Лукаревска од Крушево: ВМРО-ДПМНЕ е во бунило и се подготвува за пораз
„СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда и затоа со Томе Христовски ќе победиме во Крушево“, изјави заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на партиската трибина. Таа потсети дека програмите за претстојните локални избори, СДСМ ги пишува заедно со граѓаните, слушајќи ги нивните предлози, преку трибините и маалските средби.
„Од друга страна, нашите политички опоненти како сѐ уште да се во некое бунило. Извадија само еден кандидат и се подготвуваат за повторен пораз. Да не заборавиме дека во 2017 година ни ги оставија општините со големи долгови. На следните локални избори не смееме да дозволиме да се вратиме на расипничкото работење на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Лукаревска.
Таа додаде дека „работата е кристално јасна во Крушево“, односно дека социјалдемократите ќе победат на локалните избори, а тоа го покажувале и статистиките и споредбените анализи.