експремиерот Груевски во Скопје, а во врска со предметот „Плацеви на Водно“. […]

„Порта Македонија“ веќе не е под заштита


Министерството за култура ја тргнало заштитата на „Порта Македонија“, со што се отвора можност за нејзино уривање. Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ вели дека со тргање на заштитата се отвора можност за тоа, но за тоа дали ќе се урива или не овој објект не одлучува Општината, туку инвеститорот, односно Министерството за култура. Оттаму  […]

Спортската сала во Ново Лисиче доби нова подлога и ЛЕД-светилки


Салата во спортскиот центар „Ново Лисиче“ доби нова ергономска подлога и нови штедливи ЛЕД-светилки. Новата подлога ќе придонесе за побезбедно спортување на граѓаните кои го користат спортскиот центар како место за тренинг и релаксација. „Спортот е еден од најважните фактори на нашето општество, а Аеродром гордо го носи епитетот – спортска општина. Ние како Општина […]

Маричиќ со еврокомесарката Јоурова разговараше за реформите во судството


Министерот за правда Бојан Маричиќ денес во Брисел се сретна со потпретседателката на Европската комисија за транспарентност и вредности Вера Јоурова. На средбата, како што соопштуваат од Министерството, се разговарало за реформите во Македонија со фокус на оние во правосудството, владеењето на правото, но и за европските интеграции на земјата. Маричиќ на средбата кажал дека […]

Градинката „Кукушка“ целосно обновена


Обезбедување современи, одржливи и квалитетни услови во детските градинки се врвни приоритети и заложби на Општина Центар. Изминатиот период целосно се реконструираше објектот „Кукушка“ – клон на градинката „13 Ноември“ и обезбедени се нови функционални и безбедни просторни услови за престој на децата. Обновени се детските занимални и внатрешниот ентериер, ходниците, ѕидните површини и поставен […]

Десетина вработени во гевгелиските градинки заболени од коронавирусот


Повторниот налет на коронавирусот во Гевгелија не ги одмина ниту вработените во ЈОУ ,,Детска радост“ во чии клонови низ општината има десетина воспитувачки и негувателки заболени од Кови д-19, потврди денеска директорката на установата, Елизабета Стојменова. -Поради ситуацијата во моментот згрижуваме 500 дечиња, меѓу кои за среќа немаме заболено ниту едно дете, но поради почитување […]

Лекар од Гостивар изготвувал лажни ПЦР тестови


Лекар од Гостивар изготвил и наплатил два лажни ПЦР тестови доби кривична пријава и е лишен од слобода. Од СВР Тетово информираа дека претпладнево Одделение за внатрешни работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против Е.М.(45) од гостиварско Чегране. За него полицијата има основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на […]

Уште 300 празни кревети за болни од Ковид-19, се лекуваат вкупно 1.392


На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1392 пациенти со Ковид-19. Има околу 300 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 70 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 569 лица сомнителни и […]

Истрага за загадувањето и угинувањето на жив свет во Дебарското Езеро


Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека на 20 март до надлежниот инспектор во Гостивар била доставена информација од полицијата за излевање на темна супстанца во Дебарско Езеро, која предизвика угинување на жив свет во езерските води. Со цел навремено обезбедување доказен материјал, Инспекторот дал насоки на полицијата за правилно земање на мостри од […]

Шаќири: Остануваме посветени на клучните реформи од Извештајот на ЕК


Владата останува посветена на спроведувањето на клучните реформи истакнати во Извештајот на Европската комисија за 2020 година и организирање ефикасен пристапен дијалог со Европската унија. Процесот на интеграција во ЕУ останува стратешки приоритет за развој, стабилност и просперитет на земјата и ние остануваме посветени на овој процес, истакна министерот за информатичко општество и администрација Јетон […]