Собранието расправаше за цените за лекување ковид во приватните болници


 Собранието  дебатираше по повеќе предлог закони, меѓу кои за новото задолжување од 100 милиони евра наменети за финансирање на мали и средни претпријатија, законските измени за регулирање на цените за лекување во приватните болници и Предлог-законот за одлагање на обврската за плаќање данок како услов за добивање земјоделски субвенции. Заменик-претседателот на Собранието Горан Мисовски информираше […]

Филипче: На 14 мај ќе стигнат 38.400 вакцини од „Астра Зенека“, обезбедени преку Ковакс механизмот


Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот „Астра Зенека“, објави попладнево министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил . Вакцини, посочува министерот, ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период. […]

Од Ковид-19 починаа уште 26 лица, меѓу нив и тројца на возраст од 36, 40 и 41 години


Во последните 24 часа се направени 2.357 тестирања, а регистриран е 171 нов случај на Ковид-19 во: Скопје – 58, Куманово – 16, Битола и Радовиш – по 9, Виница – 8, Кочани и Кичево – по 7, Прилеп, Охрид и Штип – по 6, Велес и Струмица – по 5, Тетово, Гостивар и Ресен […]

ИЈЗ: Намалување од 37,2 отсто на нови случаи и намалување од 37,1 отсто на починати


 Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 03 до 09 мај 2021, тестирани се вкупно 15.781 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,4 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.304 нови позитивни случаи од 33 градови […]

Северна Македонија и Република Чешка ја зајакнуваат билатералната соработка во делот на одбраната


Северна Македонија и Чешката Република, двете сојузници во НАТО, ќе ја зајакнуваат билатералната соработка во делот на одбраната. Министерот за одбрана на Чешката Република Лубомир Метнар кој е прв министер за одбрана на НАТО кој е во официјална посета на Скопје  по нашето членство во Алијансата, подвлече дека Северна Македонија за Република Чешка е многу битен партнер […]

Унгарија донира вакцини за македонските полицајци


Утре, во работна посета на Македонија ќе претстојува Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Унгарија. Во рамките на еднодневната работа посета на министерот Сијарто од негова страна ќе биде предадена и донација на вакцини наменета за потребите на Министерството за внатрешни работи, соопштија од министерството за надворешни работи. На пречекот на аеродромската […]

Владата одлучи: Полициски од полноќ до 4 часот, ќе работат и теретаните


По препорака на Главниот кризен штаб, Владата денеска одлучи полициски час да има само четири часа во едно деноноќие, подоцна да работат кафулињата, да се отворат теретаните и фитнес центрите…   Посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз од 12 мај 2021 почнува од 24 часот до 4 часот наутро наредниот […]

Офицер од мисија во Африка со медицинска евакуација ќе биде донесен во Скопје


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска потврди дека офицер на Армијата на Северна Македонија кој учествува во Мисијата на ЕУ во Централно – Африканската Република (ЦАР) вечер треба да пристигне во Скопје со медицинска евакуација.  -Еден од нашите припадници на Армијата, потполковник кој учествува во европската мисија во Централно – Африканската Република, минатата недела беше тестиран […]

Повик за иницирање развојни проекти во Општина Аеродром


Општина Аеродром со јавен оглас вчера ги повика малите и средните претпријатија во и надвор од општината на соработка со цел да се обезбеди поддршка за оние што сакаат да развијат успешен проект, нов или подобрен производ, процес или услуга за жителите на Општина Аеродром.  Право на учество имаат сите субјекти со свои проекти или […]

Метнар: Ја поддржуваме ЕУ-интеграцијата на Северна Македонија, не ги споделуваме идеите за историската позиција на Бугарија


Чешката Република ја поддржува евроинтеграцијата на Северна Македонија. Не ги споделувам идеите за историската позиција на Бугарија. Посакувам што е можно побрз влез на Северна Македонија во ЕУ, изјави денеска министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар на заедничка прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин министерката за одбрана Радмила Шекеринска.   -Чешката Република  го поддржува […]

„Учебници и настава мора да има“ во сабота на марш во Скопје и мирни протести низ другите градови


Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ во сабота ќе одржи марш во Скопје и мирни протести низ другите градови, најавија денеска на прес-конференција која се одржа пред Министерството за образование и наука. Преку тоа тие ќе ја покренат иницијативата за стопирање на донесувањето на Законот за учебници и други наставни и дидактички материјали […]

Од 18 до 22 мај ќе се собира кабаст отпад во Општина Центар


Од 18 до 22 мај, Општина Центар се приклучува на акцијата на ЈП „Комунална Хигиена Скопје“, за собирање на кабаст отпад во општината. Садовите за собирање на кабастиот отпад ќе бидат поставени на следните четири локации: Паркингот на ЈП „ПОЦ“ спроти Веро Џамбо (Пролет) 2. Ул. Питу Гули, кај маркетот „Тинекс“ (Водно) 3. Чистинката кај […]

На инфективните одделенија се лекуваат вкупно 701 пациенти


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 45 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во […]

До петок сончево и топло време, а од сабота врнежливо


До петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, додека од сабота се очекува влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава, соопшти УХМР. Минималната температура ќе се движи од 6 до 13, додека максималните од 19 до 25 степени. Утре попладне претежно во северните делови времето ќе […]

МЗ: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини


Министерството за здравство информира дека во државата вкупно се аплицирани 145.043 дози вакцини, од нив 121.181 граѓани се вакцинирани со прва доза, а ревакцинирани се 23.862 граѓани. – Прва доза вакцина вчера примиле 13.076 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.033 граѓани. Со последните бројки 35 отсто од населението над 70 години имаат примено барем […]

Во болниците се лекуваат 701 пациент со Ковид, околу 100 празни кревети во ковид-центрите


Министерството за здравство информира дека на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат 701 пациент и има околу 1000 празни болнички кревети во ковид-центрите. Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 289 лица сомнителни и потврдени за Ковид […]

Барањата на „Правда за штедачи“ сè поапсурдни – од Заев бараат да го разреши Бесими за искажан став


Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи” на 7 мај до премиерот поднело барање за разрешување на министерот за финансии Фатмир Бесими. – Барањето за разрешување на министерот е поднесено по повод постапката пред Уставен суд за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, […]

Младите против радикализацијата во општеството


Неколку граѓански организации иницираат создавање платформа каде што преку едукација на младите ќе се работи на превенција од појава на радикализација. Оваа активност е главна цел на тригодишниот проект „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација – (Младите против насилство)”, предводен од Иницијатива за Европска перспектива (ИЕП), во партнерство со организациите Нексус […]

Амбасадорката Брнз и генерал Ѓурчиновски на „Trojan Footprint 21“ на Криволак


Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и амбасадорката на САД во Скопје, Мери Брнз, денеска на армискиот полигон „Криволак“ ќе проследат дел од завршните активности на вежбата „Trojan Footprint 21“ во која учествуваат специјалните сили на армиите на Република Северна Македонија и на САД. На денешните активности припадници од баталјонот за специјални сили и специјалните […]

КПТ со критики за затворските услови во Македонија


Комитетот за спречување на тортура и нехуман или понижувачки третман или казни (КПТ), денеска во Стразбур по добиеното одобрување од македонските власти го објави извештајот за 5-та периодична посета на Северна Македонија, заедно со одговорот на властите на земјата. При посетатата е утврдено дека полициската бруталност е во пораст и дека властите не успеаја да […]