Филипче: Новата регулатива на ЕУ за вакцините се однесува на механизмот на солидарност, не на директните разговори со компаниите


 Промените што  ги воведе Европската комисија во механизмот за извоз на вакцини кон трети земји не се однесуваат на нашите билатерални и директни разговори со компаниите, вклучувајќи ги и европските производители, изјави министерот за здравство Венко Филипче во врска со новата регулатива која денеска ја објави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, со што […]

МЗ: Во тек е седми оглас за издавање ординации за матичен лекар во Поликлиниката во Шуто Оризари


Министерството за здравство информира дека за Поликлиниката во населбата Шуто Оризари, која работи во склоп на Здравствениот дом Скопје, за период од пет години ( 2015-2020) има распишано шест огласи за издавање ординации по општа медицина за матични лекар и дека на ниту еден оглас досега се нема пријавено лекар за работа. -Во моментов во […]

Епидемијата не застанува: 1.347 нови случаи со Ковид-19, починати 17, најмладиот на 23 години


Нема никаков знак дека епидемијата на корона вирусот може да подзапре. денеска се регистрирани дури 1.347 нови случаи на Ковид-19. Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 4.096 тестирања, што значи дека процентот на позитивни примероци изнесува високи 32,8 отсто. Бројката на активни случаи се искачи на 16.030. Според градови: Скопје […]

Замена на постоечки и инсталирање нови инструменти на дел од мерните станици за квалитет на воздух


Министерството за животна средина и просторно планирање денеска соопшти дека до 9 април 2021 година ќе има прекини во работата на дел од станиците или на дел од инструментите од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот. Прекините што почнаа од вчера се поради замена на дел од постоечките инструменти за следење на концентрациите […]

Општина Аеродром со програмата „Замени“ ќе субвенционира нови фасади, прозорци, покриви за жителите


Општина Аеродром денеска ја презентираше програмата за енергетска ефикасност „Замени“ во рамките на Стратегиската платформа за локален економски развој 2021-2025 година „Аеродром – прва општина со европско знаменце“. На оваа тема на средбата со новинарите брифираа Александар Ѓоргиевски, раководител на Сектор за работи на градоначалник, Димитар Громбановски, менаџер за енергетски проекти на Општина Аеродром и […]

Џафери останува на ставот да се изгласа дневниот ред на 36. седница, па потоа приоритетните антикризни закони


 Претседателот на Собранието Талат Џафери засега останува на ставот дека пратениците треба најнапред да го изгласаат дневниот ред на 36. седница и притоа да се утврдат приоритетни точки за гласање, а не, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, да се одржи посебна седница на која би се изгласале одлуката за продолжување на кризната состојба на јужната и […]

Најстарото училиште во Кавадарци добива спортска сала


Развојот на физичкото образование и здравје на учениците е еднакво важно во процесот на образование како и сите останати аспекти на образовниот процес. Вложувањето во образовната инфраструктура и спортските сали е составен дел од реформите за унапредување на основното образование на кои интензивно работи МОН. „Инвестирањето во капиталните објекти, а тоа се инфраструктурата – училиштата […]

Маричиќ во Брисел: Ќе се дигитализираат над 100 судови во земјата


Реформите во правосудството биле во фокусот на разговорите што денеска во Брисел ги имал министерот за правда Бојан Маричиќ со европратеникот и претседавач на ЛИБЕ Комитетот, Хуан Фернардо Лопе Агулар и хрватскиот европратеник Тони Пицула. Маричиќ, како што соопшти ресорното Министерство, ги потенцирал реформите во судството и се осврнал на проектот за дигитализација на судовите […]

Стопанската комора на Србија обезбеди 10.000 вакцини за бизнисмени и вработени од Македонија


Стопанската комора на Србија (ПКС), во соработка со Владата на Србија, ќе обезбеди 10.000 вакцини за бизнисмени и вработени од регионот, меѓу кои и од Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Претседател на ПКС, Марко Чадеж, по средбата со министерката за здравство на Црна Гора, д-р Јелена Боровиниќ Бојиќ, изјави дека викендов во […]

Николовски: Продолжува борбата против корупцијата и криминалот, законот ќе важи за сите


Законот ќе важи за сите, борбата против корупцијата и криминалот, но и одговорноста за сите постапки ќе продолжи уште посилно и уште понеселективно, порача денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.  -Покажавме на дело дека нема недопирливи, дека законот важи за сите, дека сега сите се […]

Заев: Се чукате во гради за татковината, а не се попишувате


Нема да има одложување на пописот, изјави денеска премерот Заев апелирајќи сите граѓани да учествуваат во оваа статистичка операција и да ја исполат граѓанската обврска кон државата. Одложувањето рече, е беспредметно, затоа што, како што истакна, никој не може да гарантира дали наесен или следната пролет состојбата со пандемијата нема да биде иста како сега. […]

Македонија не е веќе изземена од контролата на извозот на вакцини од ЕУ


Европската Комисија денеска воведе неколку промени во својот механизам за авторизација на извоз на вакцини кон трети земји, за да има поголема транспарентност, но една од последиците е што земјите од Западниот Балкан нема повеќе да бидат изземени, вклучително и Северна Македонија. Овие промени следуваат откако ЕУ се соочи со бројни проблеми околу испораката на […]

Заев очекува масовната имунизација да почне кон крајот на месецов или почетокот на следниот


Премиерот Зоран Заев очекува кон крајот на месецов или почетокот на следниот да започне масовната имунизација во земјава. Кон крајот на месецов, како што денеска изјави, се очекуваат првите количини преку Ковакс системот, а следната недела и вторите дози од руската вакцина „Спутник“ со која се вакцинираат здравствените работници. На 30-ти овој месец во земјава […]

Утринските температури до сабота под нула


Утринските температури до сабота ќе бидат значително ниски за овој период од годината. Во следните два дена се очекува да бидат во интервал од -8 до -1 степен, а во сабота од -6 до нула степени. Веќе од недела, синоптичарите најавуваат позначителен пораст на утринските температури. 

Eромакс Ресоурцес го поддржува Граѓанскиот инспекциски совет како контролен механизам во заштитата на животната средина


Еуромакс Ресоурцес го поддржува формирањето на Граѓанскиот инспекциски совет како значаен контролен механизам за јакнење на улогата на надлежните државни институции за заштита на животната средина. Како инвеститор, целосно сме подготвени за соработка и активно ќе бидеме вклучени во унапредување на македонскиот граѓански сектор. Идејата за вклучување на граѓанскиот сектор во контролата на институциите за […]

РСБСП со апел до родителите: Користете детско седиште и ставајте им појас на децата


Статистиката покажува дека децата во сообраќајот најмногу страдаат како патници. Водејќи се од тоа, РСБСП потсетува за потребата и обврската за користење на детско седиште и сигурносен појас при превоз на деца во автомобил. – Секој родител, односно секој одговорен возач треба да преземе се што е во негова моќ да ги заштити децата од […]

Почнува летното сметање на времето


Летното сметање на времето ќе почне в недела, со тоа што часовникот ќе се помести еден час напред. Владата на вчерашната седница донесе одлука да се утврди летното сметање кое оваа година започнува на 28 март во 2 часот. Часовникот треба да се помести еден час напред. Стрелките на часовникот треба да се поместат за […]

Затворена за сообраќај делницата Лакавица-Неготино поради рехабилитација на мост


Од денеска целосно се затвора за сообраќај патниот правец Лакавица – Неготино поради рехабилитација на мост, соопшти Авто мото сојузот на Македонија, повикувајќи се на информација од Дтг Жикол Дооел Струмица. Оваа делница ќе биде затворена во времетраење од пет месеци. На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози и наместа со остатоци […]

Почитувањето на Протоколот ја гарантира безбедноста на пописот, порача ДЗС, Мицкоски повторно побара одложување


Пописот е статистичка операција во интерес на сите граѓани и не се прави ниту за Владата, ниту за некоја политичка партија, а Државниот завод за статистика гарантира за безбедноста на процесот и за почитувањето мерките содржани во Протоколот, со што никој нема да биде доведен во опасност. Со оваа порака вчера излезе првиот човек на […]